Економија
Германската економија со раст од два отсто за 2011

Економскиот раст на Германија ќе биде два отсто во 2011 година и 1,5 отсто во 2012 година, прогнозира Бундесбанк, а пренесува Франс прес. За оваа година се очекува подем на економијата од 3,6 проценти.
Основен двигател на растот ќе биде извозот, но внатрешна трговија ќе влијае на домашната побарувачка, посочува германската централна банка.
Инвестициите во опрема и изградба ќе имаат корист од ниските каматни стапки, додека потрошувачката на домаќинствата ќе се подобри од зајакнувањето на пазарот на трудот и зголемувањето на платите.
Во 2012 година се очекува стапката на невработеност да се намали под три милиони луѓе, а процентот на невработеноста да се намали од 7,5 проценти колку што е во моментов на 6,9 отсто.
Последните проекции на Бундесбанк имаат мала разлика со очекувањата на Европската комисија, која на почетокот на неделава најави дека очекува оваа година германската економија да се зголеми за 3,7 проценти, 2,2 проценти за идната година и за два проценти во 2012 година.
Владата од своја страна прогнозира раст од 3,4 проценти во 2010 година и 1,8 отсто во 2011 година. /крај/ецон.њуз/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Одмор од соништата со туристички кредит без камати и трошоци

Дали ви треба туристички кредит за патување до Грција, Италија, Малта или можеби пак егзотична дестинација како Малдиви? Со Mint Credit, повеќе нема потреба да го одложувате одморот од соништата поради недостиг на средства.
Ние Ви овозможуваме да патувате веднаш, а да платите подоцна, до дванаесет месечни рати без камата и трошоци преку Mint App.
Туристичкиот кредит е идеалното решение за незаборавно патување кога финансиите не ви одат во прилог или сакате одложено плаќање за Вашето патување.
Што е туристички кредит?
Туристичкиот кредит е безкаматен потрошувачки кредит наменет за покривање на трошоци поврзани со патувања. Ова вклучува патнички трошоци како што се:
· Туристички аранжмани (ЈК Travel и Mint Travel)
· Хотелски сместувања
· Авионски билети · Патничко осигурување (Mint Ins)
Со други зборови сè што Ви треба за незаборавно искуство – без веднаш да ги почувствувате трошоците, без камати и други трошоци.
Зошто туристички кредит преку Mint Credit?
Понекогаш животот нè става во ситуација кога имаме желба, можност за патување – но не и веднаш достапни финансии. Токму затоа е наменет туристичкиот кредит од Mint Credit: безкаматен, брз и без непотребни компликации.
Повеќе не мора да правите компромис со одморот или да одложувате за “неопределено”. Сега можете:
· Да резервирате туристички аранжман веднаш
· Да платите на рати, до 10 месеци или до 12 рати преку MintApp.
· Да аплицирате онлајн, без губење време преку нашата one-stop-shop Mint апликација.
· Да бидете дел од Mint Bonus, нашата програма за лојалност.
Собирајте Mint Coins и искористете ги во Mint Store за летна опрема или ваучери за Вашиот одмор.
Како функционира?
Mint Credit го направи процесот за добивање туристички кредит исклучително едноставен. Еве како изгледа:
1. Контактирајте нè или посетете нè лично: на нашата веб-страница, преку Mint App директно од Вашиот телефон, или во некоја од нашите филијали низ државата.
2. Поднесете документи, важечка лична карта и Вашиот туристички аранжман
3. Брзо одобрување.
4. Средствата се исплаќаат директно на туристичката агенција.
5. Вие заминувате на патување, а кредитот го враќате по претходно договорени месечни рати, без дополнителни камати и трошоци.
Сè што треба да направите е да знаете каде сакате да патувате, а за финансиите се грижиме ние.
Карактеристики на туристички кредит од Mint Credit
Брза апликација и одобрување
Нема долги процедури, непотребни формулари или банкарска бирократија. Процесот за аплицирање и одобрување е брз и едноставен и целосно онлајн. Mint Credit значително го олеснува аплицирањето за кредит.
Само неклоку клика Ве делат од одморот од соништата. Ваше е само да го одберете одморот од соништата во еден од нашите туристички партнери – Mint Travel или JK Travel.
Флексибилна отплата
Изберете период на отплата што Ви одговара – од 2 до 12 месеци. Месечните рати се однапред пресметани. Со безкаматниот туристички кредит враќате онолку колку што ќе земете без дополнителни трошоци.
Приспособено на Вашите потреби
Туристичкиот кредит од Mint Credit се прилагодува на секој тип на патување – од еднодневни екскурзии до интерконтинентални авантури. На Вас е само да си ги спакувате своите куфери за патување и да се спремите за возбудлива авантура.
Директна соработка со туристички агенции
Нашиот туристички кредит се однесува за аранжмани и патувања кои се во рамките на организација на JK Travel и Mint Travel. Аплицирањето за кредит како и одбирање аранжман за летување е достапно онлајн на веб страните.
Дополнително, доколку арнжманот Ви е преку Mint Travel, можете целиот процес да го завршите преку Mint App, вклучувајќи:
· Аплицирање за кредит (Mint Credit))
· Одбирање аранжман (Mint Travel))
· Патничко осигурување (Mint Ins)
Кога е идеално време за туристички кредит?
· За летни одмори и годишни одмори
· Во пресрет на празници, продолжени викенди и изненадувачки патувања
· За свадбени и романтични патувања
· За семејни летувања
· Кога не сакате да го намалите месечниот буџет, но сепак сакате да уживате
Како да го искористите туристичкиот кредит максимално
За да го извлечете максимумот од туристичкиот кредит, ви ги препорачуваме овие совети:
· Резервирајте рано – раните резервации често значат подобри цени
· Изберете пакет-аранжман – вклучени услуги значи помалку изненадувања
· Патувајте вон сезона – уживајте со помалку туристи и пониски трошоци
· Комбинирајте го со осигурување – бидете безгрижни за време на патувањето
· Следете го планот за отплата – изберете план за отплата што реално Ви одговара
Време е да ги спакувате куферите за патување!
Туристичкиот кредит од Mint Credit е совршен избор за секој кој сака да ужива во патувања без да го оптоварува својот буџет однапред. Ние Ви нудиме брзо, флексибилно и безбедно решение, така што Вие може да патувате кога сакате, а да платите кога можете.
Со туристички кредит од Mint Credit, не Ви треба магична формула за да патувате, Ви треба само желба! Ние се грижиме за финансиите, Вие грижете се за спомените.
За повеќе информации контактирајте не на телефон 15 107, или посетете не во најблиската филијла до Вас.
ПР
Економија
Објавени позначајните промени кај надворешниот долг, побарувањата и меѓународна инвестициска позиција во првото тримесечје од 2025 година

Според редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција, на 31.3.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.630 милиони евра (или 28,4% од проектираниот БДП), и не бележи значителна – промена во однос на минатиот квартал.
Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,9%, соопшти НБРМ.
Во текот на првиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 8.960 милиони евра, што претставува 54,9% од проектираниот БДП за 2025 година.
Економија
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – започнува членувањето во СЕПА

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА.
Овие банки ќе започнат со вршење на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година.
Се очекува и останатите осум деловни банки, кои најавија дека ќе поднесат барања во периодот од јуни до август оваа година, ќе бидат впишани во регистарот на ЕПС и ќе започнат со вршење на плаќањата во рамките на СЕПА до 6 октомври.
Да потсетиме, на 6 март 2025 година ЕПС го прифати барањето за членство коешто го достави Народната банка за нашата земја, со што станавме членка на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Со ова се овозможи приклучување на домашните банки во европските платежни шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 41 земја членка.
Интеграцијата на банките од земјава во европскиот платежен екосистем носи бројни придобивки за граѓаните и за компаниите – пред сѐ побрзи, поефикасни и поевтини прекугранични плаќања во евра, како и поголема економска поврзаност и активност.
Народната банка, како институција којшто ги координираше активностите за членство во СЕПА, останува целосно посветена на процесот на интеграција на банките и ќе продолжи редовно и навремено да ја информира јавноста за постигнатиот напредок.