Црна хроника
Намален бројот на умрени лица од насилна смрт за десет отсто
Бројот на умрените лица од насилна смрт во Република Македонија во 2014 година изнесувал 493 умрени лица, што претставува намалување за 10,7 отсто во однос на претходната година.
Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2,5 отсто, покажуваат податоците што во петокот ги објави Државниот завод за статистика.
Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2014 година, како и во претходните години поголемо учество имаат машките лица и тоа 74,6 отсто.
Најголемо учество во вкупниот број на случаи на насилна смрт, имаат „несреќните случаи” со 63,1 отсто, потоа „самоубиствата” со 29,8 отсто и “убиствата” со 7,1 отсто.
Во категоријата „несреќни случаи” најголемо учество имаат умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда” со учество од 26,2 отсто.
На прво место во категоријата “самоубиства” се случаите кај коишто смртта настапила поради „бесење, странгулација и суфокација” со учество од 15.0 процнети.
Во категоријата „убиства” најголемо учество се случаите од „oбид за нанесување на телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје” 3.2 отсто во однос на вкупниот број на случаи од насилна смрт. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

