Свет
Авганистанските војници во 2012-та убиле 13 коалициски војници
Тринаесет припадници на коалициските сили предводени од НАТО во Авганистан се убиени од почетокот на годинава од страна на припадници на авганистанските безбедносни сили, соопшти командантот на силите на алијансата во Кабул.
Тринаесет припадници на коалициските сили предводени од НАТО во Авганистан се убиени од почетокот на годинава од страна на припадници на авганистанските безбедносни сили, соопшти командантот на силите на алијансата во Кабул.
Американскиот генерал Џон Ален во подготвителното сведочење пред парламентарната комисија за вооружените сили изјавил дека САД и сојузниците и натаму се решителни да не дозволат Авганистан повторно да се претвори во бастион на Ал Каеда, ниту повторно да го тероризираат талибаните.
Генералот Ален сведочеше пред Конгресот на САД во моментите кога администрацијата на претседателот Барак Обама настојува да ги надвладее повеќето тешкотии во долготрајната авганистанска војна, меѓу другото и гневот на Авганистанците поради спалувањето на примероци од муслиманската света книга Куранот од минатиот месец и минатонеделното убиство на 16 авганистански цивили што го изврши американски војник.
„Само до 1-ви јануари коалицијата во акции загуби 60 храбри војници од шест различни земји. Од нив 13 беа убиени од припадници на авганистанските безбедносни сили, а веруваме дека некои од нов (Авганистанците – з.р.) делумно биле мотивирани од лошата постапка со верските материјали“, истакнал генералот Ален.
Генералот ја напомнал „способноста за амортизирање“ во односите меѓу НАТО и Авганистан, нагласувајќи дека односите меѓу странските и домашните војници се „силни“ и покрај неодамнешните случувања./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

