Контакт

Спорт

Трагедија во Египет, најмалку 73 загинати на фудбалски натпревар

Објавено пред

Најмалку 73 лица загинаа, а 1.000 се повредени во судирите кои се случија по фудбалскиот натпревар во египетскиот град Порт Саид, јави египетската државна телевизија.

dobivaj vesti na viber

Најмалку 73 лица загинаа, а 1.000 се повредени во судирите кои се случија по фудбалскиот натпревар во египетскиот град Порт Саид, јави египетската државна телевизија. Домашниот тим Ал Масри го победи шампионот Ал Ахли со 3:1, а по натпреварот, навивачите на двата тима започнале да фрлаат, едно кон други со камења, по што настанала масовна тепачка. Хаосот се насетуваше уште на почетокот на второто полувреме, кога домашните навивачи влетаа на теренот, откако нивниот тим успеа да го израмни резултатот. Поради тоа, мечот беше прекинат седум минути, а судијата донесе погрешна одлука кога реши натпреварот да продолжи. Откако мечот продолжи Ал Масри направи целосен пресврт со што му го нанесе првиот пораз на Ал Ахли по цели 14 месеци. Откако судијата отсвири крај на натпреварот, домашните навивачи повторно влетаа на теренот, и додека едни славеа со своите миленици, други започнаа да ги бркаат по теренот гостинските фудбалери, по што веднаш судирите се префрлија на трибините.   крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Тел сепак заврши во Тотенхем

Објавено пред

Францускиот фудбалер Матис Тел, во последните минути од преодниот рок му се приклучи на Тотенхем на позајмица.

dobivaj vesti na viber

Планот на Тотенхем беше веднаш да го откупи неговиот договор, но Баерн инсиситирал на позајмица до крајот на сезоната.

Тотенхем за шест месеци ќе може да го купи Тел за 60 милиони евра.

Тел е член на клубот од Минхен од летото 2022 година, кога пристигна од Рен за 20 милиони евра.

Не играше многу оваа сезона, само 14 натпревари, најчесто како резерва.

Вкупно за Баерн одигра 83 натпревари, постигна 16 гола и забележа седум асистенции.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дурент ќе се врати во Голден Стејт Вориорс?

Објавено пред

Изненадувачкиот трејд на Лука Дончиќ од Далас во ЛА Лејкерс ги инспирираше другите тимови да пробаат нешто слично.

dobivaj vesti na viber

Во американските медиуми кружат гласини дека Феникс Санс добиле повеќе понуди за Кевин Дурент.

Дурент најмногу се поврзува со Голден Стејт Вориорс. Дурент играше во Вориорс од 2016 до 2019 година, освои две шампионски титули.

Дурент има уште една година од договорот со Феникс, а ќе заработи 54 милиони долари.

На Санс не им оди баш најдобро оваа сезона, имаат скор 25-23 и моментално се осми на Западот.

За потсетување, Дурент беше МВП на финалето во 2017 и 2018 година, како и најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во 2014 година.

Тој играше на Ол-стар натпреварот 15 пати, а во шест пати се најде во најдобрата постава во НБА.

Прикажи повеќе...

Спорт

Манчестер сити потроши повеќе од сите 19 премиерлигаши заедно

Објавено пред

Манчестер Сити, во зимскиот преоден рок потроши 180 милиони фунти (206 милиони евра) за четири засилувања, останатите 19 премиерлигаши потрошија 177 милиони фунти за нови играчи.

dobivaj vesti na viber

Зимскиот преоден рок во Англија заврши, а во фокусот на вниманието беше Манчестер сити. На „Граѓаните“ не им е лесно оваа сезона, моментално се петти на табелата со 15 бода помалку од лидерот Ливерпул, што донекаде ги објаснува активностите на трансфер пазарот што ги презеде менаџерот Пеп Гвардиола.

„Клубот на Гвардиола потроши 180 милиони фунти за четири засилувања во јануари, останатите 19 премиерлигаши потрошија 177 милиони фунти за нови играчи“, обајви британскиот јавен сервис, Би-би-си.

Аргентинецот Нико Гонзалес официјално потпиша неколку минути пред полноќ и тој е најновото, четврто засилување на Сити оваа зима. Тоа беше и најголемиот трансфер во Англија во последниот ден од преодниот рок. Порто ќе добие отштета од 50 милиони фунти (околу 60 милиони евра).

Претходно од Ајнтрахт Франкфурт пристигна Египќанецот Омар Мармуш за 59 милиони фунти (околу 70 милиони евра), Узбекистанецот Абдукодир Хусанов од Ленс за 33,6 милиони фунти (околу 40 милиони фунти) и Бразилецот Витор Реис од Палмеирас за 29,6 милиони фунти (околу 36 милиони евра).

Во исто време, тоа е второто најголемо трошење на еден клуб во зимскиот преоден рок досега. Челзи во 2023 година, потроши рекордни 330 милиони евра (275 милиони фунти) на нови играчи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Втор земјотрес во Македонија денеска

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија1 час

153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го...

Регион3 часа

Грција не престанува да се тресе: најсилниот земјотрес утрово со јачина од 4,9 степени, десетици семејства чекаат на пристаништето во Санторини

Утрово четири земјотреси се регистрирани во морското подрачје југозападно од Санторини, од кои најсилниот бил со јачина од 4,9 степени...

Свет3 часа

Царините на Трамп за Кина стапија во сила, Пекинг веднаш одговори

Министерството за трговија на Кина објави дека воведува царини за неколку производи од САД како одговор на одлуката на американскиот...

Македонија3 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа3 часа

Фон дер Лајен: Ќе ги релаксираме правилата за задолжување доколку земјите членки трошат за одбрана

Европската комисија е подготвена да примени флексибилност во примената на Пактот за стабилност и раст, кој пропишува фискална дисциплина, доколку...

Свет4 часа

(Видео) Ел Салвадор ќе ги прифати депортираните опасни криминалци од САД

Ел Салвадор вчера им понуди на Соединетите Држави да ги прифатат депортираните „опасни криминалци“ во нивните затвори, изјави американскиот државен...

Свет4 часа

Америка има нов министер за енергетика: претходно не се занимавал со политика, туку со нафта

Американскиот сенат синоќа го потврди Крис Рајт, директор на нафтена компанија без политичко искуство, за нов секретар за енергетика во...

Македонија18 часа

Обвинителството тврди дека Палевски го возeл „реното“ на денот на грабнувањето на Вања, одбраната негира

На денешното рочиште за грабнувањето и убиството на 14-годишната, Вања Ѓорчевска и убиството на велешанецот Панче Жежовски, Обвинителството прикажа снимка...

Македонија19 часа

Нема договор за минималната плата, ќе се дефинира официјална потрошувачка кошница, велат од Организацијата на работодавачите

Нема договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика,...

Македонија21 час

Филков ја разреши судијката Алексовска-Стојановска од работната група за измени на Кривичниот законик: Да се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина

Министерот за правда Игор Филков ја разреши судијката Даниела Алаксовска-Стојановска од членство во работната група за измени на Кривичниот законик,...

Македонија23 часа

Трајкоска-Стрезоски за случајот со прегазената Фросина: Одговорност на судијката не би требало да има, лично ја познавам

Претседателката на Академијата за судии и обвинители, Ирина Трајкоска-Стрезоски, оценува дека судиите се професионалци, кои работат во согласност со законот,...

Македонија23 часа

Не би сакал во вакви моменти на чувства да се носат избрзани одлуки, вели Камбовски за случајот на смртно прегазената Фросина

Судскиот совет будно го следи случајот со смртно прегазената Фросина Кулакова од Неготино, уверува претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски....

Македонија23 часа

Секоја година од рак на грлото на матката заболуваат речиси 200 жени, Владата итно да ги зголеми средствата, бараат здруженијата

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), по повод Светскиот ден за борба против ракот, ги повикува Владата...

Македонија24 часа

Се проширува истрагата во „Адитив“- осомничени осум нови лица, а тројца претходно осомничени се товарат и за перење пари

Од досега спроведената истражна постапка за предметот познат во јавноста како „Адитив“, во насока на проширување на постапката, под раководство...

Топ1 ден

(Видео) Претреси на повеќе локации во Скопје, Велес и Прилеп, уапсени 10 лица, запленети 500.000 евра: МВР објави снимка

На 02.01.2025 реализирана е меѓународна истрага координирана од страна на ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните...

Македонија1 ден

Мицевски: Поднесовме барање за јавна расправа во Собранието за законски измени и зајакнување на безбедноста во сообраќајот

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски преку социјалните мрежи информираше дека пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и...

Македонија1 ден

СДС го партизира судството, во куќа на таткото на судијката Алексовска-Стојановска смести општински штаб, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС го окупираше и го зароби правосудниот систем. Во судството се потребни итни и неодложни реформи. Седум години власт наместо...

Свет1 ден

Путин: Трамп многу бргу ќе го врати редот, а европските елити ќе застанат пред нозете на својот господар и нежно ќе мавтаат со опашката

Американскиот претседател Доналд Трамп со својот лик многу брзо ќе го врати редот, а европските елити ќе застанат пред нозете...

Европа1 ден

Француски хирург со години силувал деца под анестезија: почнува неговото судење

Поранешен хирург обвинет за злоупотреба на стотици млади пациенти, често додека тие биле под анестезија, ќе оди на суд овој...