Македонија
Пороен дожд и ретка појава на грмежи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/cc19fd5c-3ff5-4225-951e-2c35366362f1.jpeg)
Времето во среда ќе биде променливо облачно со пообилни врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Се очекува на места да наврнат повеќе од 20 л/м2.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 15 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со највисока дневна температура од 24 степени. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Андоновски на Светскиот самит за влади 2025: ќе се осврне на темите за иновациите во управувањето со јавната администрација и дигиталната трансформација
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/stefan-andonovski.jpg)
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски е во тридневна посета на Обединетите Арапски Емирати, каде што ќе присуствува на Светскиот самит за влади 2025.
На покана на неговиот колега Омар Султан Ал Олама, министер за вештачка интелигенција, дигитална економија и апликации за работа на далечина, Андоновски ќе присуствува на самитот под наслов „Обликување на владите на иднината“. Овој глобален настан ќе собере над 30 шефови на држави и влади, 400 министри, 80 претставници на меѓународни организации и 140 владини делегации за да дискутираат за глобалните предизвици и да креираат иновативни решенија за иднината.
Самитот ќе се фокусира на клучни теми: идни технологии и вештачка интелигенција, одржлива енергија и климатски промени и глобално здравство и економска стабилност.
Андоновски ќе се осврне на темите за иновациите во управувањето со јавната администрација и дигиталната трансформација. Во рамки на посетата, Андоновски ќе оствари билатерални средби со домаќинот, министерот Омар Султан Ал Олама, како и со Мохамед Хамад Ал Куваити, шеф на одделот за сајбер безбедност на Владата на Обединетите Арапски Емирати и претседател на Советот за сајбер безбедност, како и Абдула Насер Лоота, заменик министер за кабинетски работи за конкурентност и размена на знаење.
Светскиот самит за влади 2025 има за цел да поттикне меѓународна соработка, да ги инспирира идните генерации на влади во пронаоѓањето на иновативни решенија што ќе го подобрат животот на луѓето ширум светот.
На самитот ќе присуствуваат и водечки технолошки и бизнис лидери како: Елон Маск – CEO на Tesla, SpaceX, xAI и Twitter/X, Сундар Пичаи – CEO на Google, Лари Елисон – ко-основач на Oracle, Клаус Шваб – основач и претседател на Светскиот економски форум и Даниел Динс – CEO на UiPath.
Македонија
Минусни температури утрово во цела држава, најстудено во Берово
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/01/zima.jpg)
Најстудено утрово било во Берово каде што се измерени -10 степени, -7 било во Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Куманово, Велес и Крушево, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -4 во Претор, Кавадарци и Виница, -3 во Охрид и Гевгелија.
Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 31 сантиметар на Попова Шапка и 13 во Маврови Анови.
Времето денеска
Наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди, повеќе во источните делови. Во југозападните претежно планински региони од пладневните часови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Македонија
Продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Австралија – Средба на министерот Муцунски со претставници на Европско-австралискиот бизнис совет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/mucunski.jpeg)
Продлабочувањето на економската соработка е во фокусот на работната посета на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Австралија. Во таа насока, тој вчера оствари средба со претставници на European Australian Business Council (EABC), водечка платформа за економска и трговска соработка меѓу Европа и Австралија.
На средбата се разговараше за можностите за унапредување на економските односи меѓу двете земји, зголемување на трговската размена и привлекување инвестиции. Посебен акцент беше ставен на потенцијалот за соработка во областите на енергетиката, инфраструктурата и новите технологии.
„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Владата на Република Северна Македонија се силно посветени на привлекувањето нови странски инвестиции. Стабилната бизнис-клима и силната поддршка за странските и домашните компании ја прават нашата држава атрактивна дестинација за инвестирање, не само во регионот, туку и во Европа“, истакна министерот Муцунски.
Притоа, тој нагласи дека зајакнувањето на економските и трговските односи останува еден од приоритетите во понатамошниот развој на билатералната соработка меѓу двете земји.