Економија
АЕК: Пазарот на електронски комуникации забележува континуиран раст

Приходите на пазарот на електронски комуникации од година во година бележи значителен раст во сите сегменти освен во фиксната телефонија
Најголем дел од вкупните приходи отпаѓа на мобилната телефонија 58 отсто, фиксната телефонија учествува со 32 отсто, интернет услугите со 8 отсто, а најмал дел 2 отсто има преносот на радио телевизиска програма до крајните корисници. На пазарот за фиксна телефонија во Македонија во првото тримесечје од годинава активни се шест оператори, на пазарот за мобилна телефонија три, како и 70 кабелски оператори, 52 итернет провајдери и 42 даватели на јавно достапни телефонски услуги на фиксна локација (ВОИП.Тоа се наведува во Извештајот за развојот на пазарот за електронски комуникации во Македонија за првиот квартал од годинава што денеска го објави Агенцијата за електронски комуникации.Кај фиксната телефонија утврден е значителен процент на опаѓање на фиксните линии во однос на првиот квартал од 2008 г. од 399.975 линии на 375.461. Тоа не се однесува на деловните линии во фиксната телефонија кои од квартал во квартал, одат во нагорна линија, од 37.057 на 41.535 крајни корисници.Според уделот на пазарот на фиксната телефонија, Македонски Телеком бележи пад од 95,49 отсто во првиот квартал од 2008 г. на 88,81отсто во првиот квартал оваа година на сметка на учеството на алтернативните оператори чиј удел расте и во овој квартал изнесува 11,19 отсто.Учеството на операторот Македонски телеком постојано се намалува, меѓутоа неговото учество е се уште значително големо. Во однос на интернет услугите, односно пристапот до интернет бројот на резиденцијални претплатници кои што користат теснопојасен пристап на интернет континуирано опаѓа од 9.412 на 4.483 за анализираниот период. Тој тренд е присутен и кај деловните претплатници. Преку мобилна телефонија, пак, теснопојасен пристап на интернет во првиот квартал годинава користат 177.967 резиденцијални и 50.392 деловни претплатници. Наспроти ова, континуирано се зголемува бројката на корисници на широкопојасен пристап на интернет и кај резиденцијалните и кај деловните претплатници.Во константен раст е и пазарот на мобина телефонија каде постојано се зголемува бројот на претплатници. Во моментов во Македонија има 2.299.068 активни претплатници на мобилна телефонија.Забележана е и тенденција на намалување на при пејд корисницитре за сметка на порастот на пост пејт претплатници, што се должи на корпоративните стратегии на мобилните оператори да се прилагодуваат на потребите и желбите на крајните корисници.Од трите оператори во мобилната телефонија Т-Мобиле бележи незначително опаѓање во вкупниот удел на пазарот, од 61,03 осто во првиот квартал 2008 г. на 58,83 отсто од првиот квартал оваа година. Космофон има пораст на уделот од еден процентуален поен и изнесува 31,91 отсто, а учеството на ВИП од 8,15 отсто во првиот квартал лани во првите три месеци од годинава бил 9,26 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.