Спорт
Борко ги излуди Полјаците, Македонија ја совлада Полска

Ракометната репрезентација на Македонија jа забележа првата победа во четвртфиналната Група 1 на Еуро 2012. Македонија, во второто коло ја совлада Полска со 27:25 (18:12) и на противникот речиси му ги одзеде шансите за пласман во финалето.
Ракометната репрезентација на Македонија jа забележа првата победа во четвртфиналната Група 1 на Еуро 2012. Македонија, во второто коло ја совлада Полска со 27:25 (18:12) и на противникот речиси му ги одзеде шансите за пласман во финалето.
Истовремено, Македонија си ги ги зголеми своите шанси за висок пласман во групата.
Вечерва во белградската „Арена„, носена од извонредниот Борко Ристовски, кој со своите интервенции до очај ги доведуваше Полјаците, и капитенот Кире Лазаров, ракометната репрезентција на Македонија, особено во првото полувреме целосно го надигра противникот.
Во првото полувреме во нашата игра беспрекорно функционираат сите елементи, одбраната со Ристовски на голот функционираше беспрекорно, нападот беше разновиден, Полјаците беа разбивани од сите позиции, контрите беа убиствени и, што е најважно, „црвено-жолтите“ одлично играа во стуација кога имаа играч повеќе.
Македонија во првото полувреме ја имаше најголемата предност, во 18-та минута резултатот гласеше 13:7, но за разлика од пресметката со Данска, во првите 30 минти немаше пад во нашата игра.
Полјаците се обида во вториот дела да се вратат во мечот, нешто што им успеа со натпреварот со Шведска, на почетокот, во првите десет минути, намалија на три гола разлика, по што Македонија успеа да се врати на позитивата од шест голови.
Вториот обид на противникот да ја анулира предноста се случи во финишот на мечот, кога во периодот од 52 до 56-та минута со серија од 4:0 стигнаа на минус два, и тука застанаа. Македонските ракометари во тие моменти покажаа ментална сила, максимално работеше тимскиот дух, успевајќи да го одбијат налетот на противникот.
По второто коло Македонија и Полска имаат по три бода, подоцна во групата ќе играат Данска-Германија и Србија-Шведска.
Борко Ристовски беше најшиот најекспониран играч, тој имаше 19 упешни интервенции. Листата на стрелци ја предводеше капитенот Кирил Лазаров со 10 гола (6/6 од линијата за 7 метри), Наумче Мојсоски, Темелков и Алушовски постигнаа по 4, Миркуловски 2, а Стоилов, Филип Лазаров, Димовски и Марковски дадоа по еден гол. Во редовите на Полска најефикасен беше пивотот Бартош Јурецки со 5 гола. Утре е ден за одмор во Групата 1, во среда, од 20:15 часот Македонијаќе игра против Србија. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Шкендија ќе игра против Копенхаген ако го мине ФЦСБ, ако испадне ја чека Дрита

Фудбалерите на Копенхаген успеаја да се пласираат во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Данците во наредната рунда ќе играат против Шкендија или ФЦСБ.
Шампионот на Данска беше подобар од екипата на Дрита и во вториот натпревар, во Приштина победи со 1:0. Првиот меч во Копенхаген заврши со триумф на Копенхаген 2:0.
Единствениот стрелец беше искусниот Андреас Корнелиус, тој во 42.минута ја искористи асистенција од норвешкиот репрезентативец Мохамед Елјунуси.
42' | Goal for Copenhagen.
Drita ⚪️ 0-[1] 🟢 Copenhagen
⚽ Cornelius | Agg: 0-3#UCL | #Drita | 🇽🇰🇩🇰 pic.twitter.com/yqIsiWodQG— Kosovo Football 🇽🇰 (@FootballKosovo) July 29, 2025
Шкендија утре го игра преваншот во Букурешт, ќе ја брани предноста од 1:0. Доколку Шкендија помине во третото коло ќе игра против Копенхаген. Доколку биде елиминирана, Шкендија се сели во квалификациите за Лига Европа и противник ќе и биде Дрита.
Спорт
(Видео) Жестока тепачка на навивачите Црвена звезда со полицијата

Фото/ б92
Црвена звезда избори пласман во третото коло, во Лигата на шампионите. Очекувано српскиот шампион по победата 1:0, во Гибралтар на Линколн, славеше и во реваншот со 5:1.
Натпреварот во Белград имаше жестока увертира. Еден час пред почетокот навивачите на Црвена звезда, пред северната трибина се судрија со полициските сили.
„Крвави луѓе има насекаде. Пукаат топовски удари“, обајви „Спорт клуб“.
До пресметката дошло откако навивачите, поради актуелната ситуација во Србија и протестите кои траат девет месеци им скандирале на полицајците.
„Ги тепате луѓето за ситни пари, ги штитите крадците.“
29.07.2025, FK Crvena Zvezda🇷🇸 – Lincoln Red Imps FC🇬🇮, Delije fight with 1312 before match, click for more here: https://t.co/xaqymQFcHE
All in one place. Tap to download.
🔗 https://t.co/FXnrFRp1rX pic.twitter.com/DDTKGtUcis— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) July 29, 2025
Novi snimci nereda koje su zabeležili naši reporteri, pratite događaje na sajtu Sport kluba!
„Pucaju topovski udari, Delije skandiraju: ‘Bijete narod za male pare, štitite lopove’. Jako je tenzično, bez obzira na jake policijske snage navijači se i dalje ‘zaleću’ na njih“,… https://t.co/212vIacXk2 pic.twitter.com/DhQIJX2VAF
— Sport Klub (@sportklub) July 29, 2025
Спорт
Тројца фудбалери ги кочат трансфер активностите на Јувентус

Славниот клуб од Торино, Јувентус, не може да продолжи со активностите во преодниот рок сè додека не се отпушти тројцата фудбалери.
Даглас Луис, Тимоти Веа и Душан Влаховиќ се на листата за заминување, објавува „Газета дело Спорт“.
Српскиот напаѓач е на листата на желби на Милан, но сè уште нема конкретни чекори во врска со неговиот трансфер. И 25-годишниот централен напаѓач не брза, верува дека ќе се појави вистинската опција. Најголемиот проблем претставува платата која во наредната сезона ќе му припадне на Влаховиќ. Станува збор за сума од 12 милиони евра, ниту еден клуб не може да му понуди толкава плата.
Тимоти Веа сака да се пресели во Марсеј. Олимпик понуди 15.000.000 евра, Јувентус, бара најмалку 20 милиони за реализација на трансферот.
И Даглас Луис има амбиција повторно да се обиде во Премиер лигата. Фенербахче неодамна се распрашуваше за него, но играчот од средниот ред ја одби можноста да оди во Турција. Во исто време, тој не се појави на почетокот на подготовките, но во меѓувреме им се придружи на своите соиграчи.
Медиумите шпекулираат дека Јувентус му го понудил Бразилецот на Њукасл во замена за Сандро Тонали.
Фото/ Принскрин