Македонија
Премиерот најави продлжување на реформите во судството

Секој има право на свое мислење и на свој став, изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за состојбите во судството изнесени од евроамбасадорот Ерван Фуере и холандската амбасадорка Симоне Филипини
„Она што го правиме е да направиме што повеќе реформи во судството и откако е дојдена оваа Влада во Република Македонија направени се повеќе чекори и неслучајно бројот на нерешени предмети е драстично намален“, рече Груевски.Тој додаде дека реформите во судството продолжуваат и натаму. Одлуката за блокирање на сметката на А1 телевизија е на надлежен суд и е донесена врз основа на претходни процедури вообичаени во многу случаи, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето на локалниот пат Ајватовци-Мршевци.„Од она што можам да го разберам не станува збор за неограничена блокада, туку станува збор за блокада на еден износ, кој кога ќе се пополни сметката ќе биде деблокирана, а тие пари што ќе се пополнат ќе бидат чувани за во случај кога ќе заврши судскиот процес ако треба да се платат даноци и отштета на државата да има обезбедено пари со коишто ќе се плати“, рече Груевски. Тоа, како што појасни, значи дека субјектот – телевизијата може да го исполни тој износ, може да земе кредит, позајмица или на друг начин да се деблокира и да продолжи да работи деблокирано. Според него, доколку не сака да го сторат или избегнува, тоа значи дека всушност тие и немаат намера да ги платат парите за коишто е осомничена телевизијата што е еден лош сигнал. На новинарско прашање за реформите во судството и за фиансиска помош на судовите од стрена на Владата премиерот Груевски потсети дека парламентот неодамна го донесе Законот со кој се предвидува зголемување на средствата што судовите ќе ги добиваат и тоа постепено од оваа година до 2014 г. Со овој закон инаку средствата што се обезбедуваат за судовите ќе пораснат од 0,4 отсто од БДП на 0,8 отсто, а според премиерот зголемувањето ќе бид еповеќе од двојно затоа што и БДП-то постојано расте.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија.
Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори.
Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.
Од ДИК информираат дека 442 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава, а завршува во 19 часот.
Македонија
Од средината на следната недела ќе биде потопло

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Макималната температура ќе достигне до 16 степени.
Македонија
ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.
Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.
„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, стои во соопштението на ОЈО.
При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.
Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.