Свет
Американското обвинителство бара доживотна казна за Бут
Американското обвинителство побара од судот на рускиот државјанин Виктор Бут, осуден за кримчарење оружје, да му одреди доживотна затворска казна.
Според судот, ваквата казна за Виктор Бут би требала да послужи како предупредување за сите што имаат намера да ги снабдуваат со оружје милитантните групи, пренесува Reuters, повикувајќи се на поднесокот од обвинителството.
Поротата во Њујорк во ноември 2011 година, Русинот Бут го прогласи виновен за заговор за продажба големи количества оружје за колумбиското герилско движење FARC, за што може да му биде одредена казна од 25 години до доживотен затвор. Изрекувањето на пресудата е закажано за 5-ти април, на судот во Менхетен.
Виктор Бут, кој според западните медиуми е поранешен офицер на руското воено воздухопловство западните медиуми го нарекоа „Трговецот со смрт“, поради водењето меѓународна мрежа криумчари со оружје. Тој беше прогласен виновен по сите точки од обвинението, за заговор за убиства на американски војници, за набавка и продажба на противвоздушни проектили и друго оружје на терористи, како и за пружање материјална поддршка на терористичка организација.
Четириесет ичетири-годишниот Виктор Бут е уапсен во 2008 година во Бангкок на Тајланд, во тајна операција на американската агенција за борба против криумчарењето дроги – DEA, а беа потребни повеќе од две години да биде израчен на САД, бидејќи Русија силно се спротиставуваше на тоа.
Американскиот печат пишува дека Бут кој САД со години се обидувале да го фатат, би ветеран на таен меѓународен бизнис за воздушен транспорт, специјализиран за воените зони во Африка. Наводно со години испорачувал оружје во најкрвавите африкански судири, вклучувајќи ги и оние во Либерија и Сиера Леоне. Во снимен разговор со доушник на DEA во Бангкок, наводно тој самиот се фалел дека од него потекнале „повеќе од пет илјади испораки на оружје“.
Од цвеќар до „Господарот на војната“
САД преку своите агенти од Агенцијата за борба против наркотиците (DEA) учествуваа во апсењето на Виктор Антолјович Бут, кој е обвинет дека почнувајќи од војната во Босна и Херцеговина па до граѓанските војни во Африка се јавува како најголемиот добавувач на илегално оружје. Тој беше уапсен во 2008 година кога американските агенти се преправале дека се претставници на колумбиската герилска марксистичка војска FARC и дека од него сакаат да купат оружје. По неколкумесечна операција го намамиле во хотелска соба во Бангкок каде се согласил да им продаде оружје за сума од неколку милиони долари, по што е уапсен. Веднаш, во август истата година САД побараа негова екстрадиција, но Тајландскиот суд тогаш го одби барањето на Вашингтон, но по две години тамошниот апелациски суд тоа го одобри.
Неговата сопруга Ала Бут, за американските медиуми изјави дека ваквата одлука е неправедна. „Сите знаат дека станува збор за политички монтиран случај“, изјави госпоѓа Бут.
Човекот за кого Американците велат дека е вистински „Господар на војната“ или попознат и како како „Трговецот со смртта“, е Русин, роден 1967 година во тогашната советска република Таџикистан. Почнува да работи како преведеувач, бидејќи течно зборува шест јазици. По распаѓањето на Советскиот сојуз го користи хаосот кој владее во поранешната воена суперсила и по многу ниски цени набавува практично нови авиони со кои ја формира компанијата за транспорт.
Според руските медиуми, првиот бизнис со кој Виктор Бут почнал да се занимава било распространувањето на цвеќе. Наводно исклучиво се занимавал со препродажба на гладиоли кои ги набавувал од Јужноафриканската Република, а потоа ги препордавал во Саудиска Арабија.
Неговите почетоци во криумчарењето оружје потекнуваат од соработката со рускиот дилер на оружје Александар Исламов, а подоцна евтиното оружје го набавувал во Украина, Молдавија и во Бугарија, но истоврмено активно занимавајќи се и со своите легални бизниси.
Според американските медиуми кои се повикуваат на извештаи од тајните служби и документи од обвиението против Бут, неговиот прв посериозен бизнис во шверцот на оружје било снабдувањето на муслиманските единцици во војната во Босна. Во почетокот на 1990-те оружјето го доставувал преку Словенија и Хрватска, а се сокривал зад суданската хуманитарна органзиација „Third World Releif Agency“. Тој во Босна во контејнери со наводно хуманитарна помош превезувал оружје кое го платиле богатите исламски земји.
Подоцна, при крајот на 1990-те, почнал да криумчари и за судирите во Јужна Америка, Африка и на Блискиот исток. Имал деловна соработка и со либерискиот диктатор Чарлс Тејлор кому сега му се суди за геноцид и воени злосторства пред Хашкиот трибунал, а работел и со либијскиот претседател Муамер ел-Гадафи. Со оружје ги снабдувал и двете завојувани страни во Ангола, а истото го правел и во граѓанската војна во Авганистан кога прво и’ продавал оружје на владата на претседателот Бурханудин Рабани а потоа и на талибаните.
Дури тогаш САД ќе се заинтересираат за него, бидејќи неговото оружје доаѓа и до Ал Каеда. Меѓутоа, иако неговот име уште од почетокот на 2000-та е на „црната листа“, неговите авиони во 2004 година во Ирак биле изнајмени од компаниите Fedex и од KBR, која е филијала на озлогласената копманија Hulliburton кои имаат договори со владата на САД вредни повеќе стотини милиони долари.
Се верува дека холивудскиот хит трилер „Господарот на војната“ е снимен според податоците што американските служби ги собрале за Виктор Бут./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

