Спорт
Бабел нов тренер на Хофенхајм
Откако вчера поради лошите резултати го отпушти тренерот Холгер Станиславски, раководството на Хофенхајм експресно најде замена.
Откако вчера поради лошите резултати го отпушти тренерот Холгер Станиславски, раководството на Хофенхајм експресно најде замена. Нов тренер на Бундеслигашот, од петокот е поранешниот играч на Баерн Минхен и германската репрезентација, Маркус Бабел. Хофенхајм се наоѓа на осмата позиција на табелата, но на последните десет натпревари има забележано само една победа, а во средата беше елиминиран во четвртфиналето на купот, од второлигашот Гројтер Фирт. Бабел без работа беше од декември минатата година, кога поради несогласувања со челниците на клубот, ја напушти Херта. Маркус Бабел во сезоната 2008/2009 беше тренер на Штутгарт. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Роналдо: Јас сум најдобар во историјата и точка
Кристијано Роналдо непосредно пред неговиот 40-ти роденден, во интервју за „Ел Чирингито“, рече дека е најдобриот фудбалер во историјата.
„Досега имам постигнато 923 гола, но не ми е важно дали ќе постигнам 930, 950 или што и да е во кариерата. Ако успеам да постигнам 1.000, одлично. Ако не, и тоа е во ред. Но, бројките не лажат. Јас сум најдобриот фудбалер во историјата, точка“.
Фудбалерот на Ал Наср продолжи: „Можеби повеќе ги сакате Пеле, Меси или Марадона. Јас го разбирам тоа и го почитувам, но јас сум најдобриот и најкомплетниот играч досега. Не сум видел подобар фудбалер од мене. Јас сум добар изведувач на слободни удари, шутирам добро, со лева и десна нога… Брз сум, силен, добро играм со глава… Да се каже дека Роналдо не е комплетен фудбалер. Нема покомплетен фудбалер од мене“.
Роналдо откри дека на почетокот на кариерата бил блиску до трансфер во Барселона.
„Кога сè уште бев во Спортинг Лисабон, Барселона сакаше да ме донесе. Имаше договор за трансфер според кој требаше таму да одам една година подоцна. Но, тогаш дојде Манчестер јунајтед и заминав веднаш.
Тој играше во Барселона многу пати, но како ѕвезда на нејзиниот најголем ривал, Реал Мадрид.
„Сакав да играм на Камп Ноу. Сосема посебна аура, енергија. Ме исвиркуваа, ме навредуваа, а јас тоа го сакав и секогаш постигнував гол“.
Роналдо истакна дека најсреќен бил во Реал, вели дека „клубот и градот секогаш се во неговото срце“, а потоа објасно зошто решил да замине во Јувентус.
„Сакав нов предизвик, ново поглавје во мојот живот. Му кажав на претседателот Флорентино дека сакам да одам и тој тогаш прифати. Но, за време на преговорите, тој не се согласуваше толку добро со мене. Го разбирам, бидејќи секогаш го прави тоа. Тој сакаше да се вратам, но не можев бидејќи веќе му кажав на Јувентус дека доаѓам“.
Спорт
(Видео) Јокиќ го забележа 23. трипл-дабл во сезоната па проговори за Лука Дончиќ
Кошаркарите на Денвер Нагетс на домашен терен славеа победа над Њу Орлеанс Пеликанс 125:112. Никола Јокиќ и Мајкл Портер Јуниор го предводеа тимот до 31.победа во 51. натпревар во сезоната.
Денвер ја запиша третата победа во низа, а Јокиќ го забележа 23. трипл-дабл во сезоната. Натпреварот го заврши со 27 поени (9/13 од поле, 10/11 слободни фрлања), 14 скока и 10 асистенции за 36 минути на теренот.
Вкупно, Јокиќ има 152 трипл-дабл во регуларниот дел од сезоната, 170 вклучувајќи го и плеј-офот. Ова беше деветти трипл-дабл за Јокиќ во претходните 11 натпревари.
За разлика од некои претходни дуели, Јокиќ имаше добра поддршка од соиграчите на мечот против гостите од Луизијана. Мајкл Портер Јуниор постигна 36 поени (7/12 за три), што е негов рекорд во сезоната. Интересно, тренерот Мелоун по натпреварот зборуваше за гласините дека Портер може да го напушти Денвер и остро ги демантираше таквите шпекулации.
Џамал Мареј додаде 20 поени (7/17 од поле), заедно со 8 асистенции, а Џулијан Стротер придонесе со 15 поени.
Треј Марфи, на спротивната страна го одигра најдобриот меч во кариерата, постигна 41 поен, 21 кош постигна во првата четвртина. Брилијантно го следеше Си Џеј Меколум (10/22 од поле) со 30 поени, а Зион Вилијамсон имаше 14 поени.
Јокиќ очекувано на прес-конференција беше запрашан да го коментира шокантниот трејд со кој Лука Дончиќ го напушти Далас. Јокиќ и Дончиќ се добри пријатели…
„Му испратив порака. Тоа, се разбира, никој не го очекуваше. Мислам дека во моментов тој само треба да биде со своето семејство. Тоа е голема промена. Ова е дел од работата, не знам. Никој не го очекуваше тоа, особено не тој. Мислам дека никој не е безбеден во оваа лига, така изгледа. Но, мислам дека тој ќе заврши добра работа бидејќи е играч за големата сцена, иако мислев дека има нешто посебно во Далас. Изгледа дека така морало да биде“, изјави Никола Јокиќ.
Спорт
Бојан Димоски пред трансфер во Партизан
Фудбалскиот клуб Партизан би можел да потпише со македонскиот репрезентативец Бојан Димоски.
Левиот бек од рускиот клуб Акрон би можел да пристигне во Белград на позајмица, со опција за откуп од 200.000 евра.
Преговорите меѓу двата клуба се во завршна фаза, пишува српски „Телеграф“.
Димоски е во Русија од летото 2023 година, а претходно играше една сезона во Вардар и три во Академија Пандев.
За репрезентацијата на Македонија досега има одиграно 18 натпревари.