Спорт
Мајкл Џордан си направи замок на Палм Бич
Хиперѕвездата на НБА и на Чикаго Булс, кошаркарскиот маг, ненадминатиот Мајкл Џордан, се вдоми на Флорида во скромен дом од 20 милиони долари
Џордан не сакаше да купува готови куќи кои беа на продажба, туку во Палм Бич на Флорида, во месноста Јупитер на брегот на Атлантикот купи 8.100 квадратни метри земја за 4,8 милиони долари.На неа за своја душа и за додатни 7,8 милиони долари изгради куќа од 3.525 метри квадратни. За комплетно да се аранжира куќата и околината беа потребни уште 7,5 милиони долари.Се разбира, дека неизбежни беа кошаркарско и тениско игралиште, базен, терен за голф, пристап на двете страни на брегот на полуостровот по земјен и воден пат…Негови соседи платиле и по 50 милиони долари за слични зданија, но купени готови. Џордан заштеди затоа што сам си ја изгради. Не се знае само дали мајсторите му биле од Вевчани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Ферстапен е најдобриот возач во историјата на Формула 1“
Герхард Бергер, поранешниот возач на Ферари во Формула 1, нема дилема кој е најдобриот на сите времиња.
Австриецот во преден план го стави актуелниот светски шампион Макс Ферстапен.
„Тој ја има таа неверојатна способност да го избере вистинскиот момент за претекнување. Тоа го немаа ниту Сена, ниту Шумахер, ниту Хамилтон“, изјави Бергер.
На пофалбите за Холанѓанецот им немаше крај.
„Макс е секогаш на вистинското место во вистинско време. На стартот, во првиот свиок, во дуел. Никој не го прави тоа подобро од него. Затоа мислам дека тој е најдобриот кој некогаш ја возел формулата“, вели Бергер.
Ферстапен досега има остварено 61 победа во кариерата и има три светски шампионски титули со добри шанси да освои четврта. Сепак, тој е се уште далеку од Хамилтон и Шумахер по бројот на вкупни победи и титули, кои освоија по седум пехари наменети за најдобриот во генералниот пласман.
Спорт
„Ѓоковиќ гоат? Лудо е да се дискутира за тоа“
Руската тенисерка Дарија Касаткина проговори за „големата тениска тројка“ во која се Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Таа истакна дека тројцата немаат конкуренција, прво рече дека не можат да ги споредуваат Рафаел Надал и Карлос Алкарас, но дека единственото нешто што им е заедничко е тоа што двајцата се од Шпанија, а потоа беше прашана за „големата тројка“.
„Тие тројца се недостижни“, рече Касаткина, по што брзо беше прашана дали Новак е чекор понапред.
„Знаете, кога некој има идол, го сака без разлика на резултатите и дали се споредливи и во мојот случај, бидејќи почнав од детството“, рече Русинката чиј идол е Рафаел Надал и продолжи:
„Објективно, гледајќи ги резултатите, Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња, лудо е да се дискутира за тоа. Се друго е прашање на вкус“.
Спорт
Интересно ветување на Паоло Фонсека за новинарите
Паоло Фонсека денеска одржа прес-конференција пред првиот натпревар во Лигата на шампионите во кој Милан во вторник ќе се соочи со Ливерпул.
Тренерот на Милан им даде интересно ветување на новинарите пред натпреварите со Ливерпул во Лигата на шампионите и Интер во Серија А.
Фонсека изјави дека иако има два меча за краток период, на двата натпревари можат да играат исти играчи, но дека дефинитивно ќе размисли за ротација.
„Имаме три натпревари оваа недела и треба да размислиме за се. Утрешниот е најважен, но не можам да заборавам дека овој викенд играме дерби во Серија А“, изјави Фонсека.
А потоа дојде ветувањето на новинарите:
„Ако ги победиме двата натпревари, ветувам дека ќе ви донесам „пастел де ната“ на прес-конференцијата“, рече Фонсека со насмевка.