Македонија
Солана идната недела во Скопје

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија на почетокот на идната недела ќе оствари официјална посета на Скопје
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија на почетокот на идната недела ќе оствари официјална посета на Скопје.
Солана, како што соопшти неговиот кабинет, посетата на Скопје ќе ја реализира во рамки на неговата мини турнеја по западен Балкан, од 13 до 15 јули.
Прва станица на турнејата на Солана ќе биде Белград,откаде во вторник ќе пристигне во Скопје.
Солана ќе има средби со македонскиот премиер Никола Груевски, како и со лидери на опозиционите партии.
Истиот ден, Солана ќе ја посети Приштина, а турнејата по регионот ќе ја заврши на 15 јули со посета на Подгорица.
На денот кога Солана ќе престојува во Скопје, Европската комисија во вторник ќе предложи укинување на визите за неколку земји, вклучувајќи ги Македонија, Србија и Црна Гора./крај/бгнес/афп/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски и Саити потпишаа меморандум за соработка: во фокусот превенцијата и одговорот при кризни и вонредни состојби

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити денеска потпишаа меморандум за соработка помеѓу МВР и Црвениот крст.
Меморандумот претставува основа за понатамошна институционална соработка во областа на хуманитарното делување, превенцијата и одговорот при кризни и вонредни состојби, заеднички активности во полето на безбедноста, едукацијата, обуките, како и унапредување на волонтерството и солидарноста во заедницата. Со потпишувањето ќе се овозможи поефикасна координација помеѓу двете институции во интерес на граѓаните и нивната благосостојба.
Министерот Тошковски изрази голема благодарност до Црвениот крст за сета досегашна помош што ја има дадено како на министерството така и на државата и граѓаните и истакна дека унапредување на соработката е со цел зголемување на позитивниот ефект врз државата и граѓаните.
„Ваков тип на институционална соработка треба да биде пример како треба да се одвива една успешна соработка во интерес на државата. Овој меморандум за соработка кој денес го потпишуваме само дополнително ќе ги зајакне основите за нејзино унапредување и во иднина. Сигурен сум дека резултатите кои ќе ги дадеме во иднина ќе бидат уште подобри благодарение на ваквото унапредување.“, истакна министерот Тошковски на потпишувањето на меморандумот.
Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити истакна дека и досегашната соработка на двете институции е повеќе од задоволителна но во насока на нејзино унапредување се потпишува овој меморандум кој регулира нови области на заедничко делување кои поефикасно ќе ги пресретнат новите предизвици кои се наметнуваат.
„Спроведувајќи ги одредбите од меморандумот ќе можеме да продуцираме и да произведеме нови форми на соработка кои ќе овозможат да ги зголемиме хуманитарните ефекти од нашето работење во општеството.“, потенцираше Саити.
Македонија
205 милиони евра ќе се инвестираат во болниците во Штип, Тетово и во Кичево: Алиу најавува систем кој дејствува навремено

Новиот министер за здравство Азир Алиу денес најави системска трансформација на здравствениот систем од систем што досега реагира со доцнење кон систем што превенира, се подготвува и дејствува навремено.
„Министерството за здравство почна со националната програма за кризен менаџмент и отпорност на здравствениот систем – прва од ваков тип во нашата држава, која воспоставува нова логика на справување со ризици, дефинирање стандардизирани протоколи, дигитална платформа за координација во реално време, обуки, симулациски вежби и интероперабилна комуникација меѓу здравствените и безбедносните институции. Со оваа платформа ја јакнеме издржливоста на системот и правиме чекор напред кон интегрирана здравствена безбедност“, рече министерот Алиу.
Истовремено, почнато е темелно ажурирање на националниот акциски план за здравствена безбедност, со вклучување на лекциите од пандемијата, во согласност со стандардите на СЗО и ЕУ и зајакнување на законската рамка за меѓусекторска координација.
„Ова е јасна политичка порака – здравјето и безбедноста на граѓаните се неприкосновени, а нашата одговорност е да изградиме систем што реагира пред заканата, а не по трагедијата. Со овие координирани чекори нашата држава прави пресврт – од реактивен кон активен здравствен систем, подготвен да одговори на секоја закана“, вели министерот Алиу.
За системот навистина да биде отпорен, Алиу смета дека реформите мора да бидат надополнети со реални, капитални инвестиции.
„Затоа Министерството за здравство почнува со нова инвестициска фаза од 205 милиони евра за обнова и унапредување на здравствената инфраструктура во Штип, Тетово и во Кичево. Овие проекти се темел за подостоинствен третман на пациентите и подобри услови за медицинскиот персонал“, рече министерот Алиу.
Тој најави и менување 12 закони за подобрување на услугите кон граѓаните и потсети дека веќе е тргната административната бариера за создавање семејство и место три, поддржани се шест ин витро-обиди, дигитализирана е постапката за пријавување, а рокот за одговор е скратен на две недели.
„Нема веќе чекање со месеци, нема изгубени документи по пошта, ќе има само нова шанса, надеж и пристапност. Истовремено, го упростивме процесот за лекување во странство, воведовме појасна одговорност во управувањето со Фондот и почнавме усогласување на правата на странските државјани со оние на нашите граѓани“, рече министерот Алиу.
За менување на законите, тој рече дека во тек е сеопфатна анализа, која треба да им покаже каде реално треба да се прават измени. Очекува анализата да заврши до крајот на годината.
Македонија
Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството – Алиу ветува дека ќе го слуша гласот на народот

Министерството за здрвство добило 90 пријави од граѓани кои се пожалиле на функционирањето на здравствениот систем. Министерот за здравство Азир Алиу денес извести дека на новата алатка за пријавување неправилности, досега има 90 пријави.
„Во рамките на новата логика што ја градиме во здравството, логика на транспарентност и отчетност – веќе активно функционира алатката за пријавување неправилности преку која граѓаните може директно да пријават проблеми во системот. Досега регистрирани се 90 пријави, најмногу од Скопје, а најчести се поплаките за доцнење резултати, доцнење на прегледи и ангажмани на доктори во јавниот и во приватниот сектор. Но, најважно е што овие пријави и претставки не остануваат во фиока – секоја се разгледува од посебна работна група со цел да има институционална реакција. Ова е јасната политичка порака: времето кога здравствените проблеми се игнорираа заврши. Сега граѓаните имаат глас – и тој глас ќе се слуша“, ветува Алиу.
Тој кажа дека досега работните групи обработиле околу 60 од пристигнатите пријави и во нив нема пријава дека на пациенти му било барано мито. За две пријави оцениле дека навистина има индикации за понатамошно постапување.
„Тоа значи дека со тие информации ние ќе седнеме заедно со институциите кои што се поврзани со тие информации да ги објасниме процесите и зошто тоа се случува. Тие не се индикации поврзани со финансиска злоупотреба туку повеќе се индикации поврзани со недоволно оптимизирани здравствеи услуги во тие институции или долго чекање на граѓаните да добијат услуги во тие институции или поточно злоупотреба на тој ред што граѓаните сакаат да го има. Доаѓате навреме а добивате услуга после два-три часа“, рече министерот Алиу.
Тој денес најави дека во болниците во Штип, Тетово и Тичево ќе се инвестираат 205 милиони евра со кои очекува значително подобрување на здравствениот систем.