Свет
Нобелова награда за пионерот на вонтелесното оплодување

Нобеловата награда за медицина за 2010. година ја доби Роберт Едвардс, научник од Велика Британија, за развојот на постапката на вонтелесно оплодување што им помогна на милиони неплодни парови да имаат деца.
Нобеловата награда за медицина за 2010. година ја доби Роберт Едвардс, научник од Велика Британија, за развојот на постапката на вонтелесно оплодување што им помогна на милиони неплодни парови да имаат деца.
„Неговите постигнувања овозможија надминување на неплодноста, медицинска состојба што погодува поголем дел од човештвото, како и повеќе од 10 отсто од сите парови во светот“, соопшти денеска Комитетот за доделување на наградата во Стокхолм, пренесува Асошиејтед прес.
Едвардс, заедно со соработникот Патрик Стептоум уште во текот на 1950. година започна да го развива вонтелесното оплодување на јајце клетката надвор од женското тело, а потоа уфрлање на таа клетка во матката.
Луиз Браун од Велика Британија на 25. јули 1978. година стана првото бебе родено преку вонтелесно оплодување, што значеше револуција во лечењето на стерилноста.
Соработникот на Едвардс почина во 1988. година.
Како што соопшти Нобеловиот комитет, „околу четири милиони луѓе се родиле благодарејќи на вонтелесно оплодување, а визијата на Роберт Едвардс денеска е стварност и носи радост на стерилните луѓе ширум светот“.
Веројатноста парот погоден од неплодност да добие бебе со помош на вонтелесно оплодување денеска изнесува еден спрема пет, што е иста веројатност што важи и за здравите парови при зачнувањето. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателскa земји“

Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателски земји“, постојат само земји со влади кои не се пријателски настроени кон Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, објави Лавров на прес-конференција посветена на подготовките за „Интервижн“, пренесува ТАСС.
Лавров одговори дека Русија нема непријателски земји, туку дека постојат само земји кои „имаат непријателска влада во однос на Руската Федерација“.
Фото: принтскрин
Свет
Затворени плажи во Хургада поради појава на ајкули

Неколку плажи во египетските одморалишта Хургада и Макади беа затворени во последните денови откако ајкули беа забележани во близина на брегот. Ова го објавуваат локалните медиуми.
Според туристите, неколку хотели одлучиле да ги затворат своите плажи како мерка на претпазливост, додека некои од нив во меѓувреме се отвориле повторно.
Како што објавуваат медиумите, експертите предупредуваат дека видови како што се тигрести и леопардски ајкули, кои се сметаат за особено опасни за луѓето, може да се појават во Црвеното Море. Поради оваа причина, се препорачува да се биде дополнително внимателен и да се почитуваат сите мерки пропишани од одморалиштата и службите за спасување, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Подготвени сме за секакво сценарио за време на посетата на Трамп, објави британската полиција

Британската полиција објави дека е целосно подготвена за сите можни ситуации и сценарија пред државната посета на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оваа недела.
– Многу сум задоволен што испланиравме многу сеопфатен план за полициска и безбедносна операција што ги зема предвид речиси сите можни сценарија што би можеле да се случат – изјави помошникот на главниот комесар Крисјан Бант од британската полиција.
Бант изјави дека ќе бидат присутни значајни, многу видливи полициски сили, но одби да го прецизира бројот на распоредени полицајци.
Тој, исто така, објави дека воздушниот простор над замокот Виндзор ќе биде затворен, а специјализираните полицајци ќе бидат подготвени да се справат со секаков протест што може да се случи.
Британскиот крал Чарлс ќе го пречека Трамп во замокот Виндзор утре, пред американскиот претседател да ја продолжи својата посета во четврток на имотот на британскиот премиер Кир Стармер.
Фото: принтскрин