Македонија
Ќе се чисти избирачкиот список
Државната изборна комисија, која ја презема одговорноста за гласачкиот регистар, ќе преземе и дел од вработените во Министерството за правда
Координативното тело за спроведување на активностите за преземање на избирачкиот список од Министерството за правда во Државната изборна комисија, денес имаше прв работен состанок. На состанокот, како што изјави министерот за правда, Михајло Маневски, Координативното тело ја подготвувало методологијата за спроведување на активностите, а прва задача, како што беше претходно нагласено, ќе биде ревизија на списокот во време кога ќе нема никаков притисок од процес на гласање.Меѓу другото, била донесена и одлука со која дел од вработените во министерството заедно со избирачкиот список, од 1.9.2009 г. ќе се префрлаат во ДИК. Министерот Маневски нагласи дека се побарале и активности од Министерството за надворешни работи, што ќе поднесе податоци за лица кои живеат и работат во странство, а не било евидентирано нивното враќање, морталитет, местото на погребување и други податоци, кои влијаат на прочистување на изборниот список.За работата на Координативно тело кое има претставници од ДИК, Статистика, МВР, Правда, Владата одвоила 5 милиони денари кои биле неопходни за успешна реализација за активностите околу преземањето на списокот. Членовите на Координативното тело, што беше формирано откако беа разгледани препораките на меѓународните мониторинг мисии после изборите, беа изгласани на 44-та седница на Собранието на Република Македонија, на 21 јануари годинава. Тие ќе ги спроведуваат активностите поврзани со префрлањето и ревизијата на избирачкиот список до април следната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

