Контакт

Свет

Девојка јаде секои 15 минути за да преживее

Објавено пред

Лизи Веласкез, 21 годишната девојка од Тексас, тежи околу 28 килограми и таа мора да јаде на секои 15 минути за да остане здрава, пренесува „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Лизи Веласкез, 21 годишната девојка од Тексас, тежи околу 28 килограми и таа мора да јаде на секои 15 минути за да остане здрава, пренесува „Телеграф“. Веласкез има ретка состојба која ја спречува да ја покачи својата тежина, иако таа јаде по околу 60 мали оброци на ден. И покрај тоа што конзумира помеѓу 5,000 и 8,000 калории на ден, студентката по комуникации никогаш не била потешка од 28 килограми, пишува Њујорк Дејли Њуз. „Цело време ја мерам својата тежина и доколку покачам половина килограм, јас се радувам,“ вели Веласкез за британскиот весник и додава дека мора да јаде на секои 15-20 минути за да го одржи своето ниво на енергија. „Јадам мали порции и оброци како чипс, благи, чоколадо, пица, пилешко, торта, крофни, сладолед, шпагети по цел ден, и навистина се вознемирувам кога луѓето ќе ме обвинат дека сум анорексична,“ тврди таа. Случајот на Веласкез, која сеуште нема дијагноза за својата состојба, ги фасцинираше докторите низ светот и таа сега е дел од генетска студија водена од Професорот Абниманиу Гарг од Универзитетот „Саутвестерн Медицински Центар“ во Далас, Тексас. Професорот Гарг и неговиот тим сега веруваат дека Лизи може да има форма на Neonatal Progeroid синдром (НПС) кој предизвикува забрзано стареење, загуба на масти од лицето и телото и дегенерација на ткивата. „Јас знам за многу мал број на луѓе кои имаат состојби слична на Лизи но секој случај е различен,“ вели тој. „Сепак Лизи е среќна што има здрави заби, органи и коски, и таа е во стабилна состојба. Ќе продолжиме да го проучуваме нејзиниот случај и да учиме од неа,“ истакнува Професорот Гарг. Извор тука. /крај/телеграф/ко



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Основачот на OpenAI: Светот би можел да влезе во сериозна криза со измами

Објавено пред

Шефот на OpenAI, Сем Алтман, предупреди дека светот наскоро би можел да влезе во сериозна криза со измами поради начинот на кој вештачката интелигенција им овозможува на злонамерните актери да се претставуваат како други.

dobivaj vesti na viber

„Едно нешто што ме ужаснува е тоа што сè уште постојат финансиски институции кои дозволуваат само гласовна верификација на идентитетот. Ќе кажете фраза и тие одобруваат трансфер на пари. Тоа е лудо“, рече Алтман на настан организиран од централната банка на САД, додавајќи дека вештачката интелигенција веќе ги надминала повеќето постоечки методи за верификација на идентитетот – освен лозинките.

Во разговор со претставници на големи американски финансиски институции, Алтман зборуваше за поширокото влијание на вештачката интелигенција врз економијата и општеството. Неговото појавување доаѓа пред објавувањето на „Акцискиот план за вештачка интелигенција“ на Белата куќа, документ што ќе ја дефинира политиката на САД кон регулирање на технологијата и зајакнување на американската доминација во областа на вештачката интелигенција.

OpenAI веќе даде препораки за тој план и го засили својот ангажман во Вашингтон. Компанијата објави дека ќе ја отвори својата прва канцеларија во главниот град на САД на почетокот на следната година. Таму ќе работат околу триесет луѓе, а канцеларијата ќе ја водат Чан Парк, раководител на глобалните прашања за САД и Канада, и Џо Ларсон, кој доаѓа од одбранбената компанија Anduril.

Новата канцеларија ќе служи и како простор за едукација на службеници и наставници, презентација на нови технологии, но и истражување на влијанието на вештачката интелигенција врз економијата и достапноста на технологијата.

Иако Алтман е отворен за ризиците, OpenAI се спротивставува на прекумерната регулација што би можела да ја наметне администрацијата на Трамп. На почетокот на јули, Сенатот гласаше за отстранување на контроверзната одредба од законодавниот пакет на претседателот со која ќе им се забрани на сојузните држави да донесуваат свои закони за вештачка интелигенција десет години.

Алтман не е сам во своите загрижености дека вештачката интелигенција ќе поттикне бран софистицирани измами. ФБИ минатата година предупреди за измами со клонирање глас и видео. Неколку родители пријавија измами во кои напаѓачите користеле вештачка интелигенција за да ги убедат дека нивните деца се во неволја.

Неодамна, американските власти предупредија дека некој користел вештачка интелигенција за да го имитира гласот на државниот секретар Марко Рубио и контактирал со министри за надворешни работи, гувернер и конгресмен.

„Навистина сум загрижен дека нè очекува голема криза со измами“, рече Алтман. „Денес е гласовен повик, наскоро ќе биде видео повик или FaceTime повик што нема да можеме да го разликуваме од реалноста.“

Тој истакна дека OpenAI не развива такви алатки за имитирање на луѓето, но предупреди дека светот ќе мора брзо да се соочи со предизвикот. Тој го поддржува The Orb, уред кој има за цел да понуди „доказ дека сте човек“ во дигитален простор кој е сè повеќе загаден со содржина од вештачка интелигенција.

Алтман, исто така, се осврна на потенцијалот за злоупотреба на таканаречените „суперинтелигентни“ системи од вештачка интелигенција. Тој рече дека е загрижен за идејата непријателски држави, како Кина, да развиваат и експлоатираат такви системи пред остатокот од светот да биде подготвен да се одбрани. Тој ја наведе можноста за напад врз американската електрична мрежа или создавање биолошко оружје со употреба на вештачка интелигенција како примери.

Тој е исто така загрижен за можноста луѓето да ја изгубат контролата врз суперинтелигентните системи или да им дадат премногу моќ за донесување одлуки.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Шестгодишно момче од Србија повредено на Халкидики: паднало во аква парк, итно е префрлено во болница во Солун

Објавено пред

Шестгодишно момче од Србија ја повреди ногата откако падна во воден парк во Јерисос, Халкидики, објавија српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

На малолетникот му е укажана прва помош и е пренесен со амбулантно возило во болница во Солун.

Локалната крајбрежна стража во Јерисос започна истрага за да ги утврди околностите што довеле до несреќата. Сè уште не е познато дали станува збор за човечка грешка или за недостаток на безбедносни мерки во самиот парк.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Зеленски потпиша контроверзен закон: избија најголемите протести од почетокот на војната

Објавено пред

Украина вчера ја ограничи автономијата на своите две антикорупциски агенции кои се од централна важност за спроведување на реформите, потег што Брисел го опиша како „сериозен чекор назад“ и изрази „длабока загриженост“.

dobivaj vesti na viber

Справувањето со ендемската корупција е услов за Киев да се приклучи на Европската унија, како и обезбедување милијарди долари западна помош. Независните истражители во последните месеци ги посрамотија високите функционери со обвинувања за корупција.

Амандманите усвоени вчера му даваат на генералниот обвинител, назначен од претседателот, строга контрола врз Националното биро за борба против корупцијата на Украина и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (НАБУ и САПО), изјавија неколку пратеници.

Гласањето предизвика остри критики од раководителите на двете агенции и од високите европски претставници, и предизвика најголеми јавни протести од руската инвазија на Украина во 2022 година.

Илјадници демонстранти се собраа во неколку украински градови синоќа за да се спротивстават на новиот закон. И покрај барањата на граѓаните Володимир Зеленски да стави вето на законот, претседателот го потпиша додека протестите беа во тек.

Демонстрантите се собраа во 20 часот по локално време во центарот на Киев, само неколку блока од претседателската палата. Главната порака беше упатена кон Зеленски, а луѓето скандираа: „Вето на законот“.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Рускиот парламент усвои закон со кој се казнуваат корисниците за пребарувања на интернет

Русија сè повеќе го ограничува слободниот пристап до интернет, а медиумскиот регулатор Роскомнадзор неодамна го блокираше пристапот до 56.000 веб-страници...

Свет2 часа

Трамп го објави трговскиот договор со Јапонија: ќе инвестира 550 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп објави постигнување трговски договор со Јапонија, според кој, според него, Јапонија ќе инвестира 550 милијарди долари...

Европа2 часа

(Видео) Француски воен авион се урна во Украина, објавена е снимка

Украинските воздухопловни сили во вторникот објавија дека француски борбен авион Мираж-2000 се урна во регионот Волин, објави Анадолија. „Вечерта на...

Свет2 часа

Трамп се сретна со Безос во Белата куќа, разговараа повеќе од еден час

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со основачот на Амазон, Џеф Безос, во Белата куќа минатата недела, дознава Си-ен-би-си. Средбата...

Македонија2 часа

Метеж на границите: се чека до 40 минути на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Денеска, во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување...

Македонија16 часа

Работа од далечина, ослободување за ранливите категории на граѓани: власта со препораки за работодавачите поради топлотниот бран

Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C...

Македонија19 часа

13 обвинети признаа вина за случајот со измамите со инвалидските пензии и туѓата нега – пресудена затворска казна

Тринаесет обвинети во предметот „Синдром“ склучија спогодби со Обвинителството и врз основа на тоа Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди, при...

Економија21 час

Линеарното покачување на пензиите од 1.000 денари ќе стигне во Собранието пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Владата, на денешната седница, ќе го разгледа предлог-законот со кој пензиите, место процентуално, наесен и следната пролет ќе се покачат...

Топ22 часа

Македонец почина на плажа во Драч

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија. Инцидентот се случил вчера околу 19 часот во близина на...

Македонија22 часа

Бронзен медал за македонскиот тим на Европската олимпијада во информатика

Македонските ученички информатичарки трета година по ред се оние што успешно ја претставуваат Македонија на меѓународните олимпијади по информатика. На...

Македонија22 часа

Стабилизирана состојбата со пожарот во Преспа, но природата претрпе голема штета

Пожарот што го зафати Езерани во Преспа е ставен под контрола, информира Македонското еколошко друштво. Според нив, ноќта била релативно...

Македонија23 часа

Шест пожари сè уште активни, 38 интервенции на отворено во изминатoто деноноќие

Во изминатите 24 часа, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал вкупно 38 пожари на отворен простор низ земјата. Од...

Европа24 часа

Утре почнуваат нови преговори меѓу Украина и Русија

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија е планирана за среда во Турција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски цитирајќи...

Македонија24 часа

„Влен“: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

„За само четири години како министер, Бујар Османи трчаше 11 пати на средби во Белград, а ниту еднаш во Приштина....

Свет1 ден

(Видео) Расте бројот на жртви во падот на воен авион во Бангладеш: причина за несреќата механички дефект

Најмалку 27 лица загинаа откако авион за обука на воздухопловните сили на Бангладеш се урна вчера во универзитетски и училишен...

Свет1 ден

(Видео) Синот на Бајден: Апчињата за спиење се виновни за дебаклот на дебатата со Трамп

Хантер Бајден во ново интервју изјави дека татко му, поранешниот американски претседател Џо Бајден, зел апче за спиење пред неговата...

Европа1 ден

(Видео) Автобус со рудари излета во 25-метарска бездна во Русија: 13 мртви, 20 повредени

13 лица загинаа, а 20 се повредени откако автобус што превезувал рудари паднал во провалија во далечната источна руска република...

Македонија1 ден

Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ известува дека денеска во време од 08:00–16:00 часот ќе биде...

Македонија1 ден

Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степена

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен...

Македонија1 ден

ДУИ ги соопшти имињата за градоначалници и во Тетово и Желино, за Гостивар ќе чека предлог од Таравари, а за Струга од Села

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, свика редовна седница на Централното претседателство на партијата, на која беа...