Македонија
Македонија без финале на Евровизија

Македонскиот претставник на Евровизија групата Некст тајм синоќа во Москва на првата полуфинална вечер не успеа да се пласира во финалето во сабота
Македонскиот претставник на Евровизија групата Некст тајм синоќа во Москва на првата полуфинална вечер не успеа да се пласира во финалето во сабота.
Ова е втора година по ред како Македонија отпаѓа уште на стартот. Некс тајм со песната „Нешто што ќе остане“, ја поделија минатогодишната судбина на Тамара, Врчак и Адријан Гаџа.
Во финалето за избор на песната за Евровизија, од првата вечер се пласираа Израел, БиХ, Португалија, Шведска, Исланд, Малта, Азербејџан, Ерменија, Турција, Романија.
Другите десет финалисти ќе бидат избрани утре на втората полуфинална вечер и ќе ги одмерат силите заедно со основачите на Евровизија Германија, Франција, Шпанија и Велика Британија и со земјата домаќин Русија.
Македонија дебитираше на изборот за песната за Евровизија во 1998 година и досега нема забележано некој поголем успех.
Пред Некс тајм, македонски претставници на Евросонгот беа Владо Јаневски, групата XXL, на два пати Каролина Гочева, Тоше Проески, Мартин Вучиќ и триото Тамара, Адријан и Врчак./крај/м/е/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)