Контакт

Берзи

Претпазливост на азиските берзи, забавен падот на кинеските акции

Објавено пред

На повеќето азиски берзи цените на акциите во средата паднаа, бидејќи ниту олабавувањето на монетарната политика на кинеската централна банка не го запре лизгањето надолу на тамошните берзански индекси. Нафтата благо расте, а доларот и натаму е под притисок.

dobivaj vesti na viber

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување во средата беше во плус околу 1,1 отсто, додека цените на акциите на берзите во Хонгконг и во Сеул пораснаа меѓу 0,2 и 1,4 отсто. Меѓутоа, берзанските индекси во Сингапур, Сиднеј и Шангај паднаа меѓу 0,2 и 1,5 проценти, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше претпладнето во минус од 0,2 отсто, повторно тргнувајќи кон најниската вредност во последните три години.

Кинеските берзански индекси во неколку наврати во средата претпладнето се пробија во позитивните области, но сепак подоцна водечкиот индекс во Шангај се лизна за повеќе од 1,5 отсто, бидејќи вложувачите стравуваат дека новите мерки на монетарните власти во Пекинг не се доволни за да се направи пресврт во трендот на забавувањето на растот на кинеската економија.

Во вторникот кинеската централна банка ги намали клучните каматни стапки за 0,25-процентни поени, на 4,6 отсто, додека стапката за издвојување на задолжителните резерви на големите банки ја намали на 18 отсто. Со тоа на кинеските финансиски пазари ќе бидат инјектирани повеќе од 100 милијарди американски долари. Што треба да го поттикне кредитирањето и растот на економијата.

Со тоа, иако надолниот тренд на цените на кинеските акции не е запрен, сепак е забавен, имајќи предвид дека во првите два дена од оваа седмица кинеските индекси потонаа за 16 отсто, нурнувајќи се на најниските нивоа од ланскиот декември.

Одлуките на кинеската централна банка од вторникот го поттикнаа растот на акциите на светските берзи, но еуфоријата брзо спласна, па на Волстрит берзанските индекси го завршија тргувањето во минус шести ден по ред. Притоа индексите Dow Jones и S&P 500 првпат по четири години се лизнаа во „областа на корекцијата“, односно 10 отсто по нивното претходно највисоко ниво.

Тоа е последицата од ненаклонетоста на инвеститорите кон поризични вложувања, бидејќи стравуваат од нагло забавување на растот на кинеската економија. Повеќето аналитичари сметаат дека таа оваа година нема да порасни за повеќе од 7 отсто, колку и што планираше владата во Пекинг, и дека растот би можел да биде најбавниот во последните 25 години.

Поради тоа деновиве, некои земји, коишто се поизложени на кинеската економија, како што е на пример Индонезија, ги намалија процените за растот на бруто домашниот производ (БДП).

Некои рударски компании, како австралиската „BHP Billiton“ ги намалија процените од приходите и заработката, бидејќи очекуваат слабеење на побарувачката на сировини, имајќи предвид дека Кина е најголемиот светски потрошувач на сировини.

А по остриот пад на почетокот од седмицава, цените на сировините последните денови се стабилизираа на најниските нивоа во последните шест ипол години. Цената на бакарот, која служи како своевиден барометар за побарувачката во светот, се врати, пак, над нивото од 5.000 долари за тон, под којашто, првпат по шест ипол години падна во понеделникот.

На лондонската берза на нафта, цената на барел од марката Brent во средата претпладне се движеше околу 43,40 долари, или околу еден долар над најниското ниво кое го забележа во 2009 година од 42,33 долари, на којашто падна во понеделникот.

А на валутните пазари американскиот долар и натаму е под притисокот, бидејќи стивнаа очекувањата дека американската централна банка (Federal Reserve – Fed), уште во септември ќе ги зголеми клучните каматни стапки. Така во средата претпладнето курсот на доларот се движеше околу 119,50 јени, додека во вторникот во истото време изнесуваше 120 јени. Во однос на еврото, пак, доларот благо закрепна, па цената на еврото благо се лизна од вчерашните 1.1529 на 1,1495 долари./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет2 часа

Сенатот ја изблокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија15 часа

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија16 часа

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија18 часа

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...

Топ19 часа

Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, во сопственост...

Македонија20 часа

„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на...

Македонија20 часа

(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан...

Македонија20 часа

(Видео) ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори 2025 година за...

Македонија23 часа

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Регион23 часа

Црна Гора сè поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез

Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската...

Македонија24 часа

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно...

Европа1 ден

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски...

Свет1 ден

Израелски заложник за држењето во Газа: Бев гол, само му се молите на Бога да престане

Ром Браславски, неодамна ослободен израелски заложник, тврди дека бил подложен на „ужасна“ и понижувачка сексуална злоупотреба додека бил во заробеништво...

Европа1 ден

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...

Свет1 ден

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат...

Свет1 ден

Хамас предаде уште едно тело на Црвениот крст во Појасот Газа

Хамас ги предаде останките на уште еден заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа. Според Хамас, останките...

Европа1 ден

Летовите привремено запрени во Хановер по забележување дрон

Летовите на аеродромот во Хановер беа привремено прекинати синоќа откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, потврди полицијата. Аеродромот...

Свет1 ден

Путин: Она што Трамп го објави е сериозно, принудени сме да реагираме

Русија ја има најсовремената нуклеарна тријада во светот, изјави во среда портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека е...