Македонија
Заврши едномесечната промоција на „Моја кариера“

Националната програма за практинкантска работа и вработување „Моја Кариера“ денеска во Скопје ја имаше својата последна, во низата промоции низ Макед
Националната програма за практинкантска работа и вработување „Моја Кариера“ денеска во Скопје ја имаше својата последна, во низата промоции низ Македонија.
Програмата развиена во рамките на проектот на УСАИД за конкурентност во соработка со градот, Министерството за образование и наука и скопските универзитети, тимот на програмата за практикантска работа ги презентира предностите на оваа програма пред студентите и бизнис заедницата.
За време на едномесечното road show, беа одржани презентации за студентите и деловните луѓе во 11 градови во Македонија вклучувајќи ги Штип, Битола, Охрид, Струга, Тетово, Гостивар, Струмица, Свети Николе и Куманово.
Досега преку 800 студенти се регистрирани на порталот www.mojakariera.com.mk и активно ги користат неговите сервиси. Во моментов, над 50 од нив се ангажирани како практиканти во повеќе македонски компании вклучувајќи ја Стопанска банка АД Скопје, Мекдоналдс, ЕВН Македонија, Божиновски и други. Многу од овие практикантски ангажмани се очекува да прераснат во нови вработувања. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити го претстави новото кошаркарско игралиште во Гази Баба: Инвестиција за младите и енергијата на спортот

Кандидатот на коалицијата „Влен“ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го претстави новоизграденото кошаркарско игралиште во населбата Гази Баба, оценувајќи го овој проект како конкретен чекор за развој на младите и поттикнување на спортските активности во заедницата.
„Новото кошаркарско игралиште што штотуку го изградивме ќе биде место каде што нашите деца ќе растат во духот на натпревар, тимска работа и успех. Секој постигнат кош е чекор кон самодоверба, кон соништата што започнуваат од нашите улички и водат кон големите арени,“ истакна Меџити.
Тој потенцираше дека преку овие инвестиции во спортска инфраструктура се создаваат простории кои им даваат живот на населбите и го зајакнуваат чувството на заедништво.
„Ние веруваме во младите на Гази Баба. Затоа инвестираме во спортска инфраструктура, во простории кои внесуваат живот во нашите маала, во проекти кои ја прават населбата посилна и поубава. Ова е Гази Баба – активна, жива, со позитивна енергија и со визија за иднината. Ова е нашата политика: да градиме, да развиваме и да им овозможиме на сите деца да растат со достоинство и страст. Кошаркарското игралиште е само почеток. Големата победа е онаа на Чаир,“ потенцираше кандидатот на ВЛЕН, Изет Меџити.
Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.
Македонија
Филипче: Најновите економски податоци се алармантни, денеска ќе ги објавам за граѓаните да ја знаат вистината

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во објава на социјалните мрежи најави дека на прес-конференција во 12 часот ќе ги објави најновите економски индикатори кои, како што вели, не се само загрижувачки, туку навистина алармантни.
„Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. На денешната прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објавам, граѓаните да ја знаат вистинската состојба со економијата. Бројките се фрапантни и јасно укажуваат на сериозни ризици за буџетот и економската стабилност на државата“, стои во објавата на претседателот Филипче.