Свет
Русија купува беспилотни авиони од Израел

Русија ќе купува беспилотни авиони од Израел, според договорот помеѓу државната израелска компанија Israel Aerospace Industries (IAI) и рускиот производител на оружје “Оборонпром”, објавија двете компании.
Русија ќе купува беспилотни авиони од Израел, според договорот помеѓу државната израелска компанија Israel Aerospace Industries (IAI) и рускиот производител на оружје “Оборонпром”, објавија двете компании.Извор од израелската воена индустрија, рече дека според договорот потпишан во Израел, беспилотните авиони ќе бидат правени во Русија. Русија сака да купи втора пратка на израелски беспилотни авиони со сума двапати поголема од првичната вредност на договорот од 50 милиони долари, објавен во април 2009 година.”Ова е голем чекор напред во продлабочувањето на соработката меѓу IAI и руската индустрија. Ова договор ќе ја засили и билатералната соработка меѓу Израел и Русија “, објавија двете компании во соопштението.Воениот конфликт меѓу Русија и соседна Грузија во 2008 година, фрли светлина покажа дека армијата има доста застарена опрема и недостаток на модерни беспилотни летала за шпионирање, посочуваат аналитичари во секторот на одбраната./крај/бг/ро/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“