Свет
Темнокожа девојка цел на кинеските расисти
Лоу Јинг е 20-годишна девојка чија слава во шоуто „Ангел на истокот“ (киенска варијанта на избор на аматерска ѕвезда) го предизвика гневот на кинеските расисти
Она што и’ се случува на девојката последните месеци, придвижи голема јавна расправа во најнаселената држава во светот околу расниот и националниот идентитет на Кинезите. Лоу Јинг потекнува од Шангај, и како што пренесуваат тамошните медиуми и кога зборува мандарински и кинески, во нејзиниот говор силно се чувствува шангајскиот дијалект. Но често ја прашуваат како толку добро го зборува кинескиот јазик, на што таа одоговара едноставно – бидејќи е Кинеска. А прашањето доаѓа, затоа што таа има црна кожа. Таа живее само со мајка си која е Кинеска, а нејзиниот биолошки татко кој никогаш не го запознала е Афроамериканец. Тоа досега не и’ претставувало особен проблем, но откако се пријавила на телевизиското шоу за избор на талент и почнала да ги освојува симпатиите на гледачите, добивајќи ги епитетите „темно чоколадо“ и „црн бисер“, нејзината појава предизвика голема полемика во кинеското општество. На бројните кинески итнернет-форуми, огромен бил бројот на невкусни и навредливи коментари за нејзината „бесрамна појава на националната телевизија“. Многумина истакнувале дека нејзиниот темен тен не дозволува таа да биде сметана за привлечна на традиционален кинески начин. Други тврделе дека таа не може да се смета за вистинска Кинеска и дека не смее да претствува во јавноста еден така значаен кинески град како што е Шангај. Дури имало пораки „да исчезне од Кина“ и дека „таква каква што е (се мисли на тенот на кожата), не требала никогаш ни да се роди“.Нејзините професори од факултетот за телевизиски уметности на Шангајската драмска академија, пак, се разгневени од масовната ксенофобичност предизвикана од појавата на младата Јинг.„Како што Кина продолжува да се отвора кон светот, вакви нешта се’ почесто ќе се случуваат. Тоа е дел од процесот на интернационализација и ни останува надежта дека Кинезите, вклучувајќи ги и веб-активистите и оние со екстремни гледишта, ќе ја прифатат вистината дека постојат луѓе кои се раѓаат со мешање на расите“, изјавил Дејвид Цвејг, професор по хуманистика и општествени науки на Хонхоншкиот научно-технолошкиот универзитет.Сега Лоу Јинг се присетува дека кога била малечка, другарките биле убедени дека таа има потемна кожа затоа што јадела многу темно чоколадо или затоа што премногу во исхраната користела сос од соја. Дури и баба и’ измислила приказна за нејзиното прашање, дека мајка и’ додека била трудна земала традиционални кинески лекови. Дури на 16 години ја дознала вистината за нејзиниот татко. Таа сега се чувстува многу непријатно и размислува да замине за Њујорк, каде што би студирала меѓународна и надворешна политика.Во американските медиуми кои ја третираа оваа појава во Кина, државата која најбрзо економски се развива и претставува голема конкуренција на САД, се забележува дека уште во 70-тите години на странците во Кина им беше главно забрането да живеат. Во Кина официјално постојат 56 етнички групи, а на најбројната Хан, и’ припаѓаат 92 отсто од милијарда и 350 милиони луѓе. Интересно е што кога ќе се роди дете, родителите се должни да ја впишат и неговата етничка припадност, но не постои категорија за дете од етнички или расен мешан брак. А според податоците од шангајските власти, во периодот од 1994 до 2008 г. во просек секоја година се склучуваат по три илјади мешовити бракови повеќе од претходната. Но, очигледно предрасудите остануваат неизменети. За оваа загрижувачка појава за Кина, сведочи и жестоката расправа што во 2008 г. се водеше околу настапот на Динг Хуи во одбојкарската репрезентација. Повторно проблемот беше што тој потекнува од африканско-кинески брак. Тој сепак на крајот настапи за кинеската репрезентација, иако протестите и критиките на расистите не стивнуваат ни денес. Научниците од општествените науки, сметаат дека иако Кина го нема „белечкото“ расистичко искуство во смисла на освојување други континенти, таа се ширела и се наметнувала во соседството. Таквото нејзино дејстување трае со векови, а низ илјадниците години на оваа цивилизација, таа често и се самоизолирала, па и кинеското име за државата описно значи „централно царство“, што го обајснува создавањето на менталитетот на Кинезите како народ кој себеси се доживува како центар на светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп ќе го пречека претседателот на Колумбија во Белата куќа на почетокот на февруари
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска објави дека во првата недела од февруари ќе го пречека колумбискиот претседател Густаво Петро на разговори во Белата куќа.
„Сигурен сум дека ќе биде многу добро и за Колумбија и за САД, но кокаинот и другите дроги мора да бидат запрени пред да влезат во Соединетите Држави“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.
Зборовите на Трамп претставуваат промена во тонот по месеците остри критики кон Петро и неговата влада, обвинувајќи го колумбискиот претседател дека управува со „фабрики за кокаин“.
Трамп објави дека тој и Петро разговарале по телефон во средата и се согласиле да се сретнат во Белата куќа, но не го прецизираше точниот датум на средбата.
Во изјавите објавени денеска, Петро рече дека Трамп му рекол во телефонски разговор дека размислува за воени операции во Колумбија, што е поврзано со регионалните тензии по американската воена операција во Венецуела.
„Трамп ми рече во телефонски разговор дека размислува за лоши работи во Колумбија. Пораката беше дека тие веќе се подготвуваат, планираат воена операција“, изјави Петро за шпанскиот весник „Ел Паис“, додавајќи дека верува оти заканата е замрзната по разговорот, но призна: „Можеби грешам“.
Петро рече дека Колумбија нема капацитети за воздушна одбрана, но повика на народен отпор во случај на таква воена операција во неговата земја.
Средбата треба да се одржи во време кога односите меѓу САД и Колумбија се обидуваат да се стабилизираат и да се префрлат кон дијалог, и покрај широко распространетите разлики околу политиката за дрога и регионалната безбедност.
фото/депозитфотос
Свет
Венецуела сака да ги обнови дипломатските односи со САД
Венецуелската влада започна да истражува опции за проширување на дипломатските односи со САД, а се очекува претставници на американскиот Стејт департмент да отпатуваат во Каракас за технички и логистички проценки, соопштија двете земји. Стејт департментот соопшти дека американските претставници го проценуваат „потенцијалното продолжување“ на работењето на амбасадата во јужноамериканската земја.
Вашингтон и Каракас сигнализираа подготвеност за соработка по американската воена операција од минатата недела што резултираше со апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Неговата потпретседателка Делси Родригез ја презеде функцијата привремен шеф на државата.
„Венецуелската влада одлучи да започне прелиминарен дипломатски процес со американската влада, со цел повторно воспоставување дипломатски мисии во двете земји“, соопшти венецуелската влада.
Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ослободувањето на политичките затвореници во Венецуела е знак за „барање мир“ и дека како резултат на тоа го откажал планираниот втор бран напади.
Во среда, Трамп рече дека САД „се сложуваат многу добро“ со венецуелската влада предводена од Родригез, особено кога станува збор за обнова на нафтената и гасната инфраструктура.
фото/епа
Свет
Трамп му посака среќа на Орбан во изборната кампања
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, му посака среќа на унгарскиот премиер Виктор Орбан, долгогодишен сојузник, во неговата изборна кампања, според писмото што Орбан го објави на својата Фејсбук страница.
Во писмото, Трамп наведува дека „смелото лидерство“ на Орбан служи како пример за остатокот од светот. Тој додаде дека со нетрпение очекува „продлабочување на соработката“ во областите на одбраната, енергетиката и нелегалната миграција, пишува агенцијата „Ројтерс“.
„Секогаш цврсто сте стоеле во одбрана на принципите што ја прават Унгарија толку исклучително место – религијата, семејството и суверенитетот“, напиша Трамп во писмото.
Националистот Орбан се соочува можеби со најтешкиот предизвик во неговите 16 години на власт, со комбинација од економска стагнација во Унгарија, зголемување на трошоците за живот и скандал со малолетнички притворен центар што го зајакнува опозицискиот ривал чија партија води во повеќето анкети.
Изборите се очекуваат во април.
Во писмото, Трамп му се заблагодари и на Орбан за поканата да ја посети Унгарија, наведувајќи дека неговиот тим „ќе биде во контакт“ во врска со распоредот. Во понеделник, Орбан рече дека посетата на „високо рангиран“ американски политичар е веројатно да се случи пред изборите.
фото/епа

