Свет
Русија е загрижена поради активностите на НАТО на Арктикот
Руските економски интереси се загрозени од активностите на НАТО и на голем број азиски држави на Арктикот, изјави денеска командантот на руската морнарица, адмирал Владимир Висотски
Руските економски интереси се загрозени од активностите на НАТО и на голем број азиски држави на Арктикот, изјави денеска командантот на руската морнарица, адмирал Владимир Висотски„Во моментов голем број на закани, кои можат негативно да влијаат врз руските економски интереси, се концентрирани во Арктикот. Неодамна добивме информации дека НАТО го обележал Арктикот како своја зона на интерес“, вели Висотски.Вистоски исто така вели дека , покрај НАТО, Кина, Јапонија, двете Кореи, па дури и „прочуените арктички држави“, како Малезија и Тајланд исто така ги интензивирале своите активности на Арктикот. Рускиот министер за надворешни работи неодамна изјави Русија планира до надлежната комисија на ОН во 2012 година да поднесе предлог за проширување на своите граници во Арктичкиот појас. Русија е во спор со Канада околу ‘ртот Ломоносов и и двете земји се трудат да ја убедат комисијата на ОН дека ‘ртот е продолжение на нивните континентални појаси. Двете страни се договорија дека спорот ќе го решат со научно истражување.Решение на спорот во корист на Русија ќе и овозможи на земјата да развие огромни енергетски ресурси на Арктикот. /крај/риа/сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.

