Свет
Нетанјаху и Абас ја потврдиле заедничката цел – две држави за двата народа
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Барак Обама, за Блискиот исток, изјави дека израелскиот премеир Нетанјаху и палестинскиот претседател Абас го завршиле продуктивно првиот круг од директните преговори, на коj се договориле за интензивирање на нивните средби и разговори за мир
Мичел исто така додал дека Нетанјаху и Абас се согласиле на рок од една година да го постигнат крајниoт договор. Поранешниот сенатор Џорџ Мичел изјавил за новинарите дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас се согласиле да се сретнат на втор круг од преговорите на 14 и 15 септември на Блискиот исток и да продолжат да се среќаваат на секои две седмици. Мичел додал и дека двајцата државници ги осудиле убиsтвата на недолжни цивили.Првиот круг од преговорите почна денеска околу 12.40 по локално време со директна средба на Абас и Нетанјаху. Средбата беше без советници и преведувачи. Таа следуваше по тристраната средба од 35 минути на која учествуваше и американската државна секретарка на САД, Хилари Клинтон. Потоа неколку советници од двете страни се вклучиле во дискусијата околу 45 минути, пренесува Reuters.Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и специјалниот пратеник на Обама за Блискиот исток, Џорџ Мичел ќе учествуваат во израелско-палестинските преговори на 14 и 15 септември. Според Мичел, не е донесено решение за местото на преговори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

