Свет
„Дејли телеграф“: Клучна недела за Обама
Оваа недела ќе биде од клучно значење за американскиот претседател Барак Обама, пишува лондонскиот весник „Дејли телеграф“.
Оваа недела ќе биде од клучно значење за американскиот претседател Барак Обама, пишува лондонскиот весник „Дејли телеграф“.
Американскиот претседател вчера ги започнал подготовките за спасување на својот предлог закон за реформи во системот на здравствена заштита, но и на својот кредибилитет како лидер способен политичарите во Вашингтон да ги убеди да го направат она што тој го сака.
Обама мора да го избегне понижувањето, кое ќе следува доколку не успее да го протурка законот за општо здравствено осигурување.
Понижување околу ваквиот закон доживеа Бил Клинтон и други демократи пред него, забележува весникот.
Опозициските републиканци се убедени дека можат да докажат дека Обама не го чувствува пулсот на американскиот народ, бидејќи сака во период на рецесија и невработеност од 10 отсто да усвои закон чие спроведување ќе чини 900 милијарди долари.
Иднината на законот е целосно неизвесна, бидејќи партијата на американскиот претседател во Сенатот нема убедливо мнозинство, пишува „Дејли телеграф“./крај/он/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.

