Свет
Во Русија се одржаа првите протести на крајниот исток
Неколку илјади руски граѓани учествувале во саботата наутро на првите протести на крајниот исток од земјата во Сибир, на кои се спротиставија на изборните резултати, но во некои градови полицијата уапсила десетина граѓани под изговор дека не се придржувале до најавата за одвивање на протестите.
Неколку илјади руски граѓани учествувале во саботата наутро на првите протести на крајниот исток од земјата во Сибир, на кои се спротиставија на изборните резултати, но во некои градови полицијата уапсила десетина граѓани под изговор дека не се придржувале до најавата за одвивање на протестите. Петстотини луѓе организирани преку социјалните мрежи се собраа во најголемото руско пристаниште на Пацификот, Владивосток, коешто е седум врменски зони одалечено од престолнината Москва. Тие носеле слогани „Поништете ги изборните резултати“ и „Фалсификаторите во затвор“ .Во Хабаровск, голем град на рускиот далечен исток, според западните медиуми имало собрано неколку стотини противници на владејачката партија Единствена русија на премиерот Владимир Путин, кои биле растерани од полицијата. Руските медиуми, пак јавуваат за 60 демонстранти од кои биле приведени 30-ина Агенцијата РИА Новости известува дека главно протестите биле мирни со најмогу 20-ина приведени. Агенцијата Интерфакс, пак, наведува дека во градот Благовјешченск имало неколку десетици демонстранти, а околу 200-ини излегле на улицата на градот Чита, во источен Сибир. Таму биле приведени две лица.Во сибирскиот град Томск, според АFP која се повикува на опозициски активисти со кои контактирала телефонски, имало 500 демонстранти, додека руските агенции велат дека таа бројка изнесувала 1.500 лица и дека минала без никаков инцидент.Исто така, руските медиуми велат дека бројката демонстранти во градот Челјабинск била околу илјада, што е повеќе отколку што јавуваат опозициските активисти, а во градот Перм биле приведени 14 од неколку стотини демонстранти поради непријавените протести. Во Архангелск, исто така, на протестот учествувале околу 200 лица. Во милионската Москва за сабота претпладне од страна на опозицијата е најавен протест на околу 30 илјади луѓе, додека РИА Новости повикувајќи се на московската полиција пренесува дека во 14,30 часот по локално време (11.30 по македонско) на плоштадот Балотној имало собрано 15 илјади активисти на опозицијата , и уште околу стотина на плоштадот на Револуцијата.Руската опозиција протестира за наводна изборна измама на изборите за државната Дума од 4-ти декември. На нив надмоќно повтроно победи Единствена Русија на Владимир Путин, но со далеку послаб резултат од претходните парламетарни избори губејќи околу 70-ина мандати . Вашингтон, САД во петокот навечер ги повикаа руските власти но и противниците на премиерот Владимир Путин на воздржансот пред одржувањето на протестите со кои противниците на актуелната власт сакаат да го изразат незадоволството и да ги оспорат резултатите од минатонеделното гласање на парлаемнтарните избори. Рускиот премиер Владимир Путин во четвртокот ги обвини САД и особено државната секретарла Хиалри Клинтон која во два наврата изјави дека има неправилности во гласањето, дека го поттикнуваат неоснованото според него оспорување на резултатите од гласањето за државната Дума.Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија во петоk навечер ги соопшти официјалните резултати од последните парламентарни избори, според кои Единствена Русија на премиерот Владимир Путин освои 238 пратенички места од вкупно 450.Комунистичката партија е втора со 92 пратеника, Праведна Русија доби 64, а Либерално демократската партија 56. Останатите партии не го поминаа изборниот цензус.Во претходниот парламентарен состав Единствена Русија имаше 315 пратеници, Комунистичката партија е втора со 57 пратеника, Праведна Русија доби 38, а Либерално демократската партија 40./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Истражителите ја пронајдоа клучната причина за несреќата во Шпанија
Истражителите на местото на несреќата пронајдоа оштетен спој на шината за кој се верува дека е клучната причина за излетувањето на возот од шините, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извор запознаен со првичните наоди од истрагата.
Според агенцијата, експертите што ги истражуваат причините за несреќата од синоќа откриле скршен спој на шината.
Техничарите пронајдоа абење на спојот помеѓу деловите од шината, познат како рибја плоча, и рекоа дека ова укажува дека дефектот постоел веќе некое време.
Претседателот на шпанската државна железничка компанија „Ренфе“, Алваро Фернандез Хередија, претходно изјави дека „човечката грешка“ е практично исклучена како причина за несреќата.
Како што претходно беше објавено, засегнатиот дел од пругата беше целосно обновен дури во мај минатата година, но проблемите продолжија да се појавуваат на него.
фото/епа
Свет
Унгарија: Иднината на Гренланд не е прашање за Европската Унија
Иднината на Гренланд не е прашање за Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за време на посетата на Прага, додека Унгарија сигнализираше дека нема да поддржи заедничка изјава на ЕУ за ова прашање.
„Сметаме дека ова е билатерално прашање кое може да се реши преку разговори меѓу двете страни… Не мислам дека е прашање на ЕУ“, рече Сијарто откако американскиот претседател Доналд Трамп ги засили напорите да го преземе суверенитетот над Гренланд од членката на НАТО Данска.
Претходно, Трамп рече дека безбедносните причини се клучни за неговата желба да ја преземе контролата врз Гренланд, сугерирајќи дека Русија и Кина би можеле да ја преземат контролата врз Арктикот ако Вашингтон не го стори тоа.
Заканата на Трамп да воведе царини за осум европски земји доколку не го поддржат неговиот план за купување на Гренланд предизвика шокови.
Тој објави дека ќе воведе царина од 10 проценти за увоз во Соединетите Држави на 1 февруари, која ќе се зголеми на 25 проценти од летото доколку не се постигне договор. Не е јасно дали царините ќе бидат дополнителни на постојните давачки.
Франција и Германија, кои се дел од група од осум земји во која се и Обединетото Кралство, Данска, Норвешка, Шведска, Холандија и Финска, изјавија дека ЕУ треба да биде подготвена да одговори доколку Трамп ги спроведе најавените мерки.
фото/ Depositphotos
Регион
Бугарскиот претседател поднесе оставка
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја објави својата оставка, бидејќи се приближуваат предвремените парламентарни избори закажани за пролет, нов елемент во политичката криза што ја дестабилизира земјата пет години.
„Утре ќе поднесам оставка од моите должности како претседател на Република Бугарија“, рече Радев (62) во официјално соопштение.
Радев изјави во петокот дека земјата ќе одржи предвремени избори откако водечките партии го отфрлија мандатот за формирање влада, откако претходната администрација поднесе оставка минатиот месец поради широко распространети протести.
Неговата оставка дополнително ќе ги поттикне широко распространетите шпекулации дека ќе формира своја политичка партија. Во петокот, Радев ѝ понуди на Алијансата за права и слободи последна шанса да се обиде да формира влада, но партијата го отфрли барањето, трета што го стори тоа оваа недела.
„Одиме на избори“, рече Радев во петокот.
фото/епа

