Македонија
Вооружените сили на БиХ во Македонија

Од денеска, во дводневна официјална посета на Република Македонија ќе престојува висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Босна и Херцеговина, предводена од началникот на Здружениот штаб на ВС на Босна и Херцеговина, генерал-полковник Миладин Милојчиќ.
Од денеска, во дводневна официјална посета на Република Македонија ќе престојува висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Босна и Херцеговина, предводена од началникот на Здружениот штаб на ВС на Босна и Херцеговина, генерал-полковник Миладин Милојчиќ.
Делегацијата, во генералштабот (ГШ) на АРМ ќе биде пречекана со високи воени почести каде домаќин ќе биде началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски. За време на престојот во МО, началникот на здружениот штаб на ВС на Босна и Херцеговина ќе се сретне и со министерот за одбрана Зоран Коњановски.
На средбата пред делегацијата од ВС на Босна и Херцеговина ќе бидат презентирани достигнатиот степен на трансформација и реформи во МО и АРМ, учеството во мисии надвор од Република Македонија и примената на Концептот за оперативни способности на НАТО, а ќе се разговара и за проширување на билатералната соработка помеѓу двете армии, при што гостите ќе бидат запознаени со капацитетите и можностите за школување на Воената академија.
Во рамките на посетата, делегацијата од Босна и Херцеговина ќе ги посети Воено-медицинскиот центар, Воената академија и армискиот полигон ,,Криволак“ каде ќе се запознае со новите капацитети за обука според стандардите на НАТО. /крај/со/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Поради незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.