Македонија
Дебата: Новинарството доведено до записничарство
Политичките притисоци, заканите, нападите и тужбите, влијанието од скриените центри на моќ и одредените бизнис кругови, како и ниските плати во фелата, се само дел од причините кои ја доведоа новинарската професија во Македонија до ниво на записничарство.
Политичките притисоци, заканите, нападите и тужбите, влијанието од скриените центри на моќ и одредените бизнис кругови, како и ниските плати во фелата, се само дел од причините кои ја доведоа новинарската професија во Македонија до ниво на записничарство. Ова го констатираа дискутантите на денешната дебата за слободата на медиумите во Македонија, долгогодишните новинари: Слободан Чашуле – „Форум“, Никола Младенов од „Фокус“, Исмаил Синани од „Алсат“, Горан Момировски – ЗНМ/Канал 5 и Горан Гавриловски од „Канал 77“. „На крајот на самоуправувањето, кога зеде замав демократизацијата, имавме поголема слобода и поголем професионализам во новинарството во Македонија отколку денес,“ рече Слободан Чашуле кој додаде дека во првите четири години на демократизацијата, во земјата имало медиуми кои со својата работа овозможиле да се завршат многу процеси кои биле во целосен застој на почетокот. „Ретки се медиумите кои успеваат да преживеат самостојно, имаме два три такви во Македонија, кои можат да го преживеат притисокот на власта, на сопственикот и на отуѓените центри на моќ, кој е зад сопствениците или зад медиумите. Во една држава со популација од 2 милиони луѓе ние имаме пет приватни национални телевизиски мрежи. Не е лошо да ги имаме под услов тие да можат да опстанат на пазарот,“ рече тој. Никола Младенов од „Фокус“ истакна дека македонското општество нема некое искуство со слободата и таа е нешто што ние допрва треба да го учиме. „Освен власта кои се другите виновници за ваквата ситуација? Пред се ние, новинарите, што дозволивме да се трампаме за некакви бенефиции со личниот интегритет,“ рече Горан Момировски, новинар и член на извршниот одбор на Здружението на новинари на Р. Македонија. Според него, притисоците од власта врз новинарите не се ништо ново и „ова што се случува сега, се случува во последните 15 години“. „Власта таква каква што е, нема да се откаже од механизмите кои објективно ги има, контролирајќи ги парите кои ги има за реклами, влијанието кај одредени бизнис кругови, кај сопствениците на медиумите, ниту пак сопствениците на медиумите ќе се откажат од државата. Единствен кој може да направи нешто е токму опозицијата. Зошто сега кога ситуацијата е толку многу лоша, не слушнавме од опозицијата предлог за донесување на закон со кој ќе се регулираат трошењето на државните пари во медиумите?“ запраша Момировски. „На некој начин, медиумите, со мали исклучоци, индиректно се столбови на корупцијата на оваа држава. Самите медиуми во повеќето случаеви, посебно во последните 10 години сакаат да бидат жртви на самиот систем и влегуваат во таа замка на власта и на опозицијата која кај нас е сепак на некој начин јака,“ рече Исмаил Синани, заменик главен и одговорен уредник на Алсат телевизија на дебатата која се одржа во организација на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Вчера, Фридом хаус во новиот извештај повторно и даде на Македонија просечна оценка за демократскиот развој, а најлоши беа оцените за ситуацијата со медиумите во земјата. Фридом хаус истакна најголема загриженост за проблемите со независноста на медиумите и притисоците кои се вршат врз новинарската фела. Пред само неколку дена снимател на ТВ Ера беше нападнат од страна на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски додека ја вршеше својата професионална задача.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата, велат од СДСМ
Две години нема зголемување на платите во Армијата, со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во одбраната, велат од СДСМ.
Во времето на СДСМ, додаваат од опозициската партија, платите растеа во сите сектори, платите псотојано се зголемуваа 7 години а парите завршуваа кај граѓаните.
„Со ВМРО парите завршуваат во криминални тендери, Владата на Мицкоски нема пари за поголеми плати во Армијата, нема пари за поголема минимална плата, нема пари за поголеми плати.
Криминалот и корупција заедно со политиките на изолација на владата на Мицкоски директно се одразуваат на влошување на економијата, значат помалку пари, преполовени инвестиции, несигурност“.
Според СДСМ, дупката во буџетот е огромна, недостасуваат, како што велат, од околу 2 милијарди евра.
„Тоа носат политиките на изолација, на анти ЕУ кампања и против САД. Затоа со ВМРО сме во група на земји со Сомалија.
Одбрана на земјата е многу важно прашање, како членка на НАТО мора да имаме силна одбрана, задоволни и мотивирани војници“.
Македонија
САД нема да им даваат визи, Мицкоски конечно најде стратегија како да ги задржи младите во Македонија, вели Жерновски
Поранешниот амбасадор на Македонија во Романија и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, со критики за владината политика по одлуката на САД за суспендирање на имигрантските визи.
„Нема виза ни за периметарот. Браво за Мицкоски! Конечно најде „стратегија“ како да ги задржи младите во Македонија – така што САД нема да им даваат визи“, напиша на социјалните мрежи Жерновски.
„Не со подобри плати, не со квалитетно образование, не со сигурни институции, туку со меѓународни рестрикции.
Од една страна, владата зборува дека ќе направи сè младите да останат дома. Од друга страна, под нејзино водство, Македонија завршува на листа на земји за кои САД ја суспендираат имигрантската политика. Ако ова е планот – тогаш навистина функционира: не заминуваш затоа што сакаш, туку затоа што не можеш.
Ова не е политика за младите, туку политика на затворање. Наместо да создаде услови поради кои младите би избрале да останат, власта создава услови поради кои светот им ги затвора вратите.
Мицкоски ветува иднина во Македонија, а испорачува изолација.
Ветува надеж, а носи рестрикции.
Ветува перспектива, а добивме повик за будење од реалноста.
Неговите „одлични, специјални односи“ со САД и со Трамп се толку одлични, што реалноста ни донесе повисоки царини за македонските производи и суспендирани визи за македонските граѓани.
Мицкоски веќе втора година нè убедува дека е „во периметарот на Трамп“, па затоа сето ова е резултат на лажно прикажаните односи и слабата дипломатија.
Погубно е вината да ја бараме во САД, бидејќи проблемот лежи во митот за „прв другар со Трамп“, кој мит е креиран и постои само во домашната пропаганда. Затоа, ова не е проблем на Вашингтон, туку на неспособната и саморекламерска надворешна политика, која повеќе служи за па-ар стратегија, отколку за заштита на интересите на македонските граѓани.
Вистинската опозиција денес има обврска да го каже ова јасно: додека Мицкоски зборува за пријателства, Македонија плаќа цена.
А тоа е најсилниот доказ дека „специјалните односи“ постојат само во неговите изјави – не и во реалниот свет“, објави Жерновски.
Македонија
Хоџа со делегација од СКСЗМ: Бизнис секторот важен партнер во усогласувањето на еколошките политики со реалните потреби на економијата
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес одржа работен состанок со делегација од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), предводена од в.д. претседателот Нухи Алиу.
За време на состанокот, на кој членовите на комората му го честитаа мандатот на Хоџа, беше договорено страните да го продлабочат институционалното партнерство и размената на идеи за прашања од заеднички интерес.
На состанокот се разговараше за теми поврзани со имплементацијата на еколошките стандарди, просторното планирање, управувањето со отпадот, енергетската ефикасност, како и влијанието на еколошките политики врз економскиот развој и бизнис-климата во регионот каде што дејствува СКСЗМ.
Хоџа истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање го смета бизнис-секторот за важен партнер во изградбата на одржлив развој и усогласувањето на еколошките политики со реалните потреби на економијата. Тој нагласи колку е значаен отворениот дијалог и континуираната комуникација за пронаоѓање практични и избалансирани решенија.
Претставниците на СКСЗМ изразија подготвеност за понатамошна соработка, претставувајќи ги предизвиците со кои се соочуваат бизнисите, како и конкретни предлози за подобрување на процедурите и поддршка на зелени инвестиции.

