Спорт
„Фуријата“ вечерва тргнува кон двојна круна
Амбициозниот план на Шпанците на европската титула да ја додадат светската започнува да се остварува во среда вечер во Дурбан, каде ќе се одигра првиот натпревар против швајцарската репрезентација
Се работи за средба од првиото коло во гурпата Х, на Светското фудбалско првенство, чиј домаќин е Јужна Африка. За Шпанците многумина мислат дека ќе бидат и шампиони на овој мундијал. Се работи за млада. Талентирана репрезентација, а воедно и докажна. Но, „фуријата“, знае да се сопне на светските првенства. До сега, за најголем успех им се смета четвртото место на СП Бразил 1950 година. Во Германија 2006 година испаднаа во осминафиналето, додека четири години пред тоа во јапонија и Јужна Кореа, застанаа меѓу последните осум. „Важно е да се дојде до победа во првиот натпревар. Таков почеток го поткрева моралот и самопочитта, ве опушта пред следните натпревари. Поразот носи стрес, што не е добро за тимот“, вели Цеск Фабрегас, еден од истакнатите фудбалери во репрезентацијата. „Зад Шпанија е одличен период, многумина овде им предвидуваат успех. И токму поради тој факт мораме да ја бараме својата шанса. Швајцарија е способна да изненади и тоа ќе се обидеме да го направиме“, вели Отмар Хицфелд, селекторот на Швајцарија. ЗанимливостиКолку тешка ќе биде задачата на Хицфелд се гледа од претходните средби на овие две екипи. До сега одиграле 21 заеднички натпревари, а Швајцарија може да се пофали само со три нерешени. Вкупната гол разлика е 45:15, за Шпанците кои ги предводи Висенте дел Боске. Шпанија зад себе има 20 појавувања на светските фудбалски мундијали. Швајцарија осум. До минатогодишниот пораз на Конфедерацискиот куп од САД (2:0) Шпанија оставри петнаесет победи без прекин и го изедначи рекордот со Бразилците со 35 меча без пораз. Тоа беше прв пораз на Шпанија од 2006 година. Швајцарецот Филипе Сендерос и Шпанецот, Цеск Фабрегас речиси три години делеа ист покрив во заедничките денови во Арсенал. Веројатни составиШанија (4-1-3-2): Касиљас – Серхио Рамос, Пујол, Пике, Капдевила-Бускетс – Чави, Чаби Алонсо, Давид Силва – Торес, Давис ВиљаШвајцарија (4-4-2): Бенаљо – Лихтстајнер, Сендерос, Грихтинг, Мањин – Бехрами/Барнета, Јакин, Инлер, Гелсон Фернандес -Нкуфо, Дердијок
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Еден месец ги чини 40.000 евра – Коринтијанс го моли Депај да го напушти хотелот
Холандскиот напаѓач Мемфис Депај (31), еден од клучните играчи на Коринтијанс, добил барање од раководството на клубот да го напушти луксузниот хотел во Сао Паоло каде што живее. Бразилскиот клуб се соочува со финансиски тешкотии и мора да ги намали трошоците, а сместувањето на Депај е огромен трошок.
Според информациите од бразилскиот „УОЛ“, престојот на холандската ѕвезда во клупскиот хотел чини околу 40 илјади евра месечно. Оваа тема станала предмет на дискусија на состанокот на Управниот одбор, каде што претседателот Осмар Стабиле потврдил дека разговарал со играчот за потребата од наоѓање поекономично решение.
Клубот тврди дека напаѓачот се согласил со предлогот и покажал подготвеност да се пресели, но до ден денес сè уште не го напуштил хотелот. Извори блиски до играчот наведуваат дека Депај се чувствува многу удобно во хотелот и дека му е тешко да се откаже од удобноста на која е навикнат.
Неговиот престој во хотелот не е изненадувачки со оглед на погодностите што му се нудат, како што се собна услуга, услуга за перење алишта, дневно чистење и 24-часовна рецепција. Една од клучните причини за престојот е близината на тренинг центарот, што ги олеснува неговите секојдневни обврски.
Депај е најдобар стрелец во историјата на холандската репрезентација со 54 гола на 106 натпревари. Својата кариера ја помина во ПСВ, Манчестер Јунајтед, Барселона, Лион и Атлетико Мадрид. Тој се пресели во Коринтијанс во септември минатата година и постигна 16 гола и им постави 14 погодоци на 58 натпревари. Неговиот договор важи до крајот на 2026 година.
Спорт
„Синер е опседнат со Алкараз“
Францускиот тенисер Николас Мау ја коментираше борбата меѓу двајцата најдобри играчи во светот.
Јаник Синер го освои Париз минатата недела и се врати на врвот на АТП листата.
„Тој сè уште може да ја подобри својата игра во транзицијата, својот напад, својата игра на мрежата“, изјави Мау за „Еуроспорт“, додавајќи:
„Кога ќе ги прочитате неговите изјави, тој е опседнат со Алкараз“.
На Синер ќе му биде многу тешко да остане на врвот на крајот од годината, по Завршниот Мастерс, бидејќи дури ни титулата во Торино не му го гарантира тоа.
„Не сум сигурен дека ќе остане број еден дури и ако ги добие сите натпревари, бидејќи не гледам како Алкараз нема да победи барем три натпревари (услов за враќање на врвот на АТП листата)“, истакнува Мау.
Последниот турнир во годината е закажан од 9 до 16 ноември.
Спорт
(Видео) Луис Суарез суспендиран за клучниот натпревар на Интер во плејофот
Огромен удар за Интер Мајами пред решавачкиот трет натпревар од плејофот на МЛС против Нешвил. Нивниот клучен напаѓач, Луис Суарез, е суспендиран за натпреварот во сабота, каде што е во прашање целата сезона.
Уругвајската ѕвезда доби суспензија, бидејќи удрил противнички играч без топка во вториот меч од серијата. Жалбата на клубот од Мајами на суспензијата од еден натпревар беше одбиена.
Суспензијата беше поради инцидент во 71-та минута во поразот на Интер Мајами со 2:1 во реваншот од плејофот.
Суарез го удири играчот на Нешвил, Енди Нахар, во момент кога топката беше далеку од нив.
Иако судијата на теренот не досуди фаул, Дисциплинската комисија на МЛС последователно ја прегледа снимката и му изрече на Суарез суспензија од еден натпревар.
Luis Suarez will be suspended for the final game of the MLS Cup Playoff Round One series against Nashville SC on Saturday, sources confirmed to ESPN's @lizzy_becherano. pic.twitter.com/bGzE6FMPIK
— ESPN FC (@ESPNFC) November 5, 2025

