Македонија
???????? ???? ?? ????????? ?? ??????????? ?? ????????? ?????
Министерството за транспорт и врски денеска по четврти пат вршеше електронска распределба на меѓуопштински и меѓународни автобуски линии.
Министерството за транспорт и врски денеска по четврти пат вршеше електронска распределба на меѓуопштински и меѓународни автобуски линии.На јавниот оглас од 1 до 5 март аплицирале 99 фирми, а во електронскиот систем за распределба на автобуските линии евидентирани се рекордни 302 апликации. Од нив за нови меѓуопштински возни линии евидентирани се 131 апликации, додека 36 за промена на постоечки линии.За нови линии за меѓународните возни редови се пријавиле 119, додека 16 превозници аплицирале за промена на постоечки линии.Електронскиот систем денеска ја исфрли прелиминарна листа, врз основа на компјутерски обработените апликации. Министерството за транспорт и врски двапати во годината организира електронска распределба на меѓуопштински и меѓународни автобуски линии.„Имплементацијата на овој современ електронски систем кој во огромна мера е надограден и усовршен, овозможува превозниците да се ослободат од административните процедури за прибирање на потребната документација за аплицирање, како и да се избегнат проблемите при доставување на некомплетна документација“ – рече министерот за Транспорт и врски Миле Јанакиески.Според Јанакиески, Министерството за транспорт и врски ја направи најголемата реформа во патниот сообраќај со воведување на лиценци за вршење на превоз на патници и стока.Министерството за транспорт и врски има издадено 3 100 лиценци за вршење превоз во патниот сообраќај од кои 448 лиценци за вршење на јавен превоз на патници, 76 лиценци за вршење превоз за сопствени потреби на патници, 1978 за јавен превоз на стока и 598 лиценци за вршење на превоз за сопствени потреби за стока.Јанакиевски рече дека во завршна фаза е категоризацијата на автобуските станици. Категоризирани се 25 автобуски станици, од кои 7 автобуски станици се прва категорија, 8 се втора категорија и по 5 автобуски станици се од трета и четврта категорија.Донесени се и над 30 решенија за одземање на возила, а се очекува во овој период поголема акција за одземање на возила, со што, според Јанакиевски, би се елиминирал нелегалниот транспорт. /крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

