Спорт
Преглед на најголемите несреќи на стадионите

Најмалку 74 навивачи загинаа, а 1.000 се повредени, по нередите кои избувнаа, веднаш по завршувањето на синоќешниот натпревар помеѓу Ал Масри и Ал Ахли, во египетскиот град Порт Саид. Ал Масри го победи Ал Ахли со 3:1, со што на гостинот му го нанесе првиот пораз по цели 14 месеци.
Најмалку 74 навивачи загинаа, а 1.000 се повредени, по нередите кои избувнаа, веднаш по завршувањето на синоќешниот натпревар помеѓу Ал Масри и Ал Ахли, во египетскиот град Порт Саид. Ал Масри го победи Ал Ахли со 3:1, со што на гостинот му го нанесе првиот пораз по цели 14 месеци. Нередите во кои страдаа голем број навивачи започнале веднаш по завршувањето на натпреварот, кога симпатизерите на двата тима, едни кон други започнале да фрлаат со камења и шишиња, по што настанал општ хаос. Трагедијата во Порт Саид не е прва која се случува на фудбалските стадиони. Еве преглед на најголемите несреќи на стадионите ширум светот:5.април 1902, Глазгов (Шкотска) – На натпреварот помеѓу Шкотска и Англија се сруши дел од трибините на стадионот „Ајброкс“, при што загинаа 25, а повредени биле 517 лица.9.март 1946, Болтон (Англија) – Поради рушење на ѕид на стадионот, за време на натпреварот од ФА купот, помеѓу Болтон и Стоук, загинале 33 лица, а повеќе од 400 биле повредени.30.март 1955, Сантијаго (Чиле) – Шест навивачи загинаа кога толпа од 70.000 луѓе се обидела да влезе на стадионот, со намера да го гледа финалето на јужноамериканскиот Куп, во кој Аргентина го совлада Чиле со 1:0.24,мај 1964, Лима (Перу) – 318 луѓе загинале, а 500 биле повредени во немирите на Националниот стадион, откако Аргентина го победи Перу во квалификациите за пласман на Олимписките игри. До немирите дошло кога судијата, во последните моменти од натпреварот, поништил гол на Перу.2.јануари 1971, (Глазгов (Шкотска) – 66 луѓе го загубиле животот, а 140 биле повредени, кога за време на натпреварот помеѓу Селтик и Ренџерс, се урнала оградата на стадионот „Ајброкс“.20.октомври 1982, (Москва (Русија) – На натпреварот помеѓу Спартак и холандскиот Харлем, одигран во рамките на Купот на Европа, животот го загубија 340 лица. Несреќата се случила во моментот кога полицијата, пред завршувањето на натпреварот, започнала да го празни стадионот. Инцидентот се случил кога публиката се обидела да се врати назад на стадионот, откако слушнале дека е постигнат гол. 11.мај 1985, Бредфорт (Англија) – Во пожар, кој бил предизвикан од цигара, бидејќи голем дел од стадионот бил направен од дрво, загинале 56 лица.29.мај 1985, Брисел (Белгија) – Пред почетокот на финалниот меч во Купот на европските шампиони, помеѓу Јувентус и Ливерпул, загинаа 39 лица, откако ѕид се сруши врз навивачите на двата тима. 12.март 1988, Катманду (Непал) – Најмалку 93 луѓе го загубиле животот, а околу 100 биле повредени, во стампедото кое се случило на стадионот, кога навивачите помислиле дека влезните порти се заклучени.5.мај 1992, Бастиља (Корзика) – 17 луѓе загинале, а 1.900 биле повредени, кога се урнала трибина за време на полуфиналниот меч во францускиот Куп, помеѓу Бастиља и Марсеј. Трибината била дополнително изградена, за да се зголеми капацитетот на стадионот.1996, Гватемала Сити (Гватемала) – 80 навивачи загинале во стампедото на стадионот во Гватемала Сити пред натпреварот помеѓу Гватемала и Костарика2001, Јоханесбург (Јужна Африка) – 43 навивачи загинале во стампедото, кога се обидувале да влезат на стадионот „Елис Парк“ за време на натпревар од јужноафриканскиот шампионат.2011, Акра (Гана) – Во стампедото кое настанало, откако полицијата фрлила солзавец меѓу навивачите кои предизвикувале нереди, загинале 126 лица, на стадионот во Акра.2009, Абиџан (Брег на Слонова коска) – 19 лица загинале пред квалификациониот натпревар за пласман на Светското првенство помеѓу домашниот тим и репрезентацијата на Малави. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чебет златна на 10.000 метри, Краузер неприкосновен во фрлање ѓуле

Неверојатната трка и победа на Беатрис Чебет на 10.000 метри и демонстрацијата на моќ на Рајан Краузер во фрлање ѓуле го одбележаа првиот ден од Светското првенство во Токио.
Повеќе од 65.000 луѓе ја гледаа трката на 10.000 метри за жени на Олимпискиот стадион. Кенијките Чебет и Нгетич, Етиопјанките Цегај и Таџе и Италијанката Надја Батоклети се одвоија во раната фаза на трката.
Расплетот се случи во последниот круг. Чебет, актуелната светска рекордерка и олимписка шампионка, го забрза темпото, но на општо изненадување само Батоклети ја следеше. Кенијката, сепак, имаше поголема сила и го освои светскиот трон со време од 30:37.61.
Пресреќната Батоклети беше втора, 62 стотинки зад победничката, додека Чегај, која ја бранеше круната од Будимпешта, заврши на третото место.
Рајан Краузер, светскиа и олимписки шампион и светски рекордер не фрлаше никаде цела година. Тој дојде на Светското првенство во Токио и речиси рутински победи со 22,34 метри. Дури и неговиот втор најдобра резултат 21,99 ќе му донесеше уште едно светско злато. Ова е негов трет последователен триумф на светските првенства.
Сензација на денот е Мексиканецот Узиел Муњоз, кој го освои среброто. Во последната серија го фрли ѓулето на далечина од 21,97. Италијанецот Фабри стигна до бронзата со три сантиметри полошо резултат од Мексиканецот.
Новозеланѓанецот Волш исто така имаше 21,94, но поради полоша серија, остана без медал.
Денот заврши со победа на мешаната штафетна екипа на Соединетите Американски Држави на 4 x 400 метри. Дидмонд, Ирби-Џексон, Мекивер и Холмс се искачија на највисокото скалило на подиумот со време од 3:08,80.
Во финалето, среброто и го донесе на Холандија големата Фемке Бол, додека Белгија ја освои бронзата благодарение на одличниот финиш на Елен Понет, која ја престигна Понет од Полска во фото-финишот.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Волејот на Зубименди му го трасираше патот до победата на Арсенал

Фудбалерите на Арсенал рутински го победија Нотингем Форест со 3:0, во четвртото коло од Премиер лигата.
Тимот од Лондон поведе во првото полувреме, а потоа рутински ја потврди победата во второто. На клупата на Форест, неуспешно дебитираше, Ангелос Постекоглу.
Се играше 32-та минута кога Мартин Зубименди постигна еден од најубавите голови оваа сезона во Премиер лигата.
По корнерот на Мадуеке, реагираше одбраната на „шумарите“, поточно Крис Вуд, кој ја испрати топката со глава надвор од шеснаесетникот и право на ногата на Мартин Зубименти кој со волеј ја испрати зад грбот на Селс. .
Со гол предност, Арсенал отиде на пауза, а веднаш по враќањето во 46-та минута, Виктор Ѓекерес постигна гол по додавање од Ебречи Езе за 2:0.
Стрелецот на првиот гол, Зубименди, стави точка на натпреварот со асистенцијата за Ландро Тросар во 79-та минута од натпреварот.
Сенка на победата фрли повредата на Мартин Одегард кој се поврди во раната фаза на првото полувреме и мораше да го напушти теренот.
Арсенал е на првото место со девет бода, но и натпревар повеќе од другите тимови. Додека Нотингем Форест е на 11-та позиција со четири бода.
Во следната рунда Арсенал во дербито ќе го пречека Манчестер Сити, а Нотингем гостува кај Барнли.
Foto/ EPA
Спорт
Бецеки победи во спринт трката во Мизано

Марко Бецеки возачот на Априлија го освои спринтот во Сан Марино. На патакета во Мизано, Бецеки победи пред Алекс Маркез (Гресини Дукати) и Фабио Диџанантонио (ВР46). Лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез со својот Дукати не ја заврши трката.
Бецеки трката во Мизано ја стартуваше од пол-позицијата, успеа да ја задржи на стартот, пред Марк Маркез кој се проби од четвртата на втората позиција. Зад нив беа Диџанантонио и Фабио Квартараро.
Квартараро со својата Јамаха излета од патеката во петтиот круг, позицијата му ја препушти на Франко Морбидели (В46).
Шестиот круг беше клучен за трката. Најпрвин Маркез го мина Бецеки, а во истиот круг лидерот во вкупниот пласман, излета од патеката.