Македонија
Годинава повеќе ќе се инвестира во изградба и реконструкција на училиштата

За изградба и реконструкција на основните и средните училишта оваа година ќе бидат одвоени 40 отсто повеќе инвестиции од лани.
Заменик министерот за образование и наука Линдита Ќазими денеска информираше дека од буџетот ќе оваа намена ќе бидат издвоени 240 милиони и 146 илјади денари.
Таа посочи дека од вкупната сума, 169 илјади денари ќе бидат наменети за потребите на основните училишта, а околу 71 милион денари за објекти за средното образование.
Покрај од Буџетот,средства ќе бидат обезбедени и од заем од Банката за развој при Советот на Европа кој ќе се реализира во следните четири до шест години и заедно со буџетските издвојувања ќе изнесува 90 милиони денари.
Изборот на училиштата во кои ќе се инвестира заради подобрување на просторните капацитети каде се одвива наставата е направен врз основа на базата на податоци на МОН за состојбите во сите училишта во државата.
Во 2011 година ќе биде ќе продолжи работата на изградба на нови 25 училишта за потребите на основното образование и на шест средни училишта во повеќе општини во земјата.
„Најприоритетни ќе бидат училиштата кои немаат основни услови за работа, потоа со реконструкција на покриви и столарија ќе се придонесе за енергетска ефикасност на објектите, голем дел од печките на дрва ќе бидат заменети со централни системи за греење, а во последната фаза од проектот ќе се направат и напори за модернизација на училиштата со видео надзор, средување на дворните површини и друго“, истакна Ќазими.
Најголем дел од основните училишта во Македонија се изградени пред 40-50 години поради што потребите искажани од страна на училиштата за нивна реконструкција или изградба на нови се огромни.
Во претходните две години беше завршена изградбата на седум основни училишта во Арачиново, Вранештица, Тетово, Гостивар, Кичево и во Чаир како и три средни училишта во Бутел, Гостивар и Кичево.
Во тек е изградбата на пет основни училишта во Радовиш,Чаир,Чашка и Долнени и две средни училиштаво општина Центар и во Шуто Оризари./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мисајловски и генералот Лафчиски со вработените во Министерството и припадниците на Генералштабот по повод 18. Август – Денот на Армијата

Денеска (15 август) пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски по повод Денот на Армијата се обратија пред вработените при што ја истакнаа нивната професионалност и посветеност на службата.
Министерот Мисајловски изрази почит и благодарност до сите жени и мажи во Министерството за одбрана и Армијата кои, како што рече, посветено работат за државата, нејзината безбедност и сигурност.
„Пожртвуваноста на припадниците на Армијата при справувањето со секојдневните предизвици за заштита на македонските граѓани е јасна и препознаена од македонските граѓани. Тие имаат силна доверба во вас и ви оддаваат почит и признание – за вашата храброст и посветеност. Вредностите кои секој припадник на Армијата ги покажува секојдневно, се вредности кои ги негувате и вие – офицерите и подофицерите во Генералштабот и вработените во Министерството за одбрана кои со посветеноста, професионалноста и интегритетот кој го имате го градите имиџот и на Министерството и на Армијата“, рече тој.
Министерот истакна дека „изминатиов период се започнати многу проекти, голем број проекти завршивме, како инфраструктурни, така и проекти за опремување и модернизација на македонската Армија“ и додаде дека следниот период особено внимание ќе се посвети на подобрување на условите на работа за секој вработен, затоа што „одбраната на државата зависи од секој еден од вас.“
Генералот Лафчиски порача дека „18. Август е денот кој ги обединува сите денови на командите и единиците кои ги славиме во Армијата, тоа е празникот кој го празнуваат сите сегашни и сите поранешни припадници кои што во изминатите 33 години придонесоа во изградбата на модерната Македонска Армија.“
За време на свеченоста, делегација од Министерството и Генералштабот предводена од министерот Мисајловски и делегација од семејствата на загинатите бранители, положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на загинатите бранители пред зградата на Министерството, оддавајќи им почит и благодарност за нивната пожртвуваност и храброст.
Претходно, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот, како и претставници од кабинетот на Претседателката, Собранието, Владата и Организацијата на резервни воени старешини положија венци со свежо цвеќе на Партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски.
На свечениот собир на вработените Министерството за одбрана и Генералштабот присуствуваа и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова, директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, вработени во Министерството и Генералштабот и останати гости.
Централната свеченост по повод Денот на Армијата ќе се реализира на 18 август во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Македонија
МВР: Не се води никаква постапка против Билјана Ивановска

Во врска со случајот со Билјана Ивановска поранешна претседателка на Антикорупциската комисија, Министерството за внатрешни работи известува дека против неа МВР не води никаква постапка.
„За сите пријави и постапки кои што ги води Обвинителството, тоа е единствено надлежно за одговори во врска со истите“, велат од МВР.
„11 часа по објавувањето на мојата кандидатура за градоначалничка на општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата“, објави поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и актуелна независна кандидатка за градоначалник на општина Центар.
Во врска со пријавата против Ивановска, Обвинителството соопшти:
„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје постапува по приватна кривична пријава поднесена на 18.2.2025 година и презема дејства за да ги провери наводите. Како едно од дејствата е испитување на наведеното лице, кое во периодот на кој се однесува пријавата била претседателка на ДКСК. Поканата за испитување од Обвинителството е испратена на 25.7.2025 година и на ниеден начин не може да се доведе во релација со политичките активности на поканетата“.
Македонија
Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон ГП Јажинце и преминот на границата во двата правци

Министерството за внатрешни работи известува дека поради пожар во близина на Јажинце, прекинат е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Јажинце.
Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.
„Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Јажинце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста“, велат од МВР.