Контакт

Свет

Обама ќе ја прими Нобеловата награда за мир

Објавено пред

Норвешкиот одбор за Нобелова награда денеска ќе му ја додели наградата за мир на американскиот претседател Барак Обама.Одборот му ја доделува оваа награда на Обама поради неговите настојувања за зајакнување на меѓународната дипломатија и соработка меѓу народните.

dobivaj vesti na viber

Норвешкиот одбор за Нобелова награда денеска ќе му ја додели наградата за мир на американскиот претседател Барак Обама.

Одборот му ја доделува оваа награда на Обама поради неговите настојувања за зајакнување на меѓународната дипломатија и соработка меѓу народните.

Американскиот претседател беше меѓу 205-те кандидати за нобеловата награда за мир во 2009 -та, година кога беа забележани рекорден број на кандидати.

“Оваа година примивме 205 кандидатури, меѓу кои 33 се на организации. Ова е  нов рекорд според бројот на кандидатури после 2005 година кога имавме 199 кандидати”, рече директорот на нобеловиот институт Гир Лундестад.

Претседателот на норвешкиот одбор за доделување на нобел, Торбјоерн Јагланд неодамна рече дека Обама ја добил наградата поради неговата визија за свет без нуклеарно оружје и за создавање на нова клима во меѓународните политички односи.

“Ретки се личностите како Обама, кои на себе го привлекуваат вниманието од целиот свет и на луѓето им даваат надеж за подобра иднина”,  додаде првиот човек на одборот.

Лауератот за оваа година, кој беше избран од петочлен одбор ќе освои златна медала, диплома и 1.4 милион долари./крај/вм

Свет

Трамп: 100 проценти царина за чипови, освен за оние кои сакаат да го префрлат производството во САД

Објавено пред

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од околу 100 проценти за чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат во Америка или не планираат, изјави претседателот Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

Трамп им рече на новинарите во Овалната соба дека новата царинска стапка ќе се применува на сите чипови и полупроводници што доаѓаат во Соединетите Американски Држави, но нема да се применува на компании кои се обврзале да произведуваат во Соединетите Американски Држави.

„Значи, царина од околу 100 проценти за сите чипови и полупроводници што доаѓаат во Соединетите Држави. Но, ако сте се обврзале на производство (во САД) или ако сте во процес на производство (во САД), како што се многумина, нема царина“, рече Трамп.

Во 2022 година, Конгресот создаде програма за субвенции од 52,7 милијарди долари за производство и истражување на полупроводници. Минатата година, Министерството за трговија, под претседателот Џо Бајден, ги убеди сите пет водечки компании за полупроводници да лоцираат фабрики за чипови во САД како дел од програмата.

Минатата година, министерството соопшти дека САД произвеле околу 12 проценти од светските полупроводнички чипови, во споредба со 40 проценти во 1990 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Соработничка на Трамп откри дека верува во вонземјани: „Ќе ја споделиме вистината со народот“

Објавено пред

Тулси Габард изјави дека верува дека вонземјани постојат, балансирајќи помеѓу изразување на лични ставови и избегнување откривање доверливи информации од американската разузнавачка заедница.

dobivaj vesti na viber

Како директорка на Националната разузнавачка служба (DNI), таа рече дека има пристап до голема количина доверливи податоци и мора да биде „внимателна“ со тоа што го објавува во јавноста, пишува „Дејли Мејл“.

Во разговор со водителката на подкастот „Pod Force One“, Миранда Девајн, Габард, блиска соработничка на Доналд Трамп, беше прашана дали верува дека вонземјани постојат.

„Имам свои мислења и ставови“, одговори Габард. „Во оваа улога морам да бидам внимателна со тоа што споделувам.“

Но, кога директно ја прашаа дали лично верува во постоење на вонземјани и неидентификувани летечки објекти (НЛО), Габард одговори со „да“.

Темата за вонземјани и НЛО, денес познати како UAP (Unidentified Aerial Phenomena), е веќе децении центар на разни теории на заговор. Неколку членови на Конгресот моментално истражуваат што всушност федералната влада знае за тоа.

Минатата година, Пододборот на Претставничкиот дом за национална безбедност, граници и надворешни работи одржа неколку сослушувања на оваа тема.

Габард нагласи дека нејзиниот кабинет во моментов нема конкретни информации за вонземјани и НЛО кои би биле подготвени да ги споделат.

Сепак, таа вети дека ќе биде транспарентна пред американската јавност кога ќе дојде време за тоа.

„Продолжуваме да ја бараме вистината и ќе ја споделиме со американскиот народ“, рече Габард во подкастот на „Њујорк Пост“.

Како директорка на DNI, Габард ја надгледува координацијата меѓу 18 американски разузнавачки агенции.

Американците покажуваат сè поголем интерес за UAP и можноста за живот надвор од Земјата.

UAP не вклучуваат само потенцијални вонземјански објекти, туку и објекти како дронови.

Таа се осврна и на дроновите

Габард призна дека сè уште има многу прашања во врска со стотици дронови кои лани беа видени над Њу Џерси.

„Сè уште имам многу прашања за тоа“, рече во разговорот со Девајн.

„Слушнав официјална верзија, но лично ми остануваат многу нешта нејасни – бидејќи тоа не се случуваше само во Њу Џерси, туку и во други делови на земјата.“

Прикажи повеќе...

Свет

Се појави писмо од Вуди Ален до Џефри Епштајн: Откриени детали за тајните вечери

Објавено пред

Познатиот режисер Вуди Ален му испратил роденденско писмо на Џефри Епштајн додека тој сè уште беше жив, во кое детално ги опишува вечерите што ги организирал осудениот сексуален предатор. Епштајновата куќа на Менхетен ја опишал како „Дракулов дворец“.

dobivaj vesti na viber

Според документот што го видел „Њујорк Тајмс“, Ален (89) му го испратил писмото во 2016 година, но тоа сега излезе во јавноста.

Во писмото, Ален го пофалил Епштајн за неговата способност да собере голем број „интересни луѓе“ на раскошните вечери, на кои, како што напишал, редовно присуствувал со сопругата Сан-Џи.

Тој навел дека секогаш ja прифаќал поканата на настаните во раскошниот седумкатен дом од речиси 2000 квадрати во центарот на Њујорк.

Во писмото Вуди Ален опишал дека на тие вечери имало широк спектар на луѓе: политичари, научници, наставници, маѓионичари, комичари, интелектуалци, новинари, ентомолог и концертен пијанист.

Ален детално ги опишал и самите вечери.

„Секогаш беше интересно, а трпезата беше богата и обилна. Многу јадења, голем избор, многу десерти, добро сервирано. Добро сервирано, често од страна на професионален готвач, а уште почесто од неколку млади жени, што ме потсети на замокот на Дракула, каде што има три млади вампирки кои слугуваат. Додадете дека Џефри живее сам во огромна куќа, па можете да го замислите како спие во влажна земја“, напишал Ален.

Особено му се врежал во сеќавање еден оброк.

Кога првпат биле на гости, им било послужено скромно јадење. На вечерата имало многу познати личности од новинарството, телевизијата и дури членови на кралската фамилија.

„Вечерата беше толку скромна што мојата жена и луѓето покрај неа почнаа да негодуваат: ‘Дали е ова сè? Можеби ќе морам да одам во ресторан откако ќе заминам’, но не рековме ништо на домаќинот. Кога дојдовме следниот пат, мојата жена тактично праша: ‘Дали ќе има повеќе храна?'”, се присетил Ален.

Потоа, според него, храната почнала постепено да се подобрува, со многу кинески јадења нарачани од локален ресторан, сервирани како шведски стол.

„Мојата жена продолжи да прави забелешки, па одлучија храната да се готви дома. Најпрвин им било послужено предјадење, па главно јадење, а таа им објаснила кога и како треба да се сервира храната. Временски, тој бил принуден да стави неколку цвеќиња на масата за да изгледа убаво и привлечливо“, напишал тој.

Ален заклучува дека со време оброците се претвориле во „нормална, цивилизирана вечера“, и покрај тоа што големиот телефон и компјутерот покрај Епштајн одземале од опуштената атмосфера.

Писмото предизвика голема прашина, но досега претставниците на Вуди Ален го коментираа.

Инаку, Вуди Ален е обвинет за сексуално злоставување од неговата посвоена ќерка Дилан Фаро, но тој ги негира обвинувањата.

Џефри Епштајн е пронајден мртов во својата ќелија во затворот на Менхетен во 2019 година, еден месец по апсењето по федерални обвиненија за трговија со малолетници за сексуална експлоатација на Флорида и во Њујорк. Пред тоа, тој се изјаснил виновен за проституција како дел од договор и поминал 13 месеци во затвор во Палм Бич.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Трамп: 100 проценти царина за чипови, освен за оние кои сакаат да го префрлат производството во САД

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од околу 100 проценти за чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат...

Македонија10 часа

Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените...

Македонија10 часа

(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување...

Топ12 часа

Лихварска шема во Гостивар: Заем од 35.000 евра со камата од 15.000 за една година, па по 3.000 евра месечно

Против две лица, меѓу кои еден нотар од Гостивар и една фирма, тетовската полиција поднесе кривични пријави поради сомнение за...

Македонија13 часа

Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое...

Топ15 часа

Тешко злосторство во Кавадарци – го убил својот брат, па го закопал во дворот

Четириесет и тригодишен маж е осомничен дека по расправија го убил својот една година помлад брат, а потоа неколку дена...

Македонија19 часа

Децата на подолго болничко лекување нема да губат настава, на Детската клиника се воведува формално образование

За да нема прекин на воспитно-образовниот процес на учениците што имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе...

Македонија19 часа

Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу „Шкендија“ и „Карабах“

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар...

Македонија22 часа

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба, во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица....

Македонија22 часа

Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе...

Свет22 часа

ОН предупреди на катастрофални последици ако Израел ги прошири своите воени операции во Газа

Висок функционер на Обединетите нации предупреди дека може да има „катастрофални последици“ ако Израел ги прошири своите воени операции во...

Свет24 часа

Хирошима: 80 години од првата атомска бомба во светот, која уби над 100.000 луѓе

Јапонскиот град Хирошима одбележува 80 години од американскиот нуклеарен напад што го уништи градот и одзеде десетици илјади животи. Хирошима...

Свет24 часа

Трамп именува наследник

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес посочи дека потпретседателот Џ. Д. Венс би можел да биде неговиот најверојатен...

Регион1 ден

Српскиот министер, кој доживеа мозочен удар во емисија, е свесен, но сè уште во критична состојба

Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, се разбуди по операцијата поради мозочен удар и е свесен, но има...

Топ2 дена

Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село. Полицијата постапила по претходна пријава дека...

Топ2 дена

Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши...

Македонија2 дена

Скопјанец преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт

Полицијата поднесе кривична пријава за скопјанец кој преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт. Денеска, Секторот за компјутерски криминал поднесе...

Македонија2 дена

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат, донација од Јапонија

На Клиниката за детски болести денеска беше промовиран дигитален мобилен рендген-апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. „Станува збор за...

Топ2 дена

Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет...

Македонија2 дена

Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат...