Свет
Следната седмица разместување на 300 набљудувачи во Сирија
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, одлучи следната седмица да започне распоредувањето на 300-те меѓународни невооружени воени набљудувачи со мандат на ОН, коишто ќе го надгледуваат примирјето во Сирија, објави во понеделникот светската организација.
„Одлуката е донесена и распоредувањето на Мисија за надзор на Обединетите нации во Сирија ќе биде извршено во етапи од следната седмица“, изјавил заменикот на портпаролот ОН, Едуардо дел Буеи, пренесува AFP.
Оваа мисија на невооружени воени набљудувачи беше одобрена со резолуцијата 2043 на Советот за безбедност на Обединетите нации, усвоена во саботата. Меѓутоа, тогаш беше речено дека генералниот секретар на ОН, Бан- Ки-Мун ќе ја процени ситуацијата на теренот, особено придржувањето на прекинот на огнот.
Примирјето стапи на сила на 12-ти април и според информации и од сириската влада и од страна на активистите за човекови права и сириската опозиција постојано доаѓаат информации со обвинувања дека спротивната страна го прекршила прекинот на огнот.
Светската организација уште на 14-ти април одобри испраќање мисија од триесетина набљудувачи во Сирија. Распоредувањето на оваа група треба да биде завршено до крајот на април, а потоа да следува брзото разместување на воените набљудувачи, што според Буеи, е приоритет.
Во текот на расправата на Советот за безбедност за Блискиот исток во понеделникот заменикот генерален секретар на ОН задолжен за политички работи, Лин Паское,оцени дека ситуацијата во Сирија е на пресвртница и призна дека примирјето не се почитува во целост.
Обединетите нации се надеваат дека со распоредувањето на набљудувачите ќе се помогне во ставањето крај на крвопролевањето и јакнењето на примирјето, дополни Паское. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

