Свет
Четвртина Американци мислат дека Обама не е роден во САД

Четвртина од Американците сметаат дека претседателот Барак Обама не е роден во Соединетите држави покажува новата анкета на CBS News и The New York Times објавена денеска
Вкупно во анкетата 25 отсто Американци велат дека Барак Обама е роден надвор од САД, а 57 отсто велат дека тој е роден во Америка. Останатите 18 отсто не знаат каде е роден нивниот претседател.Меѓу републиканците 45 отсто сметаат дека американскиот претседател Барак Обама е роден во друга земја, како и 45 отсто од поддржувачите на конзервативното народно движење „Tи парти“. Инаку треба да се напомене дека според американскиот устав, претседателот на државата мора да е роден во САД.Од претседателот на претседателската кампања на Обама во 2008 г. беа раширени гласините дека тој е роден надвор од САД. Овој мит кој го шират ткн „бртери“ се’ уште опстојува во целиот мандат на Обама и покрај убедливите докази дека е роден на Хаваите, една од 50-те сојузни американски држави, што беше поткрепено и со објавувања на неговиот роден лист од 1961 г. во два хавајски дневни весника.Претприемачкиот тајкун Доналд Трамп последните седмици го врати во центарот на вниманието на јавноста ова прашање, инсистирајќи дека не е најуверен во потеклото на претседателот Обама. Додека Трамп го ползува ова прашање за да привлече повеќе внимание за неговата можна кандидатура за републиканската претседателска номинација, другите републиканци настојуваат да ја придушат оваа дебата. Меѓу нив е и претседателката на клубот на конгресмените со поддршка на Ти Парти, Мичел Бејчман, како и републиканската гувернерка на сојузната држава Аризона, Џејн Бривер, која неодамна стави вето на законот кој го отвора прашањето за потеклото на Обама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.