Спорт
Можно е Рио Фердинанд да се врати на дуелот со Спарс

Сер Алекс Фергусон навестува дека е можно Рио Фердинанд да се опорави побрзо од очекувањата и да биде подготвен за дуелот со Тотенхем.
Англискиот интернационалец е надвор од акција откако заработи повреда на загревањето на Комјуните Шилд натпреварот против Челзи.Сепак дефанзивецот оваа недела ги одработи сите тренинзи и можно е да биде дел од составот на Фергусон за гостувањето на Вајт Харт Лејн во сабота.Сер Алекс Фергусон откри за можноста Фердинанд да биде дел од тимот на денешната прес-конфереција.Герги Невил, Фабио и Вес Браун исто така сите се на располагање на тренерот но настапот на Џон О’Шеј е под голем знак прашалник.Менаџерот на Јунајтед е задоволен од ситуацијата со повредените играчи и рече дека “ние сме во подобра позиција отколку во минатите месеци“ кога е во прашање одбраната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Министрите за спорт од Србија и од Црна Гора дел од Првиот регионален спортски самит во Скопје

Под покровителство на Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, а во организација на Why Not Group, на 10 септември 2025 година, во DoubleTree by Hilton Skopje, ќе се одржи Првиот Регионален Спортски Самит – Скопје 2025.
Овој исклучително важен настан ќе ги обедини највисоките носители на спортските политики од регионот, вклучувајќи ги и министрите за спорт од Република Србија и Црна Гора. Своето присуство официјално го потврдија Министерот за спорт на Република Србија, Зоран Гајич, како и Министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шчекич, кои заедно со Министерот за спорт на Република Северна Македонија ќе бидат дел од клучните дискусии за иднината на спортот во регионот.
Овој значаен собир, прв од ваков вид во нашата земја, претставува чекор напред во градењето на силни регионални врски меѓу институциите, федерациите, спортските организации и бизнис-секторот. Самитот ќе овозможи без преседан дијалог и соработка за унапредување на спортската инфраструктура, поддршка на младите таленти, и позиционирање на спортот како стратегиска алатка за општествен развој.
Настанот ќе се одвива под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“, нудејќи уникатна можност за размена на идеи, инспирација и градење на долгорочни стратегии за спортскиот развој на национално и регионално ниво.
Преку панел-дискусии, работилници и сесии за вмрежување, учесниците – меѓу кои министри, спортски федерации, претставници на спортски клубови, бизнис лидери, академии, медиуми и визионери – ќе имаат можност да иницираат конкретни проекти и партнерства насочени кон унапредување на спортот, промоција на здравиот начин на живот и зголемување на улогата на спортот во креирањето одржливи општества.
Првиот Регионален Спортски Самит – Скопје 2025 претставува стратешки значаен настан што ќе го постави Скопје на мапата на главните регионални центри за спортски дијалог, соработка и развој. Очекуваното присуство на бројни делегации и високи гости ја потврдува важноста на иницијативата и отвора нови перспективи за регионална синергија во областа на спортот.
Спорт
Антони се расплака по враќањето во Бетис

Бразилецот Антони се расплака по враќањето во Севилја, раскажа колку му било тешко во последните 40 денови додека престојувал во хотел пред конечно да се реализира неговиот трансфер од Манчестер јунајтед во Бетис.
Антони ќе биде адутот на Бетис и во новата сезона, но овој пат не како позајмен играч од Манчестер јунајтед. Шпанскиот клуб успеа да го откупи неговиот договор од Манчестер јунајтед по долги преговори.
Трансферот изнесуваше 25 милиони евра (21 милион фунти), а играчот и клубот потпишаа петгодишен договор.
Славниот клуб од „Олд Трафорд“ е во голема финансиска загуба, бидејќи му плати на Ајакс дури 95 милиони евра за Антони во летото 2022 година.
Факт е дека Антони никогаш не ја оправда големата инвестиција, односно парите што во него ги вложи Манчестер јунајтед. Вториот дел од минатата сезона го мина на позајмица во Бетис и тука навести дека може да биде на нивото на кое беше во Ајакс.
𝔎𝔦𝔫𝔤 𝔬𝔣 𝔗𝔯𝔦𝔞𝔫𝔞 👑🐐 pic.twitter.com/DFvqxJxj3M
— Real Betis Balompié (@RealBetis_en) September 2, 2025
Едноставно, откако пристигна во Шпанија, во прекрасната Севилја, се чувствуваше како дома, одигра одлична полусезона и со девет гола и пет асистенции во 26 натпревари му помогна на тимот на Мануел Пелегрини да игра во финалето на Конференциската лига минатата сезона и да обезбеди пласман во Лигата на Европа.
„Каква разлика! Севиља е поубава од Манчестер. Конечно сум повторно тука. Поминав повеќе од 40 дена во хотел, беше многу тешко, но сите знаеја дека сакам да се вратам. Со нетрпение очекувам повторно да го носам дресот на Бетис. Можам само да им се заблагодарам на сите што го овозможија тоа“, рече Антони без да ги крие солзите.
Регион
Зошто само Вучиќ и Фицо дојдоа од Европа на историската парада на Шји во Кина?

Речиси сите европски лидери одлучија да ја бојкотираат кинеската воена парада по повод Денот на победата во Пекинг, со исклучок само на двајца лидери, чие присуство предизвика многубројни контроверзии, пишува Би-би-си.
Тоа се словачкиот премиер Роберт Фицо и српскиот претседател Александар Вучиќ, кои со тоа повторно се најдоа во центарот на вниманието. И двајцата присуствуваа на руската парада за Денот на победата во Москва во мај и исто како и тогаш, и сега во Пекинг се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин.
Иако двајцата пристигнаа во Пекинг, нивните мотиви се разликуваат. Србија, иако е кандидат за членство во ЕУ, има блиски економски односи со Кина и се обидува да одржи неутрален став кон Русија и покрај осудите на војната во Украина.
Од друга страна, позицијата на Роберт Фицо е многу посложена. Неговата Словачка е членка и на ЕУ и на НАТО, но Фицо отворено повикува на нормализација на односите со Русија.
Додека Брисел планира да го прекине увозот на руска нафта и гас до крајот на 2027 година, словачкиот премиер сака да го зголеми снабдувањето на својата земја со руски енергетски производи и покрај напорите на Украина да го прекине гасоводот.
Остра порака од Брисел
Додека Путин го фали Фицо за неговата „независна надворешна политика“, европските сојузници го гледаат тоа сосема поинаку.
На прашањето дали словачкиот премиер ја претставува Европската Унија во Пекинг, портпаролката на Европската комисија даде краток и јасен одговор – „не“. Таа нагласи дека Кина е клучен поддржувач на Русија во војната против Украина.
Политичките противници на Фицо во Словачка го обвинуваат дека служи на руската пропаганда и дека ги предал интересите на сопствената земја. Самиот Фицо го оправдува своето доаѓање со тоа што наведува дека е во Пекинг „додека се формира новиот светски поредок“.
По разговорот со Путин, тој рече дека дошол до неколку заклучоци и дека има сериозна порака за украинскиот претседател Зеленски, со кого треба да се сретне в петок.
Фото: ЕПА