Македонија
Скопјани ќе го следат загадувањето на воздухот во градот
На улица Македонија денеска беше поставен првиот дисплеј за мерење на амбиентниот воздух во градот на кој граѓаните ќе се информираат за квалитетот на воздухот во Скопје.Дисплејот е автоматски портабл кој што врши мерење на загадувачките материи во воздухот: јаглеродмоноксид, сулфурдиоксид, азотни оксиди и партикуларни честички помали од 10 микрометри, како и на метеоролошките параметри, температура на воздухот, брзина и правец на ветерот и влажноста на воздухот„Одлучено е да се постави овде пред се заради тоа што е пристапно за голем број граѓани што можат да го видат заради презентирање на податоците. Поставувањето на инструментот на некоја сообраќајница би претставувало само индикативно мерење и состојба на самата сообраќајница. Тоа не претставува квалитет на амбиентниот воздух во градот. Квалитетот на воздухот се мери подалеку од сообраќајница. Овде загадувањето доаѓа од двете сообраќајници од двете стани на улица Македонија, така да овој инструмент ги собира сите загадувачки материи кои се разнесуваат во воздухот, а тоа е она што го дишеме“ – рече Лилјана Манчевска од секторот за животна средина во градската управа.Сите овие податоци ќе бидат прикажани и текстуално и во боја, а ќе можат да се прочитаат и на веб страницата на Град Скопје.„Планираме вакви мерни инструменти да поставиме во сите општини Чаир или Бутел во Карпош, Ѓорче Петров и Гази Баба и со оваа мрежа би имале целосна слика за амбиентниот воздух во градот. Ќе имаме можност да видиме каква е состојбата со воздухот во цело Скопје и за тоа кои мерки ќе треба да ги преземеме за да може да го подобриме амбиентниот воздух во градот“ – рече градоначалникот Коце Трајановски на денешната презентација.Инструментот ќе го покажува и загадувањето во секој период од денот. Инструментот е набавен по пат на јавна набавка од фирмата Фармахем и чини околу пет милиони денари.На новинарско прашање дали градоначалникот се чувствува непријатно што ќе вози скап службен автомобилите, Трајановски рече дека не се работи за полуксузен автомобил од тие што градот веќе ги има.„Градот моментално има два мерцедеса С класа кои се набавени пред 15 години. Тие два мерцедеси се со подобра опрема од мерцедесот кој што беше на јавна набавка. Неговата вистинска вредност не е 80 000 евра, туку 105 000 евра, тоа е попуст од 25 до 30 отсто. Иста класа е со постојните со тоа што има помалку опрема, а седиштата се од текстил“ – рече Трајановски. крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тероризмот е закана која бара одлучен, заеднички и координиран одговор: Пратеничка група на Собранието со израелската амбасадорка
Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на државата Израел оствари средба со израелската амбасадорка Вивиен Ајзен и Амира Халперин, виш научен соработник за БИКОМ.
Претседателката на пратеничката група, Рашела Мизрахи, истакна дека средбата е уште една потврда за силните и пријателски односи со Израел, уште од воспоставувањето на дипломатските односи во 1995 година.
Израел е клучен партнер на НАТО преку Медитеранскиот дијалог, и овие мултилатерални канали се важна платформа за размена на информации и заедничко дејствување против тероризмот. Потенцијалот во продлабочувањето на соработката со Израел токму во областа на безбедноста и борбата против тероризмот, е огромен и високо се цени врвната експертиза и напредната технологија што Државата Израел ги поседува во безбедносните области.
„Живееме во време на исклучително сложени глобални безбедносни предизвици. Радикализмот, насилниот екстремизам и тероризмот се закани кои не познаваат граници и бараат одлучен, заеднички и координиран одговор. Иако Собранието е институција која не типично асоцира на дискусии околу безбедносни прашања, сепак верувам дека токму во овој дом треба да се креираат политиките за безбедносниот систем на државата“ – истакна Мизрахи.
Во фокусот на средбата беше презентацијата на Халперин за терористичките закани во Велика Британија и неуспехот на политиките во борбата против тероризмот. Таа зборуваше за глобалните закани од тероризам, за терористичките групи кои дејствуваат глобално, како Хамас, ИСИС, Ал Каеда, за нивното влијание и продор во повеќе сектори, за поддршката од студенти и професори на многу универзитети.
Амбасадорката Ајзен и Халперин ставија акцент на антисемитизмот и во тој контекст беше нагласена скапата пропаганда и важноста од подигањето на општествената свест, потребата од едукација и меѓусебна соработка во борбата против тероризмот
Од присутните беше изразено разбирање за виталните интереси на Израел и неговото право на самоодбрана од терористички закани, што беше недвосмислено изразено и преку осудата на нападите на Хамас од 7 октомври 2023 година.
Македонија
Општина Илинден: Се гради нов плочест мост и сервисна улица во Марино
Интензивно се вршат градежните активности на терен за реализација на проектот за изградба на нов плочест мост и сервисна улица „500“ во населеното место Марино, соопштија од Општината Илинден.
Со проектот, како што појаснуваат, ќе се реализира изградба на нов плочест мост со коловоз широк 6 метри и тротоари од по 1,5 метар од двете страни, со што ќе се обезбеди безбедно и непречено движење на пешаците и возилата. „Покрај мостот, интензивно се работи на терен и изградбата на новата сервисна улица во должина од 260 метри, со коловоз широк 5,5 метри и тротоари со широчина од 1,5 метри од двете страни на улицата.
Дополнително, во рамки на проектот се поставува и систем за собирање и одведување на фекални отпадни води, односно фекална канализација за објектите што гравитираат кон оваа улица – што претставува значаен придонес кон подобрување на инфраструктурата и условите за живот во овој дел од општината“.
Увид во градежните работи изврши градоначалникот на општината Алекснадар Георгиевски, кој истакна дека ова е еден од ветените проекти кој го бараа граѓаните. Изградбата на новиот мост и улицата ќе направи спојување на веќе изградената улица „119“ во населбата Јака, со што оваа населба со над 330 домаќинства ќе се поврзе со централниот дел на општина Илинден, односно со н.м Марино. Исто така, значително ќе се подобри и сообраќајната поврзаност, како и квалитот на живот на граѓаните. Средствата за реализација на овие проекти се 70% финансирани од Владата на РМ, а 30% од Буџетот на Општина Илинден.
Македонија
„Заштитата на Преспанското Езеро треба да биде највисок приоритет“: Сиљановска-Давкова во посета на Ресен
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска е во работна посета на Општина Ресен. Во рамки на посетата, таа оствари средби со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и со граѓаните на Ресен.
Тие ја запознаа со локалните проблеми, а особено беше нагласено прашањето за миграцијата и одливот на младите од Ресен и Преспанскиот регион. Се акцентираше и важноста на проектот „ЕУ за Преспа“, преку кој се вложуваат значителни средства за развој на Ресен, една од општините којашто има најголем бенефит од европските фондови.
Во непосредниот разговор со граѓаните, Сиљановска-Давкова ги сослуша забелешките и предлозите за секојдневните економски, инфраструктурни и социјални прашања, потенцирајќи дека активниот дијалог со граѓаните претставува темел на одговорното и транспарентно владеење.
Претседателката ќе посети и неколку културни институции, како и производствениот погон Свисслион Агроплод – Ресен. Со тоа се нагласува значењето на културната традиција и поттикнувањето на економската активност како двигател на локалниот развој.
Попладневниот дел е посветен на дебата со претставници на невладини организации, на локални и национални институции, со фокус на еколошките предизвици и зачувувањето на Преспанското Езеро како природно и национално богатство.

