Свет
Референдум во Јужен Судан: речиси 99 отсто гласови за независност
Првичните резултати од референдумот во Јужен Судан покажуваат дека речиси 99 проценти од гласачите одбрале независност, соопшти денеска Комисијата за референдум по пребројани 98,7 проценти од гласовите, пренесува РојтерсРеферендумот беше договорен во рамките на мировниот договор помеѓу Југот и Северот во 2005 година, со кој заврши најдолгата граѓанска војна во историјата на Африка. Ваквите резултати беа очекувани, поради речиси вековните тензии помеѓу муслиманскиот Север и Југот во кој претежно живеат христијани и оние кои ги почитуваат традиционалните религии.Гласачките ливчиња сега треба да бидат испратени во штабот на Комисијата во престолнината на Судан, Картум на проверка, пред првичните резултати да бидат официјално потврдени во тек0от на наредната недела. Југот својата независност најверојатно ќе ја прогласи на 9-ти јули.Се уште останува да се прецизира како ќе биде разделена економијата, изворите со нафта и како ќе се одбележи новата граница. Спорниот централен регион Абјеи и натаму останува главна точка за можни недоразбирања, бидејќи и двете страни тврдат дека областа е нивна. Во текот на одржувањето на референдумот, во оваа област дојде до повеќе смртоносни судири помеѓу локалните племиња. Аналитичарите сметаат дека ниту Југот, ниту Северот не се подготвени за повторно да влезат во тотална војна. Речиси 98 проценти на буџетот на Југот се полни од приходите од нафта, која се рафинира и транспортира преку Северот. Граѓанската војна помеѓу Северот и Југот, поттикната од расправиите околу нафтата, идеологиите, етничките и верските разлики, одзеде околу два милиони животи и дестабилизира поголем дел од источна Африка. /крај/ројтерс/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

