Економија
МБПР одбра седум банки преку кои ќе ги дели кредитите на ЕИБ
Комерцијална, Стопанска банка Битола, Стопанска, Охридска, Прокредит, НЛБ Тутунска и Инвестбанка се избрани за банки преку кои МБПР одлучи да ја дели кредитната линија на ЕИБ во вредност од 100 милиони евра со каматна стапка од 6 отсто
Банките ќе почнат да ги примаат апликациите од компаниите откако ќе ги потпишат договорите со Македонска банка за подршка и развој (МБПР). Од вкупната кредитна поддршка за микро, мали и средни претпријатија банките ќе треба да учествуваат со дополнителни средства. Детали околу процедурата за аплицирање и добивање средства од ова кредитна линија ќе се знаат откако банките ќе ги разгледаат догoворите но сигурно е дека нивното одобрување ќе мора да помине неколку инстанци додека да стигнат до крајните корисници.Предвидени се две програми, за инвестициони кредити и за кредити за трајни обртни средства.За првата програма, микропретпријатијата ќе може да бараат кредит до 20.000 евра. Малите претпријатија ќе можат да бараат до 150.000 евра, а средните до 750.000 евра. Каматната стапка за крајните корисници ќе изнесува до 6% годишно, а рокот на отплата до 5 години и грејс-период до една година. Фирмите ќе може да бараат и заем за купување материјални средства, како недвижен имот, но не и земјиште, опрема и обртни средства. Проектите може да се однесуваат и за вложувања во нематеријални средства, развој, планирање и финансирање во фаза на конструкција, како и трошоци за плати и останато поврзано со фазата на истражување и развој.За програмата за трајни обртни средства, микропретпријатијата ќе конкурираат за износ до 10.000 евра, малите претпријатија до 70.000 евра, а средните до 200.000 евра. Каматната стапка е до 6%, рокот на отплата минимум две, а максимум три години, со вклучен грејс-период до шест месеци.Нема да се финансираат проекти за производство на оружје, игри на среќа, производство на тутун, активности поврзани со живи животни, активности кои имаат влијание на екологијата, клонирање, активности од областа на трговија со недвижен имот, проекти со пресметковна вредност поголема од 25 милиони евра, проекти што се однесуваат на финансирање бензински пумпи, автосалони и трговија.Услов е микрофирмите да имаат годишен обрт од 50 илјади евра и пет постојани вработени. Малите фирми да имаат обрт од 200 илјади евра до 50 вработени, а средните претпријатија со исто толкав годишен обрт и од 51 до 250 постојано вработени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

