Македонија
Македонија и Грција утре продолжуваат со дијалогот
Македонскиот и грчкиот премиер утре треба да го продолжат дијалогот во пресрет на одлуката на Европската унија од која Македонија во декември очекува датум за преговори за членство.Средбата треба да ја подобри атмосферата, од неа не се очекува решение на долгогодишниот спор за името
Македонскиот и грчкиот премиер утре треба да го продолжат дијалогот во пресрет на одлуката на Европската унија од која Македонија во декември очекува датум за преговори за членствоСредбата на премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу треба да ја подобри атмосферата меѓу двете држави, од неа не се очекува решение на долгогодишниот спор за името, ниту посериозен напредок.Грција инсистира на решение на прашањето за името за продолжување на евроинтеграцијата на Македонија, која од Европската комисија веќе доби препорака за отпочнување на преговори.Премиерите ќе се состанат утре вечер во местото Пили, во грчкиот дел на природниот резерват кај Преспанските езера, што се протега на териториите на Македонија, Грција и Албанија.Претходно на трилатерална средба на која ќе учествува и албанскиот премиер Сали Бериша ќе се разговара за соработка во заштитата и одржливиот развој во регионот на Преспа.Новинарските екипи утрешната средба во Грција ќе треба да ја следат од локација оддалечена осум километри од местото каде што ќе се состанат премиерите, со кои веројатно нема да имаат директен контакт./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.