Свет
Чавез: Голема е веројатноста повторно да имам малиген тумор
Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез објави дека лекарите на Куба му откриле нов тумор, на истото место каде имал канцер и додаде дека набргу ќе се врати на карипскиот остров за да му биде оперирано болното ткиво.
Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез објави дека лекарите на Куба му откриле нов тумор, на истото место каде имал канцер и додаде дека набргу ќе се врати на карипскиот остров за да му биде оперирано болното ткиво.
Чавез на граѓаните на Венецуела им рече дека најверојатно туморот е малиген, иако конечно ова не е потврдено.
Во обраќањето преку државната телевизија, Чавез на граѓаните им порача следната недела да не го очекуваат во јавност бидејќи ќе прима локална радиотерапија.
„Нема да бидам во состојба да продолжам да живеам во ист ритам. Ќе морам да ги преиспитам личните цели и да се погрижам за себе, да се соочам со она што морам“ рече Чавез.
Неговата изјава ја турна венецуелската политика во нов период на неизвесност, бидејќи социјалистичкиот лидер планираше повторно да се кандидира за претседател, во надеж дека по 13 години владеење ќе помине уште шест години на власт, колку што трае претседателскиот мандат.
Тој рече дека новиот тумор има должина од околу два сантиметри и дека е многу јасно видлив.
Според неговите зборови, израстокот ќе го отстранат истите хирурзи кои минатата година му го отстраниле малигниот тумор од карличниот дел.
Чавез изрази очекување дека новата операција ќе биде помалку комплицирана од претходната.
Од јули до септември минатата година, Чавез примаше хемотерапија во четири наврати и на Куба и во Венецуела. Постојните тестови покажале дека ракот е отстранет.
Чавез во последната изјава ги отфрли гласините дека ракот доста брзо се раширил./крај/б/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Мапа) Украина мора да се повлече 15 километри на Запад, Бердичи е опколен
Украина се подготвува да ги повлече војниците од Бердичи, јавуваат српските медиуми.
На вооружените сили на Украина во Бердичи им се заканува опкружување по неодамнешната загуба на Новобахмутовка и Соловјов, а според некои воени блогери се очекува повлекување до 15 километри на запад.
Ним им се заканува загуба и на Нетајлов, Карловка, Умански, Новокалинов, Керамик, Архангелски…
По падот на Авдијивка во февруари, Украина одржа линија на одбрана во близина на Бердичи. За време на безмилосните борби во претходните два и пол месеци на тој дел од линијата на фронтот, беа изгубени и неколку американски тенкови Абрамс, обидувајќи се да го запрат напредувањето на руските трупи.
Воениот блогер Рибар наведува дека руските војници напредуваат и кај Новокалинов.
– Напаѓачките групи ја пробија одбраната на украинските формации во центарот на селото во правец на Керамик. Моментално се консолидираат позициите во центарот на селото. Имајќи го предвид налетот од Очеретин во правец на Архангелск, не може да се исклучи дека во блиска иднина вооружените сили на Русија ќе можат целосно да го окупираат Керамик – вели Рибар.
Според него, Русите успеале да ги истуркаат противниците од Семјеновка.
– Остатоците од пешадијата на вооружените сили на Украина под оган на артилерија и беспилотни летала се повлекоа од северната периферија на селото на запад кон Новопокровски. Под контрола на вооружените сили на Русија делумно беа и шумските појаси кај Семјоновка. Борбите во моментов се водат на најзападната периферија на Бердици. Малку е веројатно дека непријателот ќе може долго да држи позиции поради неговото повлекување од Семјеновка. Следната линија на напад на Вооружените сили на Русија најверојатно ќе бидат шумските појаси на делницата Новопокровско – Новоселовка Перваја каде што сега украинските формации динамично градат одбрана – вели Рибар.
Украинскиот телеграмски канал DeepState потврди дека руските војници ги зазеле Семјоновка и Соловиев и дека се водат борби за Керамик.
Свет
Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба
Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата.
„Едниот кат е евакуиран. Во тек е проверка и контрола“, се наведува во соопштението и се додава дека евакуацијата не влијаела на функционирањето на аеродромот.
Евакуиран е седмиот кат од зградата на управата на аеродромот.
Неименуван извор изјавил за агенцијата ТАСС дека евакуацијата уследила по закана за бомба.
– Се проверуваат сите простории и канцеларии – изјавил овој извор.
Свет
Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер
Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што лесно е оштетен британски танкер за нафта.
Американската централна команда (CENCOM) преку соопштение на платформата „Х“ соопшти дека е оштетен танкерот со нафта „МВ Андромеда Стар“, како и дека проектил паднал во близина на друг брод „МВ Маиша“, но не го оштетил.
Хутите од ноември минатата година напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со ракети и беспилотни летала како знак на, како што велат, поддршката на палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.