Контакт

Свет

Секретарот на Ватикан ја посетил жената што го бутна Папата

Објавено пред

Личниот секретар на папата Бенедикт XVI ја посетил жената со психички проблеми која се втурна во него предизвикувајќи инцидент на предбожикната миса

Портпаролот на Ватикан, отец Фредерико Ломбарди, за италијанските медиуми соопшти дека Папата го замили својот личен секретар Џорџ Гинсвејн да ја посети 25-годишната Сузана Маило, за да и’ ја искаже папската грижа за неа.Весникот Il Giornale во недела објави дека Гинсвејн ја посетил жената на 1-ви јануари во хостел во кој се грижат за лицата со душевни проблеми во гратчето Субиако, крај Рим, давајќи и’ папска прошка и крст.Портпаролот Ломбарди не сакал да коментира поединости од средбата, додавајќи дека кривичниот случај што е подигнат против Маило, ќе оди „по својот тек“.Дваесет и петгодишната девојка од швајцарско-италијанско потекло на 24 декември на празничната миса ја прескокна заштитната ограда и мушнувајќи се низ обезбедувањето се втурна во папата Бенедикт XVI. Светата столица веднаш соопшти дека Сузана Маило и минатата година на истата богослужба се обидела да го стори истото. Францускиот кардинал Роже Етшегарае, кој во моментот на инцидентот стоел до Папата, беше бутнат на земја по што е однесен во болница и мина со скршеница на ногата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Данецот кој уби шведска новинарка во подморница се обиде да побегне од затвор

Објавено пред

Осудениот дански убиец, кој уби шведска новинарка за време на интервју во својата подморница и го фрли нејзиното распарчено тело во морето, денеска избега од затвор.

49-годишниот поранешен претприемач Питер Мадсен успеа да избега од затворот Херстедвестер, каде што издржува доживотна казна затвор за убиството на Ким Вол во 2017 година, но неговиот престој на слобода не траеше долго.

Данската полиција соопшти дека Мадсен е уапсен во 13:20 часот по повеќе од три часа бегство.

Медиумите пишуваат дека тој се заканувал со бомба, па на местото на настанот е и противексплозивна полициска екипа. Тој ѝ се заканил на полицијата со предмет сличен на пиштол.

Мадсен претходно бил изолиран затоа што имало сомневања дека ќе се обиде да избега.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Силно невреме со град го погоди Крит, улиците побелени како да паднал снег

Објавено пред

Силно невреме проследено со удари од гром и огромна количина град го погоди островот Крит во раните утрински часови.

Грчките медиуми покажаа снимки на кои се гледа автопат прекриен со бела покривка од град, како и работници кои го отстрануваат од улиците на крајбрежниот град Мали.

Полицијата не доби извештаи за можна штета од невремето.

Грчката метеоролошка служба објави дека невремето и градот ќе продолжат да го погодуваат Крит во текот на денот и дека ќе преминат на југ од Пелопонескиот Полуостров.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Романија 3.400 новозаразени и 65 починати од Ковид-19

Објавено пред

Во Романија биле тестирани 29.400 лица во последните 24 часа, од нив 3.400 биле позитивни на коронавирус, соопштија здравствените власти.

Во еден ден починале 65 лица, или вкупно 5.996, јавува агенцијата Адјерпрес.

Од почетокот на пандемијата во Романија, 186.254 луѓе биле позитивни на вирусот.

Најголем број на заразени лица сè уште има во округот Букурешт и округот Алба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија2 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија2 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа3 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија3 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија3 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа5 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија5 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија5 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет5 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет6 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет6 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија20 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет21 час

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија23 часа

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија1 ден

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија1 ден

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет1 ден

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ1 ден

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Досие