Свет
Во 2011-та ќе се зголеми наслиството во Авганистан
Странските војници во Авганистан идната година ќе бидат соочени со уште поголемо насилство од страна на талибаните отколку во 2010 г. која беше досега најсмртоносната година во деветгодишната војна во оваа земја, предупредува НАТО
„Следната година ќе бидеме соочени со уште повеќе насилство. И натаму ќе има судири и мораме и понатака да вршиме притисок врз талибаните“, изјавил во понеделникот генералот Јозеф Блоц, портпарол на мисијата ИСАФ, на прес-конференција во Кабул, prenesuva АFP.Годинава до првата седмица на декември во Авганистан животите ги загубија 683 странски војници, додека минатата 2009-та оваа црна бројка изнесуваше 521. Вкупно од 2001 г. досега во Авганистан загинаа 2.253 странски војници, од кои 1.424 се Американци.Инаку, на самитот на НАТО што се одржа кон крајот на ноември во Лисабон, членките на пактот се обврзаа дека до крајот на 2014 г. ќе ја префрлат одговорноста за безбедноста врз аганистанските безбедносни сили на територијата на целата земја.Во Авганистан во моментов има околу 150 илјади странски војници, од кои две третини се американски, кои се распоредени како поддршка на авганистанската влада во борбата со бунтовниците.Во 2001 г,. по терористичките напади врз САД од страна на Ал Каеда. Соединетите држави и сојузниците извршија инвазија врз Авганистан при што ногу лесно го соборија режимот на талибаните, но Бин Ладен и водачот на авганистанските талибани Мула Мохамед Омар се уште се на слобода. Силниот отпор на талибаните и бројните самоубиствени напади од страна на талибаните придонесоа за зголеменото присуство на странските војници во земјата.Талибаните во неколку наврати одбија мировни преговори со владата во Кабул којашто е поддржана од САД.Минатиот декември, американскиот претседател Барак Обама најави дека ќе испрати дополнителни 30 илјади американски војници за конечно совладување на отпорот на талибаните, поставувајќи го терминот јули 2011 г. како момент од кој треба да започне повлекувањето на американските сили од Авганистан. Меѓутоа, подоцна Обама призна дека неговата стратегија за повлекување од земјата ќе од многу побавно од предвиденото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Њу Џерси починало поради малтретирање од татко му: го терал да ослабне, трчал на лента до исцрпеност
Се појави вознемирувачка снимка на која татко од Њу Џерси го принудува својот шестгодишен син да трча на лента за трчање затоа што бил „премногу дебел“, само неколку дена пред смртта на момчето од „хронично“ злоставување.
Таткото од Њу Џерси, Кристофер Грегор, е обвинет за убиство на својот шестгодишен син. Новата снимка покажува како момчето се наведнува од исцрпеност додека неговиот татко Грегор го принудува да трча на лента што се движела пребрзо.
Неговиот татко наводно го гризнал по главата додека го терал да трча. Набргу по инцидентот, момчето итно било однесено на лекар бидејќи тешко изговарало зборови и имало проблеми со движењето.
За време на прегледот, тој добил напад и набрзо починал. Во извештајот од обдукцијата се наведува дека тој починал од „тапи повреди со контузија на срцето и црниот дроб со акутно воспаление и сепса“.
Се верува дека лентата за трчање била програмирана за најголема можна брзина, поради што момчето паднало и се мачело да се врати на лентата за трчање. Неколку дена по посетата на теретаната, мајката на момчето, Бреана Миколо, која го делела старателството со Грегор, ги видела повредите на својот син и ги пријавила на службеник на Одделот за заштита на децата во Њу Џерси.
Свет
(Видео) Застрашувачки бројки: се зголеми бројот на жртви при уривањето на автопатот во Кина
Бројот на загинати од уривање на автопат во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 48, соопштија во четвртокот локалните власти.
Гуангдонг, густо населена индустриска област, беше погодена од серија катастрофи во последниве недели кои се припишуваат на екстремните временски услови.
Несреќата се случи во средата наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 36 лица, но бројот брзо се искачи на 46.
Несреќата се случи додека милиони Кинези патуваат за празникот.
Областа каде што се случи несреќата е зафатена од обилни врнежи од дожд во последните денови, кои предизвикаа лизгање на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.
Свет
Уапсен малолетник во Полска, осомничен дека се обидел да запали синагога
Полската полиција соопшти дека во соработка со Агенцијата за внатрешна безбедност уапсила 16-годишен човек осомничен дека со фрлање молотови коктели ја нападнал синагогата Нозик во Варшава.
Полицијата соопшти дека ќе испрати барање до обвинителството за отворање истрага против младиот човек, кој според кривичниот законик може да добие затворска казна до 10 години, пренесува Асошиејтед прес.
„Беше целосно изненаден, не сакаше да зборува, не ги откри мотивите“, изјави портпаролот на полицијата Роберт Шумијата, додавајќи дека судот ќе одлучи дали на младиот човек ќе му се суди како полнолетен.