Свет
Почина Маргарет Мот, славната снимателка на СиЕнЕн
Снимателката на СиЕнЕн Маргарет Мот, која важеше за еден од легендарните известувачи од воените зони ширум светот, почина од рак на дебелото црево на 59 годишна возраст, објави портпаролот на СиЕнЕн.
Снимателката на СиЕнЕн Маргарет Мот, која важеше за еден од легендарните известувачи од воените зони ширум светот, почина од рак на дебелото црево на 59 годишна возраст, објави портпаролот на СиЕнЕн.
Маргарет Мот од Нов Зеланд работеше за СиЕнЕн околу две децении, учествувајќи во изготвувањето од многу жаришта ширум светот, а во 1992 година за време на војната во Босна и Херцеговина се здоби со прострелна рана во лицето од кое за малку ќе го загубеше животот.
По заздравувањето од прострелна рана која ја доби во нападот со снајпер врз комбето на СиЕнЕн во Сараево, таа се врати во Босна и Херцеговина и продолжи да известува за ситуацијата во овој регион.
Во документарниот филм „Бестрашна: Приказна за Маргарет Мот“кој го прикажува нејзиниот живот, Мот вели дека сака да замине од овој свет со достоинство, свесна за својата неизлечлива болест.
„Најважно е да го живееш својот живот до максимум“, вели Мот во својот документарец.
Нејзините колеги ја опишуваат како храбра, упорна и полна со хумор, секогаш облечена во црна облека, со црна коса и војнички чизми.
Мот работеше како известувач за СиЕнЕн за време на Израелската инвазија на појасот Газа во 2002 година, за време на демонстрациите по атентатот врз Индира Ганди во 1984, за време на судирите на демонстрантите со полицијата во Тбилиси, Грузија, како и за време на други конфликти ширум светот, вклучувајќи го и Блискиот Исток./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

