Македонија
Адеми имаше работна средба со градоначалниците од Југоисточниот плански регион
Во четвртокот попладне во министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми во Струмица одржа работна средба со градоначалниците од Југоисточниот плански регион.
Тема на состанокот беше утврдување на условите дефинирани во моделот на концесискиот договор, како дел од тендерската документација на третата и последна фаза од Конкурентниот дијалог за доделување на концесија за управување со цврст отпад во Југоисточниот плански регион.
Согласно агендата на состанокот, на градоначалниците им беа презентирани барањата и сугестиите во однос на тендерската документација, добиени од потенцијалните концесионери, кои беа доставени на разгледување и усогласување помеѓу двете страни во рамките на последната фаза од Конкурентниот дијалог, односно во делот на преговарање и усогласување на условите за доделување на концесијата.
На состанокот се разменија мислења и сугестии во делот на проширувањето на локацијата на депонијата, условите за собирање на отпад, условите за наплата, обврските на општините и планскиот регион во целост, како и обврските на понудувачите, односно потенцијалните концесионери.
Согласно дискусиите меѓу градоначалниците, стручниот тим ангажиран од МЖСПП и министерот Адеми се заклучи дека процесот на преговарање ќе продолжи и дека до конечно усогласување на моделот на Концесискиот договор ќе се одржат уште неколку средби, се со цел утврдување на финален Концесиски договор кој ќе биде прифатлив и усогласен меѓу двете страни./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода дел од улицата Христо Смирненски 13
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул.Христо Смирненски 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул.Партизански Одреди).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, оставете го мобилниот додека возите, апелира МВР
Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви. Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи, соопшти МВР.
„Тоа не се само бројки – тоа се нечиј син, нечија мајка, сопруг, дете. Нечии деца остануваат без родители и обратно родители остануваат без своите деца. Овој, без дилема, поразителен биланс не е производ на природни катастрофи или воени конфликти, туку резултат на нашата култура, менталитет и однесување во сообраќајот. Несмееме да дозволиме сообраќајот од секојдневна неопходност да прерасне во нужно зло на современото живеење“.
Статистиката, додаваат од ова министерство, покажува дека најчестите причинители кои доведуваат до сообраќајни несреќи со фатални последици се пред се непочитувањето на сообраќајните правила, односно користењето на мобилен телефон при возење, возењето со брзина поголема од дозволената, возењето под дејство на алкохол, итн.
„Апелираме до граѓаните: оставете го мобилниот телефон додека управувате со возилото, не возете со брзина поголема од дозволената, не седнувајте зад воланот доколку сте конзумирале алкохол. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи не го ставајте во ризик вашиот и животот на вашите најмили, како и на останатите учесници во сообраќајот.
Апелираме до родителите: не им дозволувајте на вашите деца да управуваат било какво превозно средство без соодветна обука и дозвола. Сообраќајната култура мора да им се вгради и вгнезди на децата уште од најмала возраст, а тука големо влијание имаат родителите и целокупниот воспитно-образовен процес.
Со најголема одговорност апелираме до сите учесници во сообраќајот, бидете совесни, внимателни и дисциплинирани. Една непромислена одлука – возење со мобилен телефон во рака или со брзина поголема од дозволената, или под дејство на алкохол – може да го одземе вашиот или нечиј друг живот.
Нема ништо поважно од човечкиот живот. Безбедноста на патиштата не зависи само од полицијата и контролите, туку пред сè од секој поединец зад воланот“.
Министерството за внатрешни работи, како што е нагласено во соопштението, ќе продолжи со засилени контроли на терен, но вистинската промена почнува со одговорноста на секој возач. „Почитувајте ги правилата, намалете ја брзината и не седнувајте зад волан под дејство на алкохол. Да возиме со ум, не со емоции. Да не дозволиме нашето невнимание да биде причината некој да не се врати дома“.
Македонија
(Видео) Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел
Стевчо Јакимовски знае дека следи ревизија на неговата криминална работа и дека ќе излезат на виделина сите криминали кои ги правел, затоа плаче, наместо да честита.
Стевчо Јакимовски е причината зошто Карпош e бетонска џунгла, во која интересот на граѓаните беше на последно место, истакна на прес-конференција Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Стевчо Јакимовски по поразот кој го доживеа во Карпош, се уште не може да се помири дека дојде крајот на неговото изживување врз карпошани.
Јакимовски тоне во своите солзи, говори за некакви изборни нерегуларности во кои само тој верува. Јакимовски е свесен за неговите злоупотреби кои ги има направено во Карпош и во страв дека сите работи ќе излезат на виделина, Стевчо плаче.
Алиби мајсторот Стевчо, се плаши од ревизија во општината и затоа му порачуваме овие неколку дена што му останаа да не потпишува никакви документи, бидејќи добивме информации дека презема очајнички слугувања кон мафијашите што ги штити“.
Храбриот Стевчо, вели Јаревски, треба да знае две работи, а тоа е дека народот во Карпош го порази и дека ќе има ревизија на неговото работење.
„Карпош се ослободи од Стевчо и неговите другарчиња од градежната мафија. Сотир Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја препородат општина Карпош“.

