Свет
WikiLeaks ги објави списокот на најважните природни ресурси во светот според САД
(проширено) Wikileaks го објави списокот на главните инфраструктурни и природни ресурси во САД и во светот, направен во февруари 2009 г., од минситерството за национална безбедност на САД, на кој се присутни и голем број објекти и ресурси на териториите на супер силите како што е Русија, Кина
Официјален Вашингтон, во понеделникот соопшти дека овие информации може да се искористат од страна на терористите, но Wikileaks изјави дека тие не ги презентираа прецизните локации или други детали за споманитет објекти и инфраструктура.Целта на списокот, како што е наведено во забележката од овој таен документ била „интегрирање на системот на заштита на важната инфраструктура и клучните ресурси во единствената национална програма“ со цел да се спречат можни терористички напади врз определените објекти.Во објавената од страна на Wikileaks , забележливо е што на списокот не влегуваат толкуи стратешки објекти на територијата на САД, туку повеќе такви објекти и ресурси коишто се наоѓаат на териториите на другите земји.Според експертите на американското министерство за национална безбедност меѓу најважните објекти на територијата на Русија се нафтоводот „Дружба“, Новорускиот извозен терминал, , нафтеното пристаниште Приморск, делот од гасоводот во реонот на градот Надим и некои рудници на ураниум и никел рудникот, чијашто локацијата не е наведена.Шемата на Wikileaks, итнернет страницата којашто се прочу по својат специјализиранаост за објавување тајни документи, вклучувајќи ја и тајната документација на повеќето министерства и оддели на американската администрација, од минатиот понеделник повторно е во центарот на вниманието по почетокот на објавувањето официјални документи и преписки на американски дипломати. Според администрацијата на сајт, документи во голема мера откриваат дека многу земји ја имаат намалено довербата во САД како дипломатски партнер.Белата куќа ја изрази својата крајна загриженост во врска со неовластеното објавување на официјалните документи, тврдејќи дека со тоа се загрозени правата и животите на луѓето чии имиња се појавуваат во публикациите.Англискиот информативен сервис BBC наведува дека во документите објавени на Wikileaks локаците Девон и Корнвол се наведени како „витални за американската безбедност”. Стејт Департментот на САД во февруари 2009 г. ги задолжува сите американски мисии во странство да ги набројат сите инсталации, инфраструктурата и објектите чие оштетување или друг начин на сибверзивно дејствување врз нив има важно влијание врз американската национална безбедност. На листата се нафтоводи, гасоводи, комуникациски јазли и транспорт центри, наведува BBC.Во Британија на листата објекти се движи од Корнвол во Шкотска, вклучувајќи ги и клучните сателитски комуникации сајтови и местата каде што минуваат транс-атлантската кабли.Капацитети во сопственост на BAE Systems во областа Саутвеј кај Плимут, исто така се вклучени во листата. Како што забележува британската мрежа, голем број од концернот BAE се вклучени во заеднички програми за вооружување со Американците.Во Корнвол, наведени се сателитските објекти во Гунхили Даунс, а се споменуваат и два подморскиот кабли кај Буд.На листа на интересите на американската администрација е и кинескто пристаниште Нингбо во југо-источна Кина. Долгаат листа на клучни објекти во целиот свет што во САД ја опишале како од витално значење за нејзината национална безбедност вклучува и објекти и фирми како што се рудник на кобалт во Конго, фабрика за противотрови за змии во Австралија, фабрика за инсулин во Данска. Во еден од документите се споменува и наводна изјава на австралискиот министер за надворешни работи, Кевин Руд, дека премиерот наводно изјавил на ручекот со американската државна секретарка Хилари Клинтон дека Западот треба да биде подготвен да употреби сила против Кина „ако нештата тргнат на лошо“.Во врска со Катар како стратешко значење се наведува емитувањето на телевизијата Ал Џезира и можноста следната година египетскиот претседател Хосни Мубарак се согласи да направи „траен договор за Палестинците“.Клинтон како што претходно беше објавено ги критикувала како недоволни напорите на Саудиска Арабија, Катар, ОАЕ и Кувајт, да ги спречат финасирањата на милитантните групи, а саудиските донатори ги означува како „најзначаен извор на финансирање на сунитските терористички групи ширум светот“. Како пример, се наведува дека наводниот организатор на нападите во ноември 2008 г. во идниската финансиска престолнина Мумбаи, Заки-ур-Реман Лакхви, бил финасиран преку овие донации заедно со основачот на групата, Хафиз Саид Географскиот опсег на документот за инсталации е извонредна. Светските аналитичари забележуваат дека очигледно САД се гледаат себеси како лидер во водењето на „глобалната војна против тероризмот”, а овие документи претставуваат глобален список за клучните инсталации и објекти, многу од нив медицински или индустриски објекти, коишто од некои причини Вашингтон ги смета дека имаат за него витално занчењепретставува глобален директориум за клучните инсталации и објекти – многу од нив медицински или индустриски – тоа се гледа како од витално значење за Вашингтон.Во некои случаи, одредени фармацевтски фабрики или тие што произведуваат крвни продукти се означени дека се од суштинско значење во глобалниот ланец на набавка за САД. Се разбира, критичкото прашање е она што се содржи во заглавието на весникот Times е „Дали е ова навистина листата на потенцијални цели кои може да бидат цели на терористите?“Мрежата стратешки објекти и интереси содржи едноставни описи. Во многу случаи градови се забележани само како локација, но не и вистински адреси на посочените субјекти. Тоа, се разбира, нема да го попречи некој со пристап до интернет. Меѓутоа овој список, како што наведуваат аналитичарите, може да ги поттикне потенцијалните напаѓачи да добијат поширок спектар на цели, особено поради тоа што властите на САД ги класифицирале како толку важни за нив.Исто така противниците на Wikileaks тврдат дека со ова обајвување се доведуваат во оапсност многу компании и луѓе, а објавувањето на овие документи го коментираат како неодговорно и на границата од криминално дејствие, како што вели поранешниот британски министер за надворешни работи сер Малком Рифкинд. „Ова се вид информации за кои се заинтересирани терористите“.Но авокатот на Wikileaks, Марк Стивенс повторно негираше дека страницата ги ставила во ризик објектите и луѓето. „Не мислам дека има нешто ново во тоа“, изјави тој за BBC.„Она што мислам дека е ново, е фактот дека тие се објавени од страна на Wikileaks и се разбира го имаме факторот Wikileaks, би
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Опасноста од пожар и понатаму е на критично ниво во Калифорнија, наредена е евакуација: „Изгледаше како да возиме во пеколот“
Опасноста од пожар и понатаму е на критично ниво во Јужна Калифорнија, каде што илјадници жители добија наредба да се евакуираат поради пожарот што останува надвор од контрола во близина на Кастаик во северниот дел на округот Лос Анџелес.
Пожарот што ги зафати окрузите Лос Анџелес и Вентура изгоре повеќе од 9.000 хектари и е 0% локализиран, изјави началникот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, Ентони Мароне. Нема информации дека било оштетени згради, рече Мароне на прес-конференција.
Кастаик се наоѓа на околу 25 километри северозападно од градот Санта Кларита и се граничи со Националната шума Анџелес. Од 31.000 жители на градот, 23.000 добиле наредба за евакуација, според шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна.
#hughesfire has reached Castaic proper. pic.twitter.com/ASFq3b91SZ
— BD Photography (@BDP_473) January 22, 2025
„Имаме повеќе од 4.000 пожарникари назначени за овој инцидент“, рече Мароне. „Ситуацијата останува динамична, а пожарот и понатаму е тешко да се контролира, иако ние имаме предност“, додаде тој.
Националната метеоролошка служба го продолжи предупредувањето до утре наутро за повеќето окрузи Лос Анџелес и Вентура, а умерениот ветер продолжува да дува низ областа, рече Мароне.
Пожарот Хјуз избувна вчера во близина на езерото Кастаик, северно од каде противпожарните екипи работат на целосно гаснење на пожарите Палисадес и Итон кои изгореа повеќе од 40.000 хектари и оставија 28 мртви од избувнувањето на 7 јануари.
The view of the Hughes Fire from Castaic is apocalyptic pic.twitter.com/yheJyfFKxs
— Kevin Dalton (@TheKevinDalton) January 23, 2025
„Условите во кои се наоѓаме не се толку тешки како оние со кои се соочувавме минатата недела или две, но она што го видовте (вчера) е показател за условите во кои се наоѓаме, во однос на вегетацијата“, рече Роберт Гарсија, началникот на пожарникарската национална шума Анџелес.
Областа каде гори пожарот е позната по своите суви, тревни ридови, додаваат пожарникарите, што ги прави условите за пожар таму „критични“, рече Гарсија.
Новиот пожар избувна северно од два големи пожари кои се уште се активни и уништиja повеќе населби претходно овој месец.
🚨 UPDATE: The new Los Angeles Hughes Fire is now 5000+ acres with zero containment. Powerful winds creating fire tornados. pic.twitter.com/p5rIiEBpm5
— Autism Capital 🧩 (@AutismCapital) January 22, 2025
Два други пожари избувнаа на југ, во близина на Сан Диего и Оушансајд, соопштија официјални лица. И двaтa се со помал обем, но ги зафатија населените области. Пожарникарите успеаја да ги стават под контрола и двата пожари, наредбите за евакуација главно беа укинати, а натамошното ширење на огнот беше запрено.
Во округот Лос Анџелес, локалните медиуми ги прикажаа жителите во Хјуз како прскаат со вода нивните домови и дворови и оние кои решиле да се евакуираат.
🚨 Breaking: #HughesFire Castaic lake Santa Clarita California Los Angeles LA California SOCAL has grown 50x its size in 2 hours. This is a very very dire situation!
Now over 5,000 acres!
The California Department of Forestry and Fire Protection says the fire is moving with a… pic.twitter.com/TmCOhhvvzF— SyeClops (@SyeClops) January 22, 2025
Регионот повторно е под црвен аларм, што укажува на висок ризик од пожар поради силните ветрови и сувите услови со ниско ниво на влажност.
Една жена која го евакуирала својот дом изјавила за NBC 4 дека била заглавена на автопатот што минува низ областа и ги поврзува северна и јужна Калифорнија.
„Изгледаше како облак, но кога се приближив, изгледаше како да возиме во пеколот“, рече таа за темниот чад и црвениот пламен што ги виде. „Беше прилично страшно, да бидам искренa“.
Европа
Писториус: Русија може да ги нападне членките на НАТО во рок од пет години
Борис Писториус предупреди на теоретска закана од руски напад врз земјите на НАТО во 2029/2030 година. Според него, дотогаш Русија би можела да ја зголеми својата војска на 1,5 милиони војници.
„Со оглед на растот на руската армија, постои теоретска можност Русија да се обиде да ги нападне земјите на НАТО во 2029-2030 година. Затоа е особено важно дотогаш да се обезбедат одбранбените способности на Алијансата“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус, како што објави Украинска Правда.
Според Борис Писториус, воени експерти внимателно ја следат ситуацијата во Русија.
„Воените експерти многу внимателно ги следат настаните во Русија. Воената индустрија таму значително се развива, произведувајќи голем број тенкови и авиони, што значи дека руските вооружени сили значително растат. До 2026 година нивниот број може да се зголеми на 1,5 милиони војници “, рече Писториус.
Тој истакна дека воените експерти веруваат дека „Путин би можел да ги реорганизира своите вооружени сили до 2029/2030 година за да создаде соодветни услови за можен теоретски напад врз други земји“, вклучително и земјите од НАТО.
„Затоа, ние мораме дотогаш да ја обезбедиме нашата одбранбена способност. Оваа задача, се разбира, бара и време и пари, но ние сме посветени на оваа цел“, нагласи тој.
Свет
Јужнокорејските истражители бараат од обвинителите да го обвинат Јун за бунт
Антикорупциската агенција на Јужна Кореја побара од обвинителите во вторникот да го обвинат претседателот Јун Сук-Јол за бунт и злоупотреба на власта поради неговото краткотрајно прогласување на воена состојба.
Канцеларијата за истраги за корупција за високи функционери (ЦИО) соопшти дека ќе побара од обвинителите да поднесат обвинение против Јун дека бил водач на бунт, злоупотреба на власта и попречување на другите да ги користат нивните права. Според законот, ЦИО има само истражни овластувања и мора да ги упатува случаите до обвинителите за кривично гонење.
Јун е во затвор од минатата недела, а инспекторите го испрашуваа неговиот обид да воведе воена состојба на 3 декември, потег што ја шокираше нацијата и пошироко, иако парламентот го отфрли за неколку часа.
ЦИО беше основан во 2021 година како независна агенција за борба против поткуп за истрага на високи функционери, вклучително и претседателот и членовите на неговото семејство, и е дел од тимот што ги вклучува полицијата и Министерството за одбрана, додека обвинителите спроведуваат сопствена истрага .