Македонија
ЕБОР прогнозираше поголем раст отколку ние самите
Прогнозата на Европската банка за обнова и развој ЕБОР за Македонија е знак дека сме на вистинскиот пат за излез од глобалната криза, смета премиерот Груевски откако вчера беше објавено дека Македонија ќе има најголем економски раст од сите земји во регионот
Најавата на ЕБРД за инвестирање во Македонија со сума од половина милијарда евра во Македонија за премиерот Никола Груевски е знак дека најголемите финансиски институции во светот имаат доверба во земјата. Според Груевски политиките кои се водат во макроекономијата се генерално во добар правец и врз база на доверба која ЕБРД ја имаат во нашата земја, сакаат да инвестираат кај нас.„Од тоа што го знаеме, се работи за инвестиции за патната инфраструктура, железничката инфраструктура, што значително ќе го подобрат квалитетот на живеење во Македонија“, изјави Груевски..
Предвидувањата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) дека Македонија ќе има најголем раст на економијата од сите земји во регионот, според Груевски е добра вест, а уште подобро е што ЕБРД предвиде и поголем раст од тој што домашните експерти го прогнозираа а спорд него извонредно добра вест е и тоа што ова укажува дека политиката на Владата е на вистинскиот пат за излез од глобалната криза..„Ние прогнозиравме два отсто, а ЕБРД 2.2 процента. Прво добро е што сме блиску а второ добро е што предвидуваат поголем раст отколку што предвидевме. Тоа укажува дека економските политики на Владата се добри и дека сме на вистинскиот пат за заздравување од глобалната криза и добро е кога тоа го потврдуваат меѓународни финансиски институции. Тоа е добра вест која покажува дека ЕБОР прогнозираше поголем раст од самите нас. Тоа е добар сигнал и укажува дека макроекономските политики на Владата се добри и се на вистински пат за заздравување од глобалната криза. Добро е кога тоа го потврдуваат и вакви меѓународни финансиски институции кои имаат одлични служби за следење на состојбите и се голем инвеститор во Македонија. Мене ме радува фактот што ЕБОР дава ваква позитивна оценка и се надевам дека ќе го оствариме предвиденото“, изјави премирот на денешното предавање на новите противпожарни возила за општините во Македонија. Во врска со најавата на ЕБОР и Европската инвестициска банка дека се заинтересирани за финансирање проекти во Македонија во износ од околу половина милијарда евра, шефот на Владата рече дека тоа се должи на довербата што кон македонија ја имаат овие влијателни финансиски индтитуции.„Заинтересираноста е навистина добар сигнал и укажува дека двете главни институционални финансиски институции и банки во Европа имаат доверба во македонската економија што значи дека политиките во макроекономскиот дел и, генерално, во економијата се во добар правец и врз основа на таа доверба тие сакаат да инвестираат поголеми средства во патната и железничката инфраструктура, енергетиката и во други проекти, Тоа значи дека ќе го подобрат квалитетот на живеење во државата и ќе ја зголемат енергетската сигурност во Македонија и укажува дека треба да продолжиме со вакви политики кои влеваат доверба во најголемите светски финансиски институции“, нагласува Груевски во врска со прашањата кои му беа поставени од новинарите во врска со прогнозите што во сабота во Загреб ги обајви ЕБОР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерството за здравство ги кани на соработка нашите лекари кои работат во странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

