Надворешна политика
Македонија сама се справува со бегалската криза и досега нема пристигната помош-Иванов на Лидерски состанок посветен на приливот на бегалци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/photo_verybig_22724.jpg)
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во недела во Брисел на Лидерски состанок посветен на приливот на бегалци, според најавите, ќе ги запознае соговорниците со актуелната состојба за бројот на бегалци и мигранти расте, дека на јужната граница Македонија се соочува со рекордни бројки, дека уделот на бегалците од Сирија и од Ирак опаѓа, а расте уделот на мигранти од Азија и од Африка.
Во тој контекст, Иванов ќе пренесе дека Македонија бара итна, дневна и непречена соработка со Грција на сите нивоа, пред се на полициските служби и разузнавањето, а со цел и двете земји полесно да се справуваат со ситуацијата. Тој ќе побара и пристап за Македонија и на земјите од регионот до дата базите на Европската унија, до Шенген-зоната и на Фронтекс, наведено е на брифингот пред почетокот на самитот, што го свика претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
На лидерскиот состанок се поканети шефовите на држави или влади на Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Романија, Австрија и Германија. Најавено е учество и на претседателот на Европскиот совет, актуелниот претседавач со Советот на ЕУ – Луксембург, како и високиот комесар за бегалци на ООН, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.
Целта на состанокот е усвојување на заеднички оперативни заклучоци поврзани со приливот на бегалци.
Претседателот Иванов ќе се заблагодари на понудената помош, но ќе истакне дека досега Македонија целосно сама се соочува со кризата и користи сопствени средства (буџетски, човечки, технички итн), а дека ветената помош од Брисел, се уште не стигнува за Македонија, односно дека помошта која е ветена се уште патува и најверојатно е загубена на некоја точка долж мигрантскиот коридор.
Се очекува Иванов да пренесе дека сите мерки за затворање на коридорот, границите или повторна изградба на физички бариери би било срам за европската идеja и целосен пораз на европските вредности. Сепак, имаjќи ги предвид сите наjaви, како и се почудните ad-hoc инициjaтиви, мерки и соjузи, Иванов ќе пренесе дека Македониja e подготвена и има разработени сценариja за сите можни ситуации, но дека се надева дека до такво нешто нема да доjде и оти разумот ќе победи во Европа.
Иванов ќе се заблагодари и на германската канцеларка Ангела Меркел за тоа што го држи отворен коридорот, бидејќи неговото затварање може да доведе до сериозни последници во регионот, вклучително и во Македонија.
Како што е познато, македонскиот претседател ја покрена иницијативата за прогласување на кризна состојба, тој го потпиша и актот за ангажирање на војската од 19 август, со цел да и се олесни задачата на полицијата во справувањето со кризата и хуманитарната состојба. Исто така, Иванов бараше дефинирање на европски одговор кон кризата и бараше Македонија и земјите од т.н. балканска рута да бидат на масата кога ќе се усвојува европскиот план. Денеска можеби нема да се дојде до конечното решение, но Македонија е на масата, како рамноправен учесник заедно со земјите-членки на ЕУ и останатите земји од регионот.
Она што е најважно е дека Република Македонија првпат е на иста рамноправна маса со другите држави од Европа и од Европската унија кои се соочени со заканата и ризиците кои произлегуваат од неа. Сепак, она на што се очекува да се констатира е дека европскиот одбранбен ѕид не е повеќен чуван и дека е потребен навремен и единствен одговор на Европа. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.