Свет
Почна судењето на Џихад Џејн
Американката Колин Лароуз или позната и како Фатима Лароуз на судот во Филаделфија се изјаснила дека не се чувствува виновна по обвинението кое ја товари за терористички заговор и за заговор за извршување убиство во странство
Колин Лароуз е обвинета дека преку интернет планирала заедно со петмина соработници убиство на шведскиот карикатурист Ларс Вилкс заради карикатурата на Мухамед со која муслиманите беа навредени бидејќи ликот на пророкот беше ставен на кучешко тело. Четириесет иседум годишната Лароуз потекнува од Пенсбург во Пенсилванија беше уапсена во 15-ти октомври 2009 г. во Филаделфија.Лароуз позната во американските медиуми како „Џихад Џејн“ или „Фатима Лароуз“, исто така, е обвинета за давање лажни изјави на државни службеници и обид за крадење идентитет. Џихад Џејн и нејзините соучесници кои не се обвинети се осомничени за регрутирање машки лица на интернет „да водата џихад во“ Јужна Азија и Европа, како и жени кои имале пасоши и можност за патувања во Европа за поддршка на насилниот џихад“, се наведува во соопштението на американското министерство за правда.Според американските функционери, апсењето на Лароуз е поврзано со апсењето на седумте лица во Ирска од 9-ти март, обвинети дека подготвувале заговор за убиството на шведскиот карикатурист Ларс Вилкс. Според обвинението, таа украла американски пасош за да „олесни чин на меѓународен тероризам“, добила „директен налог да убие граѓанин и жител на Шведска, и тоа на начин со кој би се заплашил целиот куфар (неверниците). Во обвинението не се идентификува шведскито граѓанин, но американските медиуми од своите извори до биле потврда дека станува збор за карикатуристот Вилкс. Во потврда на ова се наведува дека Лароуз во октомври минатата година патувал во Европа каде ја следела целата настојувајќи да ја изврши задачата.Ако биде осудена, Лароуз се соочува со можноста да добие доживотна казна затвор и милион долари парична казна. Заговорот почнал во јули 2008 г., која таа поставила коментар на Јутјуб под корисничкото име „Џихад Џејн“, напишувајќи дека „очајнички сака да стори нешто за некако да им помогне на муслиманите“, стои во обвинението кое било објавено во медиумите во вторник. Од декември 2008 до октомври 2009 г. Лароуз според обвинението одржувала електронска комуникација со пет соучесници во заговорот за нивната заедничка намера да водат џихад и да станат маченици. Тие го користеле интернетот за да воспостават меѓусебна комуникација и да ги развиваат плановите кои вклучувале саможртвување, собирање средства за терористи, добивање пасоши и избегнување патни ограничувања за да водат џихад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина почнува нов круг разговори со САД за завршување на војната
Украинските мировни преговарачи почнуваат нов круг разговори со американскиот тим за предлозите за завршување на војната со Русија, изјави шефот на украинската делегација, Рустем Умеров.
Тој наведе дека во разговорите ќе бидат вклучени и европските партнери на Киев и дека веќе се одржани прелиминарни консултации.
„Конструктивно сме насочени. Се подготвуваме за понатамошни разговори со американската страна“, рече Умеров, додавајќи дека безбедноста на Украина мора да биде долгорочно и сигурно гарантирана.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп настојува да стави крај на речиси четиригодишната војна. Претходно неделава, претставници на Белата куќа разговараа со украински и европски функционери во Берлин.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Свет
Најмалку три лица загинаа, а девет се повредени во напад со нож и димна бомба во Тајпеј
Најмалку три лица загинаа, а девет се повредени кога маж вооружен со нож и димна бомба денеска нападна граѓани во Тајпеј, соопштија градските власти.
Осомничениот подоцна загинал по пад од зграда на трговски центар, пренесе Асошиејтед прес (АП).
Полицијата соопшти дека осомничениот бил прогласен за мртов во болница откако скокнал од шестиот кат на зградата, објави Централната новинска агенција на Тајван.
Осомничениот, идентификуван како 27-годишниот Чанг Вен, фрлил димна бомба во близина на подземен излез од метро-станицата Тајпеј Мејн, во близина на главната железничка станица, што предизвикало паника и бегство на пешаците, објавија локалните медиуми.
Потоа се упатил кон север, во популарна шопинг-зона, каде со нож нападнал повеќе лица на првиот и четвртиот кат од стоковната куќа „Еслит“, при што најчесто им нанесувал убодни рани во пределот на вратот, наведува агенцијата, повикувајќи се на полицијата.
Локалните болници потврдија три смртни случаи, додека градските власти соопштија дека уште девет лица се хоспитализирани, од кои едно е во тешка состојба.
Чанг во ноември 2024 година не се одѕвал на обуката на резервниот состав на војската и бил баран поради кршење на законот за задолжителна воена служба, пренесе агенцијата.
Како што се наведува, тој не пријавил промена на местото на живеење, поради што повикот за резервна воена обука не му бил доставен, објави агенцијата, повикувајќи се на канцеларијата на окружното обвинителство.
pexels

