Македонија
Послаби земјотреси во Дебар
Два послаби земјотреси се регистрирани ноќеска и рано утрината во Дебар и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија
Два послаби земјотреси се регистрирани ноќеска и рано утрината во Дебар и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје.Првиот земјотрес е со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала и е регистриран во 23 часот и 59 минути.Вториот земјотрес е регистриран во 07 часот и 21 минута утрината и е со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. /крај/со/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто
Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти СДСМ со 46.385 гласови или 12, 51 отсто.
Коалицијата „Европски фронт“ има 19,37 отсто, односно 71.786 гласа, а Влен 60.779 (16,40 отсто).
Левица, според податоците има 22,050 гласови (5,95 отсто), а ЗНАМ 16.109 (4,35 отсто).
Резултатите постојано се ажурираат на веб страната на ДИК.
Македонија
Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК
Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати на ДИК.
Од обработените податоци, Силјановска има 148.568 гласа, односно 62,74 отсто, наспроти нејзиниот опонент со 71.906 гласа, односно 30,37 отсто.
ДИК претходно објави дека постигнат е цензусот за претседателските избори.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ, покажуваат првичните бројки од партискиот штаб
Од обработени 9,61% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 20.713 а СДСМ 5.857 глас, покажуваат првичните резултати од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ.
Така, од партијата анализираат дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ и другите партии на парламентарните избори.
Бројките на партијата досега се: ВМРО – ДПМНЕ – 20.713, СДСМ – 5.857, ДУИ – 7.552, ЛЕВИЦА – 1771, ЗНАМ – 1.552, ВЛЕН – 4.100, ГРОМ – 109.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и носител на изборната единица број 2 во изјава за медиумите говорејќи за претседателските избори рече дека Гордана Силјановска Давкова има убедливо водство пред Стево Пендаровски.
Според партиските бројки, од избројани 12.54 осто од избирачките места, Сиљановска-Давкова има освоено 126.678 гласови, додека пак кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски има 51.965 гласови.