Свет
Три експлозии во Мексико, една крај конзулат на САД
Три експлозивни направи биле активирани во градот Монтереј во северно Мексико, а една од нив во непосредна близина на американскиот конзулат при што е рането едно лице, соопштила локалната полиција, пренесува во недела AFP
Првата експлозија во Монтереј, главниот град на северната сојузна мексиканска држава Нуево Леон, се случил во саботата на еден паркинг во близина на канцеларијата на обвинителот. Притоа со полесни повреди се здобил еден стражар, од експлозивот кој бил фрлен низ прозорец во зградата.Втората бомба експлодирала два часа подоцна, на 40 метри од конзулатот на САД, а третата по половина час пред затворот, пренесува во недела CNN.Ваков напад со експлозив врз конзулатот во Монтереј беше извршен и во 2008 г..Во јули годинава американски конзулат беше цел на напад со експлозивна направа и во северниот мексикански град Нуево Ларедо на границата со Тексас при што беше оштетен само еден прозорец. Заради безбедност, овој конзулат некое време беше затворен.Последнито напад е продолжение на серијата напади врз американските дипломатски претставништва и нивниот персонал за што се сомничат локалните мексикански нарко картели. Се претпоставува дека тоа е одговор на бандите за апсењата на повеќемина нивни луѓе во САД, како и за помошта што Вашингтон му ја дава на претседателот Фелипе Калдерон во борбата против нарко мафијата.Во март оваа година вооружени напаѓачи поврзани со нарко картелите убија три лица поврзани со американскиот конзулат во градот Сиудад Хуарез, предизвикувајќи го гневот на претседателот Барак Обама кој вети дополнителна финансиска помош но и поголем притисок врз мексиканските власти во оваа броба. Монтереј инаку се наоѓа 120 километри од границата со САД и е трет по големина град во Мексико, од неодамна стана арена на борба против наркокартелите завојуваните за контрола на патот на дрогата во САД. Минатиот месец, американскиот Стејт департмент од безбедносни причини им забрани на вработените во конзулатот да ги земат со себе членовите на нивните семејства, особено децата.На крајот од јули годинава, мексиканската полиција најде повеќе од 50 тела во масовна гробница кај деловниот центар Монтереј што беше доказ за ескалацијата на насилствата поврзани со војната на нарко картелите.Во февруари во државата Нуево Леон имаше серија крвави пресметки меѓу наркокартелите и напади врз полициски станици.Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон и’ се обрати на јавноста по драматичниот пораст на насилствата кон крајот на овој февруари, децидно демантирајќи дека владата ја поттикнува војната меѓу нарко картелите.„Станува збор за неверојатни измислици, лажни и злонамерни, а јас не знам кои се мотивите што стојат зад тоа. Оваа администрација води војна со сите нарко картели, без никакви разлики“, изјави Калдерон.Неговата реакција дојде откако Заливскиот картел во Нуево Ларедо објави јавни огласи дека претседателот Калдерон и неговата администрација го фаворизираат исто така озлогласениот картел Синелоа кој е осомничен за многу крвави маскари од минатото. Заливскиот картел и картелот Ла Фамилиа, пак, во последно време се сомничат како извршители на повеќе грозоморни убиства врз нивните ривали и врз припадници на полицијата и патролите на војската.Во посебно сооопштение, Министерството за внатрешни работи на Мексико објави дека во времето на администрацијата на Кладерон се уапсени околу 72 илајди луѓе уапсени, од кој 27 отсто му припаѓале Заливскиот картел, а повеќе од 24 отсто на картелот Синелоа. Но во војната меѓу бандите за превласт на територијата, насилството не се намали ниту откако беа ангажирани и силни федерални и воени единици. Во 2006 г. претседателот Фелипе Калдерон ја ангажираше и армјата со 50 илјади припадници, во запирање на крвопролевањата. Но тоа не помогна, туку и полцајците и војниците и нивните семејства станаа цели на бруталните банди Во војната од 2006 г. досега во пресметките во Мексико се убиени околу 28 илјади лица. Мексико е главната транзитна точка за шверцување кокаин од Јужна Америка во САД и истовремено е еден од најголемите светски производители на хероин и марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Свет
Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта
Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни горива, изјавија оваа недела американските министри за енергија и внатрешни работи, обидувајќи се да ја убедат Европа да купува повеќе американска нафта и гас, објави денес Ројтерс.
Соединетите Американски Држави станаа водечки европски снабдувач со нафта и гас, а американските компании се стремат да го зголемат тој удел во време кога Европската Унија сака целосно да го прекине преостанатиот увоз на руски енергетски производи.
Пораката од американските претставници на енергетската конференција во Атина оваа недела го нагласува пресвртот во политиката на САД под администрацијата на Трамп, која ги олесни еколошките прописи и ја истакна „доминацијата“ на нафтата и гасот како централен двигател на американската економија и меѓународното влијание.
„Едноставно не функционира“, рече американскиот министер за енергетика Крис Рајт за префрлањето кон обновлива енергија на конференцијата, каде што американските компании објавија договори за снабдување и дупчење за гас во Европа.
Тој истакна дека светот потрошил помеѓу 4 и 8 билиони долари за поврзување на сончевата и ветерната енергија со мрежата, но дека минатата година таквите извори сè уште сочинувале само 2,6 проценти од глобалната енергија.
Рајт, исто така, рече дека сака САД да ја заменат „секоја молекула“ руски гас што сè уште тече во Западна Европа.
САД произведуваат над 20 милиони барели нафта и течни нафтени деривати дневно, односно секој петти барел во светот.
Изјавите на САД се во остра спротивност со целите на голем број земји од ЕУ, кои оваа недела се согласија да ги намалат емисиите за 90 проценти до 2040 година во споредба со нивоата од 1990 година, иако ова беше ублажено во споредба со претходните цели.
фото: принтскрин

