Свет
Бомбаш самоубиец усмртил 43 луѓе во Ирак
Најмалку 43 луѓе загинале, а околу 40 се повредени во напад на бомбаш самоубиец врз припадници на сунитска милиција, кои чекале исплата на плата, соопшти министерството за внатрешни работи на Ирак
Најмалку 43 луѓе загинале, а околу 40 се повредени во напад на бомбаш самоубиец врз припадници на сунитска милиција, кои чекале исплата на плата, соопшти министерството за внатрешни работи на Ирак.
Бомбашот самоубиец, како што пренесоа странските агенции, се разнел помеѓу припадници на милицијата „Сахва“ (Синови а Ирак), сунитски борци, кои во 2006/07 година ја напуштиле Ал Каеда и им се придружиле на американските и ирачките сили.
Околу 80 припадници на милицијата стоеле во редица пред влезот во базата на ирачката полиција во багдадскиот кварт Радванија и чекале исплата на плата, кога им се приближил напаѓачот и се разнел.
Експлозијата се случува во време на политички спор, по изборите одржани во март, кои не дадоа убедлив победник, па Ирак се уште нема влада.
Исламистичките бунтовници поврзани со Ал Каеда го користат политичкиот вакуум до кој дошло поради неуспехот на сунитските, шиитските и курдските фракции да формираат влада и по изборите изведоа низа напади./крај/хина/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Младо лице уапсено поради пожарот во облакодерот „Вјесник“ во Загреб
Полицијата во Загреб објави соопштение за напредокот на истрагата по пожарот што избувна во зградата „Вјесник“.
Тие истакнуваат дека кривичната истрага започнала веднаш по пријавата, а истовремено се обезбедува местото на настанот и се преземаат мерки за обезбедување на сигурноста на граѓаните.
Во соопштението, тие нагласуваат дека во раната фаза од истрагата е клучно да се соберат информации што е можно поитно и без мешање од сите лица кои можат да имаат корисни информации за настанот. Објавувањето информации на јавноста во таа фаза може да ја отежни работата на полицијата.
„Ова може да доведе до ризик информациите да стигнат до лица кои треба да бидат вклучени во кривичната истрага, а за кои е дознаено токму во таа почетна фаза од истрагата“, велат од полицијата.
Се истражуваат неколку млади лица, едно е уапсено.
Тие потврдија дека досега во работата се вклучени неколку млади лица.
„Едно лице е уапсено и против него се води кривична истрага“, објавија тие.
Тие додадоа дека штом околностите дозволат, јавноста ќе добие повеќе информации:
„Водени првенствено од интересот за ефикасна кривична истрага, штом околностите дозволат, ќе обезбедиме дополнителни информации за јавноста.“
Свет
Два патнички воза се судрија во Чешка: има повредени
Два патнички воза се судрија во Чешка, при што најмалку пет лица се тешко повредени, додека околу 40 патници се полесно повредени, објавија официјални лица и локалните медиуми, пренесува Танјуг.
Несреќата се случила во регионот на околу 132 километри јужно од Прага, а сите патници од двата воза се евакуирани, објави Ројтерс.
Портпаролката на регионалната болница потврди дека пет лица се лекувани од сериозни повреди.
Фото: принтскрин
Свет
Литванија ја отвори границата со Белорусија
Граничните премини меѓу Литванија и Белорусија се повторно отворени, соопшти прес-службата на Белорускиот државен граничен комитет.
„Сообраќајот на контролните пунктови Бенјакони и Камени Лог на белоруско-литванската граница е обновен“, се наведува во соопштението, објави Интерфакс.
Литванската страна почна да дозволува возила да минуваат низ соседните контролни пунктови Шалчининкај и Медининкај во 1 часот по полноќ по минско време.
Белоруската гранична служба претходно доби официјално известување од Литванија за отворањето на границата и изрази подготвеност да дозволи премин на луѓе и возила по целата граница.
Литванија ја задржа границата со Белорусија затворена од 29 октомври до 30 ноември по инцидентите со временските балони.
Поради ова, стотици камиони со литвански регистарски таблички останаа заглавени во Белорусија.
Потоа белоруската влада им воведе ограничувања за патување до 31 декември 2027 година.
На 10 ноември, Минск им дозволи на возачите да ја напуштат Белорусија, но нивните автомобили останаа на специјални паркинзи во близина на границата, додека Вилнус продолжува со преговорите за нивно враќање, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин

